Ретко се случува ова. Друга ниедна пратка што ја нарачав во тој период уште не ми е ни во Македонија.
Другарка ми во Германија, јас у Мк… на ист ден нарачуваме исто парче… пред 3 недели. Нејзиното стигнало денес моето уште е во Кина… шо држава ќе бевме… а платив повеќе за побрзо да стигне.
Што откако ќе помине Estimated delivery date, а пишува дека нарачките се во МК. Што е најпаметно? Да направам dispute или да одам до пошта ? Утре е последен ден.
Ма отварај диспјут одма, не ги есапи ич. Само читам многу потешко е во последно време да се избориш да добиеш диспјут.
Здраво женски. Прв пат нарачувам од али со картичка од стопанска. Откако завршив со порачката ми стигна смс од стопанска за успешна трансакција. Ова е ок така?
Па и во право се, не е до нив до нашата пошта е. Производот пристигнат кај нас така си стои, ни го обработуваат, ништо. Мислам дека нашите намерно вака прават. Знаат дека на Кинезите не им се исплаќа да го бараат назад па ако не си го побараме по толку и толку дена останува за нив. Од друга страна ние еднаш, двапати, ќе порачаме нема да го добиеме, третиот пат ќе се откажеме. И овие во пошта пак се во добивка зошто нив им е топ кога се без работа. Мразам да обвинувам ама освен овие две причини друга не гледам зошто производот би ми стоел во пошта со месеци. Треба да ги стават на процент, обработени и дадени порачки пак тек тогаш ќе видиме како се работи.
Што се случува со пратките? Арни се овие од пошта кај нас? Па повеќе од два месеци помина, од пратките ни трага ни глас. 2 недели скоро пишува дека се во пошта стигнати. Ѕвонам таму, ми викаат нема ништо стигнато. Да не почнаа пак да си присвојуваат пратки? Не бе, ништо не е арно кај нас