Па нормално дека само по себе не е мерило, се гледа и рејтинг на продавачот и се читаат ревјус на тие што веќе купиле. Ама ако е се исто, вклучувајќи и цена, сигурно дека тој со 7.200 ќе го купам, а не тој со 50 продадени од кои 10 задоволни. А и вториот кој го посочи членката е поскап за 600 денари со се испорака. Јас разгледав и реков дека е подобар избор не знам што спориш всушност.
Пиша дека има само 11 оцени, а на другото место 1400 без нагласување дека едното е од 48, а другото од 7290 нарачки, што значи дека не секој остава оцени = пишав дека соодносот е различен и дека тоа не е мерило, тоа го оспорив. Не продуктот, цената или било што останато.
Па добро, не е ни битно колку нарачки има туку оцени. 11 се многу малку за да се види дали некој продукт е ок (макар и 10.000 нарачки да имале) наспрема 1.400. Тоа ми беше муабетот првично. Знам дека не остава секој оцена.
За тие пратки со UA би требало да ти стигнат ама имај во предвид дека каснат ептен, може и преку два месеца да ги чекаш.Барем ете има некоја информација за нив, а таа другата со лажен тракинг број не верувам.Затоа добро што отвори диспјут па се надевам дека ќе ти ги вратат парите.Јас тогаш чекав може преку 20 дена да ми рефундираат ама битно вратија. Само значи следете од време на време на Али колку дена се поминати од кога пратката е испратена, за да можете после 75 дена да си барате рефундација во случај да не стигне. Јас на овој линк ги следам https://track24.net/. Си пишува почетен и краен рок за од прилика да знаеш кога да очекуваш да стигне. До сега се покажало точно, освен кога премногу каснат па да стигнело после крајниот рок.
Да, преку мејл знам дека праќаа кога ти е на царина пратката да те известат да си платиш ддв па да прикачиш во мејлот дека си уплатила за да може да ја земеш дали од пошта дали да ти ја донесат зависи колку е голема пратката. Ако не платиш нормално ја враќаат назад и ќе ти рефундираат средства од Али.
Нарачав уште нешто со вредност од 2000 денари, и на тоа ќе платам ддв или? Каде може да проверам до која конкретна цена не се плаќа ддв?
Епа пишува дека над 22 евра се плаќа ддв, значи можно е на таа сума да платиш.Ама викаат дека зависи и до среќа, дали ќе ти наплатат или така ќе ја пуштат пратката, нема правила. https://www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/fizicki-lica/mali-pratki.nspx
Може да ти пишал селерот пониска сума на пакетот, па да не платиш ништо. Јас до сега немам платено, а сум порачувала производи со поголеми суми.
Провери на неколку тракинг страници. На некој ми дава дека пратката ми е во Македонија, а на други не ја пронаоѓа.
Па не е стигната кај нас, има време пишува краен рок 3 март таму. За да ја следиш на страната на пошта треба првин кај нас да стигне. Многу каснат пратките што идат од Унгарија ама премногу.Така да може и у март да ја добиеш. Имам пишано погоре дека моите пратки што се нарачани уште од пред нова година никаде ги нема, а од кога се стигнати во Унгарија, веќе требаше кај нас да се.Ако не стигнат ќе си побарам пари да ми рефундираат, нема со месеци да ги чекам..
Здраво на сите. На 14 октомври порачав нешто две пратки се. Не е нешто големо. На сајтовите како и на македонска пошта ги следев пратките и за едната ми кажува дека уште на 14 декември е стигната во пошта и е во вреќа и не е донесена во мојата локлана пошта, а за другата ми кажува дека е пристигната уште од 3 декември во мојата локална пошта и треба да си ја земам ама ниту трага ниту глас од пратките ниту да се јават ниту да пратат картонче за да си ги земам. Пред две недели отидов за пратките за едната таа од 14 декември ме излажаа дека не е влезена во Македонија, а за другата демек само што ја донеле во мојата локална пошта и деновиве ќе се јавеле. Пред три недели исто бев во мојата локална пошта за пратките и ми кажаа едната не е влезена во земјава , а другава заклучена е само сабајле да сум одел, немам друга тработа па ќе одам кога сакаат они. Само ме моткаат и лажат. Незнам што да правам и македонска пошта се најужасни човек да неможе да си порача нешто од интернет.
И јас имам 5 пратки заглавени така, пишав погоре. И мене само ме моткаат, де остави број ќе ти се јавиме, де дојди утре и слично. Искрено незнам што да правам. Понекогаш помислувам да им викнам полиција/или новинари зошто пратката е на мое име, што значи лична сопственост не смеат да ми ја држат со месеци необработена, кога на нивниот сајт убаво пишува дека е влезена и примена во пошта. Ако сакаат пари нека кажат а не вака. Или нека пишат дека е изгубена.
И јас незнам што да правам. Денеска бев таа на шалтер се чудеше вика 14 декември е стигната , а зошто не е подигната за 5 дена ќе ми стигнело картонче да сум си ја зел и викам добро ајде ќе почекаме уште 5 дена не е проблем , и таа го викна колегата и он вика пратката е тука позади заклучена сабајле дојди земи си ја. Како па да не сабајле ќе станувам да ја зимам, а работам втора смена до ниедно време. Они се должни да ја стават на шалтер и да ме известат. Им викам не ме интересира ако ве мрзи да работите тоа не е мој проблем . Утре ова време ќе дојдам и сакам пратката која е позади заклучена да ја видам на шалтер или на друг начин ќе го решаваме проблемот. Јас работам втора смена и неможе на вас кога ќе ви прдне на ум да си ја зимам пратката. Така им кажав. И да можам сабајле да ја земам нема да одам за нивен инат како што нив ги мрзи да работтат и сабајле да ја земат пратката на шалтер да ја стават и да се јават и мене ме мрзи да станувам насабајле