И мене така пред некоја година една пратка месец дена у пошта ми дремеше, ја зашуткале гарант, не ми беше итна и не ми се брзаше па не им отидов.После месец глеам стигнала.Стварно овие од пошта се за никаде. Еднаш пак беше лето, сезона на одмори коа баш требаше да ми стигне пратка, пратката стигната кај нас релативно брзо, ја чекам ја нема.Им идам таму, им го кажувам тракинг бројот и тој ми вика поштарот на одмор бил, почекај ќе ја донесе и не ми ја дава, а пази дојдов специјално и убедена бев дека ќе ја зеам. Ај викам ок, ќе почекам, да не се расправам и нервирам со нив и може и недела и нешто помина па ја донесе. Демек немаат они замена, само еден поштар е за тој реон ама не може да нема друг колега да го замени. Идиоти се значи мрзливи. Ама добро, после тоа за среќа не се повторило пак такво нешто, чим стигне во пошта, за два три дена ми ја носат. А овие те мотале поштено, толку да не можат да отклучат и да ти ја дадат? Шо им е форава нз или само луѓе да нервираат.. Коа сум подигала пратки со картонче сум идела и пред затварање што се вика па немало проблем, а ти викаш дреме којзнае од кога и све коа идеш не ти ја даваат.Да не ја имаат изгубено или украдено па те лажат вака? Обично така пишува кога пратките стигнале во земјата транзит па после недела-две, некогаш и подолго стигаат кај нас во пошта. Следи на сајтот на македонска пошта.
Не знам колку можам со информацијава да ти помогнам, не знам дали си од Скопје или од друг град. Имав слична ситуација, јас сум од Велес. Праткава во пошта они не ја даваат, не можат, немаат луѓе и сл. 5 дена, 10 дена чекај итн итн. Јас отидов со цел да се реши работава, и потполнив изјава со ситуацијата во контрола на квалитет. Значи мора да има некој таму во тој оддел. Од кога потполнив барање , за 2 дена ми се јави вработен во тој оддел дека ја нашле пратката. пробај да побараш изјава да пишеш со ситуацијава. Па после потпишував дека е најдена.
Јас си ги земав пратките. Ме фати инат тој на шалтер ми вика позади во оставата е заклучена оди позади земи си ја и отидов ги земав. Тој ми вика , а каде ја виде пратката дека пристигнала и викам како каде па на вашата веб страница. Им викам зошто ги држите пратките заклучени порано се јавувавте итн. и таму ми викаат не ги држиме туку системот ни е расипан вие ги гледате, а ние не ги гледаме овде. Како не бре кого лажат не ги гледале , ако не ги гледале како на шалтер ми кажаа дека се заклучени во поштата позади. а демек не ги гледале. И си ги земав тој ми вика од сега вака ќе правиш ке си ја гледаш пратката кога ќе пристигне ќе дојдеш и ќе си ја земеш нема да чекаш да ти се јават
Да се пофалам 5те пратки кои беа стигнати на 23 Декември (според сајтот на пошта) за кои ви зборев погоре конечно беа обработени и ги земав во петокот. Мојата чудесна земја.
Јас па, на 5ти февруари нарачав, на 17ти ми стигна. Не го ни очекував со оглед на тоа овде што прочитав. Прв пат толку брзо пратка да добијам од Али.
Ми се деси истово во август лани, значи месец дена пратката во пошта ми беше… од Кина стигна побрзо отколку од пошта во Скопје до кај мене. Бидејќи на неколку наврати имам земено пратка зашто ми била итна. Проценкава ми е дека стигаат праткиве…оке трае тоа недела дена да се процесира намести по сектори да за да биде спремна за носење, само во поштава “многу” работа имаат па неможат да постигнат. До нашава пошта е.
Женски ви пишувам за ласерот, неколку ми кажавте да ви дадам инфо. Стигна на 10ти. На 13ти и 20ти правев третман, утре е третиот по ред, на нозе, многу резултат. Имам тук таму по некое влакно од два пати, додека другите регии делуваат поспоро. Имено на надусници имам минимален резултат, кај брадата имам хормонски 3 влакненца кои се доста темни, немам резултат сеуште. Пазуви немам резултат сеуште, рацете не сум ги средувала до сега неможев, бев депилирана. На препони резултат видлив но ништо WOW сеуште е рано..
Јас сум порачувала, Задоволна сум. Секако имаш доле review и слики од купувачи. Прочитај ги и потоа види ги сликите. Мислам дека тоа е доволно.
Јас имам, фустани за мене и комплети за децата. Секогаш ги гледам review и сликите како им стасало. Доколку нема мн. оценки и слики не нарачувам од таа продавница.
Да. Јас имам се и сешто нарачувано. И облека. Се е како на сликите. Но како што ти пишале и други членови, секогаш гледам слики од други купувачи и досега немам згрешено.