Добро што кажа, значи периодов да не правиме порачки од Али. Ај мрднале глеам моиве, на македонска пошта пишува дека пратката е ставена во вреќа(излез), а треба да пишува влез и тогаш за брзо би ги добила се надевам. Многу споро идат од Кина до Унгарија, кога беше Латвија транзит земја стигаа мислам за две недели во Латвија но проблемот беше што ги задржуваа многу во таму, може месец дена и додека да ги добиеш ќе фатеа 2 месеци.
Имав две пратки, преку Латвија, точно два месеци поминаа. Ми стигнаа денес. Два пара гаќи со прслучиња. Имав купон и двете ми дојдоа по нецел долар. Едните се убавки, другите партал, ама колку пари толку музика, очекував полошо. И порано имам долна облека нарачано, не е за секој ден, за ќеф. Зависник сум зато ги зедов, а и да го искористам купонот.
Јас го нарачав ласерот што го има на абаут.ми од али и неможам да го пратам а доста ми го испофалија, идентичен е, а они го продаваат 8.000 а на али е неполни 2 илјади денари
Колку попуст се добива со тие купоните? Ја до сеа ништо од попуст не сум фатила, освен два-три пати кога имаа акција за нови купувачи кога прв пат купуваш на тој акаунт и некои работи ги земав за неверојатен 1 денар. Баш интересни стварчиња имаше и си искористив.А вака со купони не. Ама веќе нема тоа, се опаметија и они и почнаа дури и да се занесуваат малце со цените и шипингот.
Профил имав 100 години ама ја немав апликацијата, ја инсталирав и ми даде убав купон, ако не се лажам ради тоа беше. 339 денари за нарачки над 340. Значи ако порачаш нешто од 340 ќе ти дојди само 1 денар да платиш, гратис. Имаш кодови јавни на почетна. Битно е вредноста да ја исполниш шо и да купиш, мислам дека минимум треба да потрошиш 20$ и добиваш 10% попуст. (Немам користено, нека ме попрај некој ако грешам). Исто така можиш игри да играш за купон, ама малку дава, не вреди маката.
Имам 5 пратки кои се од 23ти Декември во пошта необработени. Кога и да отидам ми велат дека ке ми стигне ливче ама тоа никако да стигне. На нивната страна за следење нема никаква промена освен она дека се примени во пошта IO 1003 -1000 Skopje а не се се пуштени за достава. Некој друг со ваков проблем?
Не дека се занесуваат. Цената на транспортот е качена многу, неколку пати од тоа што беше. На репроматеријалите исто. Нормално е дека ќе скокнат и цената и шипингот.
Ти ги имаат загубено. Отвори диспјут ако уште има време, често излегуваат во пресрет од Али со рефундирање. Убаво кје им објасниш дека во пошта стигнало но не ти е испорачано.
Здраво дечки. Дали некој знае до која сума не царинат пратки од алиекспрес? И дали ја гледаат целата сума платена заедно со шипингот или само цената на производот без шипинг?
До 90 евра не се плаќа царина, а ако пратката надминува 45 евра плаќаш само 5% 15% или 18% ддв од вредноста на пратката, во зависност од пратката. По логика мислам дека вкупната сума со се шипингот. Гледам дека имаат некоја измена, значи ддв сега се плаќа за пратки од 22 евра па нагоре. Само комплицираат значи, да му се одмили на човек онлајн да порачува.. А некогаш па не ни проверувале нити па оданочувале или царинеле. Значи зависи каква среќа ќе имаш и дали ќе се расположени или не. https://www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/fizicki-lica/mali-pratki.nspx
Мене ми треба за депилатор еден да нарачам. Со се шипинг максимум 35-40е ќе е само да не го царинат и дупло да дојде. Може и мене линк? И дали ти стигнал и како си задоволна.
Не е стигнат ама го имаат пријателки, видов резултати кај нив затоа и го нарачав. Сега сум на работа околу 2 ќе ви го пратам
Мислам дека е истото како купони, ако грешам некој нека ме поправи. Јас истражував да пробам како се користи те купони, но ми даде дека важат за над одредена сума. На пример 2000 ден. можам да искористам таков бенефит. Е сега дали coupons и coins е исто мислам да, ама не сум сигурна баш точно.
https://m.aliexpress.com/item/10050...c8840454740894a755887c5be1c&afSmartRedirect=y Ајде сите со мазни да бидемее
Не би требало да го царинат ако е до оваа сума, само ддв може ќе платиш, а може и не. Лотарија е тоа. Секако ќе ти стигне мејл од кај нив за да те известат дали имаш дополнителни трошоци пред да ја подигнеш пратката. Ако не ти се исплати, ја враќаш назад, ќе ти рефундираат средства и тоа е тоа. Мала сума е, вреди да се ризикува.
Ногата од пријателката, специјално сликана за членките на фемина и резултатот од ласерот од Али, за да не си ги трошите парите на aboutme ласерот. ова не е реклама или антиреклама
€ 21,78 40% Off | 900000 Flashes IPL Laser Epilator Hair Removal Machine Pulsed Light Electric Epilator Permanent Painless Epilator https://a.aliexpress.com/_mN6Pkxg овој е буквално истиот ласер