Да ве прашам, дали ако имаш порачано од ист селер две различни работи, ти ги ставаат на ист тракинг број? Претпоставувам и двете заедно ги има испратено како една пратка. Инаку втората нарачка беше направена во размак од неколку часа, а уште првата не ми ја испратија па после тоа глеам двете заедно ги пратиле. Прв пат вака ми се случува па да си прашам.
Па неам известување, ми стигнаа посебни два мејла дека пратките се испратени, и видов дека истиот тракинг број го имаат двете. Сигурно така ќе стигнат, може и во едното исто пакетче двете да ги има и онака иста работа се само друг модел. Значи страшно колку доцнат пратките у задно време.. Што убаво си стигаа за месец, месец ипол, сеа испод два месеци да не ни ги очекуваш, особено овие преку Унгарија што транзитираат. Да му се одмили на чоек да нарачува.
Треба влез да стои и тогаш значи е влезена во државава ама сум приметила дека не пишуваат секогаш таков статус, туку само дека е стигната во пошта но дур стигне ќе се изначекаме уште еден месец.Од нова година па наваму каснат ептен ко никогаш до сега, една од пратките што ги имав порачано пред нова година ми стигна на почеток на месецов, а еве и другиве два месеци ги нема, што е многу, многу е. А со поштата обично неам проблем, релативно за брзо време ги добивам на адреса, два-три пати само се десило да ги чекам поише од што треба иначе вака супер е, штом видам дека стигнале во поштата за некој ден ми ги носи поштарот.
Пред нова година кога ќе имаше во пошта за два дена беше испорачана и стварно тој ден ми беше донесена. Сега се има случено два пати да пишува испорачано а да ми ја донесат тек следната недела. @Angie1432 па не го пишува ова на сите. Тогаш ,,се прима од испраќач што значи "?
Така прават, исто и кај мене некогаш на пратки пишува испорачано, а ми ја носат по неколку дена. Не стигнуваат поштарите секаде да достават се најверојатно, па си ги распределуваат пратките за покасно да ги достават, а пишуваат дека е испорачана... Се прима од испраќач не знам што точно значи, но кога ми пишува така, ми стигнува после 3-4 недели пратката најчесто.
Се прима во Латвија или Унгарија(најчесто) од испраќачот во Кина. Гледај ги поштенските кодови, не јазикот, од нашата пошта го пренесуваат само тоа што го добиваат и они како информација. Кога ќе пишува наши поштенски кодови значи е стигната кај нас, односно прво во главната пошта па во локалната и ќе пишува испорака.
Здраво, нарачав од Али едни обетки што ми се итни да ми стигнат до крај на април. Доплатив и плус за побрза испорака, нели има да бираш shipping. Пишува ќе стигнат до 25 април, која е веројатноста дека ке стигнат? Имал некој искуство вака со поскап shipping? Има добри коментари дека брзо стигаат пратките од тој seller.
Најмногу зависи од нашиве пошти, тие доцнат со испорака. Повеќе време ми стојат во пошта, него додека стигнат од Кина до Македонија.
На тракинг кодот последните букви кои се? Да не се LT или пак SG? Ако пишува LT значи транзитира преку Литванија и ги добиваш најдоцна до три недели од денот кога се испратени од селерот, а ако е со назнака SG значи преку Сингапур и тогаш најбрзо стига пратката кај нас, мене еднаш од таму ми стигна за две недели.Кога праќаат преку овие држави, знам дека на пратката стои како priority и затоа побрзо стига од вообичаено и нормално малце поскап е шипингот. А за најбрзо преку тие приватните пошти од типот на FedEx i DHL ама знаеш дека коштаат ѓавол ипол, некои нереални астрономски суми што никој при здрав разум не верувам преку нив да сака да му стигне. Е сега треба да ја следиш до кај е и кога ќе приметиш дека е стигната во локалната пошта, ако до толку ти е итна иди си и сама земи си ја, ќе им го покажеш тракинг бројот и не би требало да не ти ја дадат, сум зимала неколку пати така, се во ред било. Само имај на ум дека и селерот што побрзо тоа подобро да ти ги испрати, зашо некои селери многу споро ги праќаат, пример ги нарачуваш денес ги испраќа после една недела, им пишуваш да ги испратат, ти вика почекајте, имајте трпение.. Зависи кој како.
Дали сте нарачувале ташни или нешто поголемо? Стигаат или слабо? Сакам ташна да си нарачам, ама не знам дали ќе стигне
Толку пати имам нарачувано последниве години, никогаш толку брзо ми нема стигнато некоја пратка. За само 19 дена ми стигна овој пат пратката, се изненадив ептен. Вака брзо да стигаат сите пратки, поинтересно ќе беше.