Прв пат пишувам тука за да прашам дали некоја од вас има слично искуство. Нарачав бижутерија пред околу 4 месеци и не ми стигна пратката. Не беше многу околу 5 долари ама кога отидов во пошта да прашам ми рекоа дека за ситни пратки се чекало многу и дека нема доволно персонал за да ги достават тие пратки од алиекспрес. Дали да побарам да ми ги рефундираат парите или да продолжам да чекам?
Провери на страната на пошта има за tracking на пратките откако ќе стигнат во Македонија, ако е се во ред треба таму да ти пишува до кај се. Инаку од искуство мислам да си побараш да ти ги рефундираат бидејќи мене до сега се што сум нарачувала од aliexpres ми стигало за макс 2 месеца.
Види во shipped orders дали се уште ти стои таа нарачка, зашто по правило после 75 дена автоматски се затвара и Алиекспрес смета дека ти е доставена нарачката и нема можност за рефундирање потоа, 15 дена по истекот мислам само даваат рок и толку. Сепак 4 месеци е поодамна. Си требала порано да отвориш диспјут, чим глеаш дека над 2 месеци нема абер од пратката, кликаш диспјут па после ако сака нека стигне. А може и стигнала у пошта па ја зашуткале негде и ја загубиле, све бидува.Иди на сајтот на македонска пошта во делот што е за следење прaтки и ископирај го тракинг бројот и види што пишува таму.Мада после некое време ги бришат податоците и не можеш да видиш никакви информации во врска со поодамнешни пратки. Инаку нема врска тоа што ти кажале дека за ситни пратки се чекало многу, некад се чека и по два ипол месеци, некад и за 2-3 недели стига. Све ситни пратки порачувам, не нешто големо и поскапо.
Нема правила, некогаш за две недели, некогаш за 2 ипол месеци може и повеќе. Како што пишав погоре, според последните букви од тракинг бројот ќе знаете отприлика колку долго би чекале.Ако пишува LV, знај дека ќе се изначекаш. Ама ако не стигне најдоцна до 75 дена, барајте си рефундација.
https://track24.net/ Јас на оваа ги следам, на крај најдоле има очекуван датум кога би требало да ти стигне и релативно точно се покажало до сега, освен кога ептен доцнат па да го пречекори и крајниот рок или пак обратно се случило и пред почетниот рок да стигне. Кога ќе стигнат кај нас тогаш ги следам на сајтот на нашата пошта. Инаку така ти пишува дека се уште не е стигнато во пошта, нема како претходно што даваше "пратката се прима од испраќачот", сега овој статус стои се дури не стигне во пошта. Мене може цел месец ми стои така за една пратка но ќе почекам.
Ви се има случено да ви покажува дека е пратката пристигната а да ја нема нигде? Од јули имам нарачано нешто, и го нема. На Пошта кога ќе внесам тракинг намбер не дава ништо, у Царина прашував рекоа нема ништо. А на Али кога ќе отворам track order, стои delivered
Еднаш така мене за една пратка требаше да стигне за кратко време според предвидениот рок но баш беше време на одмори и изгледа поштарот бил на одмор па од пратката ни абер ни ништо, а кога гледам на али стои дека е испорачана, а уште имаше рок, не беше поминато долго време. Значи самите селери можат да означат дека е примена, а не е. Не знаев дека ја имаат таа можност и се зачудив, тоа им е пропуст според мене, како може у наше име да си кликаат? Сигурно им се брзало да ги имаат парите на сметка па стиснале но не треба да е така. И реагирав, им пишав порака дека уште не ми е стасана и ги замолив да го продолжат рокот за уште некоја недела. После тоа стигна и регуларно си потврдив јас дека е пристигната. Си требала рефундирање да си побараш, многу месеци се поминати од тогаш. ____________________________________________ Инаку јас да си прашам, дали на некој му стигнала пратка преку SF eParcel? До сега никогаш не ми стигнало преку оваа пошта и ме интересира да не се плаќа нешто дополнително за трошоци, за доставата освен за производот кога ќе го нарачаш? Царина и данок колку што знам не би требало да наплатат, 2828 денари кошта или сепак ќе ми пресметаат ддв? Немам искуство со поголеми пратки, се само ситници нарачувам до 1000 ка максимум. Ми е страв да не има додатни трошоци како што е кај DHL/FedEx па да ме чини ѓавол ипол. А може ли, секако ако сака и прифати селерот, да означи како подарок и да не стаи цена на пратката па да не подлежи на ддв? Или тоа важи само за помали пратки, сепак ова е малку погломазно па сигурно ќе сакаат и да го отворат пакетот на царина...
Дечко ми и негов другар нарачаа камера за пред куќа, нагласија да ја пишат помала ради царината, едниот ја доби без царина другиот си плати и царина така да се е ризик
Го подигнал друг. Побарај во пошта список, стои потпис кој го подигнал. Мене еднаш ми се деси, ја дигнав поштата на нозе. За 15 минути ми ја вратија пратката, наравно отворена, ама не фалеше ништо. Им реков следен пат ако има туѓ потпис, доаѓам со адвокат. Од тагаш на телефон ми звонат кога имам пратка многу фини луѓенца биле. Може ли линк од камерите, ако е задоволен дечко ти од квалитетот, и јас сакам да нарачам.
Па ваљда нема да ме царинат, пратката има вкупна вредност нешто над 45 евра, нели колку што знам царина не се плаќа ако е под 90 евра ама ДДВ како и да е не ми бега. А преку обична пошта им пратиле? Мене најбитно ми е да нема додатни давачки за доставата, обично до сега секогаш од Али пратките ги праќаат преку стандардна пошта, првпат налетувам на оваа SF eParcel и не сум запознаена.
Да оздравам и ќе идам да се искарам Не ми дава ни open dispute пошто го рачунаат ко стигнато и прошле 15 дена Им пишав на продавницата ама џабе
Е нема диспјут касно е за тоа. Во рок од 15 дена после истекот на тие 75 дена или по примање на пратката. Зарем уште се дрзнуваат да крадат вработените? Мислев дека сме го надминале веќе тоа, нели порано се практикуваше многу често. Сигурно се работело за поголема и атрактивна пратка ако стварно ја зеле они, да не грешиме душа пошо и можно е да се загубила негде. А кој друг би можел освен тебе да подигне? Ако го има некој друг тракинг бројот, да си му го дала иначе нема како. На селерот баш му е гајле, одамна си ги зел парите, а и Али веќе смета дека тебе ти е стигната. Него ме чуди што ти ко што рече не си означила дека е подигната, а самиот селер ја означил или пак може ако поминале 75 дена автоматски системот така означува. Во мојот случај самиот селер си имаше кликнато дека е стигната, а ја добив после две недели... Зашто така праваат? Ццц...
Сега им ѕвонев да се искарам и логично не креваат Срамота Ќе идам утре пуздер ќе се напраам пошо нема как да е Од јули ми е нарачана Пешки да ја носеа од Кина ќе дојдеше. Не ми е за парите ама ќејф ми беше да ги имам, а зошто нови да нарачувам?