Епа си потврдила дека си ја примила нарачката а не ти ни стигнала. Треба време дури се процесира и ја прати селерот, тоа портокаловото се стиска од кога ќе ја добиеш.
Можеш да му пишеш на селерот дека е по грешка, ама секако ништо не менува тоа, ако е пратена ќе ти стигне.
Пишу му на селерот дека си стиснала по грешка, треба да имаш такво пошто тоа е за самиот сајт како доказ. Оти ако не ти стигне ќе не можеш да отвориш диспјут бидејќи имаш стиснато дека ти стасало.
Минатиот четврток добив пратка ,на тракинг кај нас пошта пишуваше испорачана од 03.04.... А истек на рокот беше 01.04 и отворив диспуте. Мислев дека си ја собрал некој.
И јас чекам нарачки веќе 2 месеца, пишува дека досега треба да се донесени (крајната дата е помината), но кога ќе кликнам на диспјут пишува дека треба да почекам уште 15 дена, а ако не стигнат тогаш да направам диспјут. Не разбирам, можам да си ги побарам парите назад или мора да чекам да поминат деновите?
Не знам што е со доцнењево од 27 март ми ги пишува ставени во вреќа на излез и уште ги нема. На едната пратка ми ги вратија парите кога отворив диспјут, за другата се уште преговарам, ама веќе кога нешто сум нарачала и толку го чекам редно е да го добијам, а не да барам пари назад
Не функционира поштава наша, ни сами не знаат колку пратки им се натрупани што треба да се селектираат, за да се испратат.. Само регистрирани пратки, ги обработуваат и ги доставуваат малце побрзо.
Епа на некои селери им е јасно дека нашава пошта заебава и го продолжуваат рокот ,ќе мораш да ги почекаш тие 15 дена. А има па селери пишат на пакетот priority и тие пратки стигаат побрзо.
Само мене ли ми се дешава откако али експрес ми врати пари за непрестигнатите нарачки, Уни банка одма ми зема 50ден трансакциска провизија
Чекај рано е. Барем еден месец се чека, па дури за еден месец ако стигнат од Кина е одлично. Ставено во вреќа ти е од таму, не од мк.
Не не после 60 дена нели ти дава можност за диспјут и во договор со селерот ти ги враќа парите штом не ти стигне. И сега откако тој ми ги врати парите, од Уни си земаат 50ден провизија нешто назад а не знам зошто. Не дека па големи пари, порачки од 2-3 долари се ама сепак.