https://track24.net/ Тука види да не има некаква информација. Да, да секако оди провери, нека работат малку и тие, што се зафркаваат, а за кревање на телефон тешка работа, познато е.
После ова на 25.7 нема ништо? Од али пратките најчесто пристигнуваат во Латвија(транзит земја е) па после во Македонија. Таму ти стигнала а од таму изгледа нема веќе информации.
А на нашата пошта кај следење пратки викаш не дава дека е стигната ниту во пошта? Загубена е дефинитивно, си ја зел некој нивен или пак ја забутале негде низ фиоки... Сега по ново место во Латвија во Унгарија идат. Да се надеваме дека малце ќе убрзаат, а не со месеци да ги чекаме.
Изгубена ти е. Иако ништо не губиш да отидеш во локалната пошта и да прашаш да не има некоја пратка за тебе.
Не се нормални овие у пошта. Пратките ми се од крај на септември, на тракинг апликацијата пишува дека се у Скопје и коа им идам таму ми викаат нема ништо стигнато. У воздух ќе ја дигнам поштата утре, само да им се деси да не ми ги дадат пак.
Како се користат coins за плаќање? Дали може да платам со нив за одреден продукт? Пример имам 350 коинс и со нив да платам а ако е потребно со вистински пари да доплатам? Како иде? Хелп
Jas pred nekoj den podıgnav pratka od posta, mı kazaa deka nemalo vekje da gı raznesuvaat tuku so trakıng brojot tamu se podıgale..
Никако не се користат, бар мене ми се тотално бескорисни.Џабе само кликам и ги собирам кога немаат поента. Само сум приметила кога правам порачка и кога треба да се потврди плаќањето ми пишува ко демек попуст -некој денар два заради нив, абе попуст што да ти кажам. И тоа не на сите работи важи. Мислам дека не можеш со нив да платиш, дека не функционираат така. Која им е намената појма немам, можеби и имаат некоја намена но искрено јас не ја гледам. Стварно ли? Значи веќе поштар нема да носи пратки дома. Пред празниците добив пратка, ова нешто ново им е. Реално не дека не знаеја да закаснат од пошта ама еве конкретно кај мене од кога ќе стигне дека е у пошта од прилика после 2-3 дена ми стигало. Ќе биде малце малтретирање да се иде да се подига, зашто и да порачаш истовремено неколку работи, не стигаат заедно, може и после неколку дена разлика од една до друга, а и не ни се баш блиску локалните пошти на сите. Само измислуваат некои глупости...
Мене во пошта Чаир така ми беше кажано, патем од летоска ни една пратка дома не ми има стигнато. Оваа ми беше битна па отидов таму и ја подигнав и така кажаа.. Сега за други општини не знам дали исто ќе биде..
Зависи и од поштар до поштар. Стариот поштар ми ги носеше дома, од кога е во пензија, новиот не сака и ни остава картончиња само.
Во пошта колку дена најмногу ги држат пратките пред да ги вратат? Ми стигна картичка за подигање и пишува дека рокот е 5 дена, дали после 5 дена би ја вратиле или сепак подолго остануваат?
Здраво, сакам прв пат да порачам од али експрес, меѓутоа кај card number ми пишува дека треба број од 12 цифри, дали знаете како да ги најдам тие 12 бројки? Ги пишав тие од картичката и ми пишува дека не е валиден.
Леле значи и овие пратки што се праќаат преку Унгарија место Латвија каснат ептен. Се си мислев порано ќе стигнат за еден месец максимум ама ништо. И шо е форава, на Али стоеше првин у Ск дека се за после да се помести статусот чекор назад и вика преземени од локална пошта така нешо, а нема везе тие сто посто тек во Унгарија стигнале, а кај нас којзнае кога.2 месеци не ми бега да ги чекам. А преку Сингапур кога транзитираат абе милина, за две недели ми стигна во рекордно време пред некоја недела.