Онлајн шопинг Јас до сега ни еднаш не сум платила ни ДДВ, ниту царина. Обично на работите што ги нарачувам од АлиЕх , на пакувањето им стои GIFT. Не знам дали тоа има врска, зошто и онака накитот што го нарачувам не е поише од 20 евра. Од Асос имам нарачувано фустани, над 50 евра, и пак не ми ги царинеле, така што, не знам работава дали е среќа или законов не се почитува ко што треба.
Онлајн шопинг Деновиве обавезно одам во стопанска да извадам картичка,со мастер не може да се нарачува така?мора да вадам посебна картичка? Него девојкии се заљубив во една маска,дајте некој нека ми ја порача,ако може и ако порачува за неа деновиве .не можам да чекам ќе му дадам пари,се што треба па и камата! .Ако некој може да ме услужи нека пише Лп и кафе ке ја частам! ,дур да извадам дур да ми стигне.а и појма си немам ни како се нарачува ни ништо а прелистав наназад до 66 стр, и џабе ко изгубен германец сум си. Нема да можам мирно да спијам од возбуда,колку прекрасни работи има
Онлајн шопинг и пак јас..најзастапена сум на темава денес кога отворив на алиекспрес имаше некоја игра каде што се зема купони со долари..јас ја играв и добив дури купон со 2 долари ама ова играва трае до 15 октомври а што е всушност како се користат тие купони што ќе ги освоиш ако е некој информиран повеќе слободно нека каже
Онлајн шопинг Купоните се користат како попус. Купон од 1 долар можеш да го искористиш на порачка над 10 долари, од 2 на порачка над 20 долари и.т.н Но неможе да се употребуваат кај порачки кај кои веке има дадено одреден попуст од продавачите. Може да се употребуваат само кај оние порачки кои се по редовни цени.
Онлајн шопинг Од алиекспрес треба да ми стигнат уште неколку блузи и накит(само што тој не ми е уште испорачан). Блузите ми се пратени пред 20 дена, е сега ме интересира дали максималниот рок почнува да се брои од денот на плаќање,или од денот на испраќање?А ако не ми се уште стигнати подолго време,треба да му пишам на селерот,така? И можно е воопшто да не стигнат?
Онлајн шопинг Mаксималниот рок започнува од денот на испраќање.Можно е да се загубат негде нарачките при транспорт,но јас еве веќе си ја чекам четвртата нарачка и до сега се било ок. Можеш да му пишеш на селерот доколку видиш дека рокот за достава т.е деновите се при крај а пратката не ти е стигната.
Онлајн шопинг има ли некој порачано надоградба за коса од алиекспрес ???????сакам да си земам за мене ама незанм има една природна за 50евра 130гр ???некако не ми е сигурно ај искуства
Онлајн шопинг Мене не ми е јасно како се плаќа на Алиекспрес,треба првин да видам дали ми ја прифаќа картичката иои не?А не можам никаде да најдам. И кај треба да кликнам или да пишам дека сакам да купам некој производ?
Онлајн шопинг Треба да се логираш на Алиекспрес, а се плаќа со Виза интернет картичката од Стопанска банка. Откако ќе се логираш, верувај, прелесно е нарачувањето. Притискаш на Buy now и после уствари Алиекспрес те води, чекор по чекор - ќе се снајдеш, сигурна сум. Инаку, парите ти ги зема Алиекспрес веднаш штом ја направиш нарачката, а му ги префрла на продавачот дури откако ќе потврдиш дека производите стигнале во најдобар ред.
Онлајн шопинг Порачав долна облека од кај еден продавач..добар фидбек се но по 2 дена продавачот повеќе немаше никакви производи кај него а јас имам порачано, деновите си се одбројуваат продавачот го нема а мене парите ми се земени дај помогнете што да правам да ја откажувам порачката ќе ми се вратат парите или да чекам да заврши процесинг времето но сепак многу е има уште 10 дена..девојкии хелп
Онлајн шопинг женски може некоја да ми каже дали тие 15-60 дена за испорака почнуваат откако ке ти пише FULL SHIPMENT?
Онлајн шопинг Да но нема open dispute бидејќи не им е испратена порачката се одбројува процесинг тајм..
Онлајн шопинг ја стварно незнам како можат да купуваат од овие,не се маалку преценети туку маааааалку повеке ја да ви кажам си нарачав алка од али за цели 2 евра а гледам на една од стварниве оваа ја продава 400 ден. епа не е мала разлика ама убави си кажа кога има овци..
Онлајн шопинг на модни додатоци па ептен претерала има една обетка не знам колку точно беше ама максимум до 4 долари знам ја видов и јас сакав да си ја порачам само имаше услов минимум порачка од 10 долари и не ми се даваа толку немав пари во моментот,а типката ја ставила 1000 ден па стварно не е нормална. Има кај дел од групиве нормални цени не викам не, кога више решиле да се занимаваат со тоа барем да има некоја разумна цена секој да си ги купи, а не од една обетка да сака цела плата да ја извади .