Ама пред да пишува 1003 Скопје (во пошта) односно кога пишува пратката се прима од испраќач јас сфаќам дека веќе е во МК на царина. Одамна имам прашувано во пошта и така ми имаат кажано. Затоа и напишав 100 поста . Па еве и сега на сите страни за тракинг така ми излегува дека пратката се наоѓа во Македонија.
Имам пратки нарачено од Февруар последна дата им беше 15 Април..На некој пишува дека се дури и во мојот град пристигнати а се јавив во пошта не се..Вртев во Ск не ми креваат што можам да направам?
А што значи кога статусот на пратка е Delivered или Испорачано? Дека пратката е испорачана на адресата или во пошта? Обично во Delivered се менува одкако ке ја добијам пратката, но во сличајов уште не ми е доставена...
Имав и ваков случај Али ми покажуваше дека е доставена а сајтот на пошта дека не е обработена. Кога отидов во пошта ми рекоа дека вчера 'стиснале' дека е доставена затоа што планирале да ми ја донесат денес. А врска немаше имаше поминато три дена од нивното наводно 'стискање'. Им реков дека тоа не треба да го прават зошто јас неможам да се докажам со продавачот дека не сум ја добила пратката. Ама џабе е, си се понашаат ко да се којзнае кои и се ужасно безобразни. Прашање е дали ќе ми ја доставеа да не си ја земав. Мој совет оди во пошта и барај ја пратката. Јас се повеќе губам доверба во нашата пошта.
Почнаа да стигаат пратките, тоа што ми каснеше од февруари март дојде денес и ново порачано стигна така да се надевам нема да има вакво доцнење повторно
Девојки,имав порачано 3/4 работи,ми стигна известување и кликнав confirm receipt,сега горе прочитав дека било за потврда дека стасала нарачкатаШто треба да направам сега?некој по обучен со ова да ми помогне?
Пиши му на селерот дека си направила грешка што си стиснала и они се свесни дека не може истиот ден да стигнат, невозможно е нели. Ваљда можат они да регулираат некако не знам. Ама друг пат немој да стискаш на тоа се додека не видиш пратката да ти стаса дома, зашто инаку нема после како да ти вратат пари ако сакаш рефундирање, чим си стиснала сметаат дека пратката е доставена. Е сега имаш 15 дена рок за да се жалиш ако нешто не е во ред откако си ја примила пратката после тоа не. Да и мене претходната недела ми стигнаа три-четири пратки кои ги чекав три месеци, имам уште пратки што требаше да стигнат деновиве но ете пак ги нема. Искрено не сум оптимист дека ќе ја средат ситуацијата со праткиве, барем не за овие со бесплатен шипинг што се, нерегистрираните.
И јас искрено, една пратка порачав стигна во рекордно време за 20тина дена, други ги нема по неколку месеци не ми е јасно кај е проблемот
Епа таа што ти стигнала брзо не била пратена преку Cainiao туку можеби преку AliExpress standard shipping или можеби Yanwen economic air mail(со овие стига за 20 тина дена од прилика). Стандардниот е најбрз и да ми стигнало за две недели, а ситници кога порачувам избирам со Cainaio и ќе се изначекам кога е free. Мада, порано се знаеше и со тој најспориот стигаше вообичаено за месец ипол, ретко два месеци, сега не знам стварно што е работава, има застој огромен. Некако изгубив желба за нарачување после ова, можеби и подобро, не само да трошам пари на глупости..
За оваа што пристигна не ни ја следев и не знам со што е ама стандард сите пратки на тракинг кога ги гледам се со cainaio
Прв пат вака да каснат пратки. Имам неколку порачани почеток на февруари и март, само маска и шнола ми стигнаа на време, во рок од месец дена. Претходната недела ми стигна една нарачка од 9ти февруари, точно после 3 месеци, другите уште седат во пошта. Не се нарачки кои ги чекам и не можам да ги дочекам, али дефинитивно губам желба да порачам нешто ново, што ќе ми стигне за 3,4 месеци...
Имам околу 9 нарачки, на сите стои статус ставено во вреќа за испорака(на некои уште на 20 април). Отидов во пошта да прашам,ми вика уште не се стигнати во мк туку во Унгарија се. Кога ќе пишувало на шалтер,тогаш да одам да ги подигнам. Сте имале ли искуство или ме мафта жената?
Убаво ти вика, не се стигнати се уште, на сите ни каснат и тоа премногу. Погоре баш за тоа се пишуваше. Во последно време стигаат на три месеци пратките. Кога ќе ти пишува статус "во пошта" значи стигнале и ќе можеш да си ги подигнеш или пак да почекаш поштарот да ги донесе. Сега пак дали баш во Унгарија дремат толку долго или пак кај нас на царина се заглавени не знам но штом не пишува дека е во локалната пошта, џабе ќе идеш и ќе се нервираш со тие во пошта и ништо нема да направиш. Останува само да си чекаме, тоа е.
Лелее преводов на сајтот ужас, ништо не се разбира. Ваљда е стигната кај нас глеам нешто Мк стои. Проверувај на сајтот на нашата пошта. Преку ова Yanwen стига доста побрзо него преку Cainiao, секогаш ми стигало за 20 тина дена.