Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

AliExpress

Дискусија во 'Мода и стил' започната од pamelche, 27 февруари 2013.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.320
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Ахам, епа рано е. Не е ни стигната кај нас, како каснат во последно, рачунај минимум два ипол месеци ќе ја чекаш.
    75 дена се поминати од кога си порачала?
    Ако да, побарај рефундација ако се уште постои можност. Ако е пратена секако ке стаса но штом нема информации, а поминало доста време отвори си диспјут најубаво.
    Значи ужас стана со ова праткиве, сега изгледа не ни може да се следат до кај се како порано, само кога ќе стасаат кај нас, па преку страната на пошта. Ова зборам за тие што не се регистрирани. И јас сега баш пробувам да ги следам двете пратки до кај се преку сајтовите за тракинг, не ми дава податоци..
     
    Последна измена: 28 мај 2023
    На Justicija, L.i.n.a.a и Осе им се допаѓа ова.
  2. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    3.153
    Пол:
    Женски
    Отворив диспјут, за некои пратки веќе и ми ги вратија парите.
    Ама мене производите ми требаат, не парите :doh:
    Не знам што се случува во последно време, ама ептен многу каснат сите пратки
     
    На Ugly Duckling, Dream-Girl и Mrs. right им се допаѓа ова.
  3. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.320
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е, да де не ги нарачуваме работите за да не ги добиеме.
    Ај штом се пратени, ќе ти стигнат и покрај тоа што парите ти се вратени, само којзнае кога ќе биде тоа.
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај мене, а и кај другарки што имаат порачувано периодов. Ништо не стигна, на се поминаа рокови за пристигнување, отворив диспјут и ми вратија пари за пратките на кои поминаа роковите последниов месец. Од нарачките уште ни трага ни глас, дури заборавив што имам и нарачано, а којзнае и по 4 месеци веќе дали ќе стигнат. Тоа е.
    Каснеле и друг пат пратките, но никогаш не било толку катастрофално како сега. Освен две пратки на почеток на мај што стигнаа, ништо друго не ми беше доставено.
     
    На Flower27, Ugly Duckling, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    На мене ми пишува дека се во Македонија (веројатно царина). Двете се порачани во Април само различни дати.

    Сакав да прашам дали може некој друг да ја земе пратката со лична карта?
     
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    И тоа зависи како се расположени.
    Еднаш сами ми рекоа за лепенката ,, имате исто презиме и адреса ако сте роднини ако сакаш може да ја земеш и неговата" еднаш он ме замоли да му земам секако одам не сакаше да ми даде - истата вработена.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.320
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    Убаво вика членката, зависи во какво расположение се. Мене барем до сега не ми направиле проблем. Сум подигнала пратка што гласела на член од фамилија и обратно мене ми подигнал пратка исто така член. Но со исто презиме и со иста адреса на живеење. Ова зборам за поштата во Карпош 3.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.957
    Кажете ми дали ја утнав работата кликнав на confirm receipt :worried: , дали тоа значи дека сум ја примила нарачката.
    Инаку ја направив пред два дена, и сега не ми дава опција да ја следам туку да напишам review и ми стои во complete (претходно стоеше во shipped).
    Help, што да правам? :(
    прв пат нарачувам..
     
  9. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.006
    Пол:
    Женски
    Многу каснат со нарачките , скоро ништо не ми стигна а имам многу работи нарачано :(
     
  10. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    3.153
    Пол:
    Женски
    Да, тоа значи дека си ја примија нарачката, и за жал не можеш ништо да направиш.
    Види пиши му на продавачот, можеби ќе може тој нешто да направи.
     
  11. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Отвори жалба каде ќе наведеш дека си потврдила погрешно дека е примена
     
  12. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.957
    каде е тоа , треба ли на испраќачот да му пишам?
    постои ли можност сепак да ми пристигне бидејќи беше во shipped ?:|
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.320
    Допаѓања:
    13.311
    Пол:
    Женски
    На селерот пиши му во порака, таму каде што ја направи нарачката, поточно каде што ги има податоците за нарачката.
    Ако е испратено, а е штом било во shipped, тогаш да, би требало да стигне.
    Само доколку не стигне, нема да можеш да бараш да ти рефундираат средства .
     
    На Sielo❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 20cm

    20cm Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2023
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Од како сменија рута, порано преку Латвија одеа, сега преку Унгарија веќе тотално безвезе е нарачување од алиекспрес. 87 дена за пратка, тоа е рекорд што сум имал за пратка до сега. До Унгарија за месец стига па после 2 месеци до тука. А ебат работата Унгарците ептен.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.174
    Пол:
    Женски
    Јас па мислам кај нас е проблемот. За две недели стигнаа до Македонија, два месеци поминаа и ми немаат стигнато дома, веќе и се откажав.
    Од друга страна дм имаше порачано три-четири поскапи работи (часовници, камери...) и во рок од десет дена му стигнаа.
     
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.829
    Допаѓања:
    11.757
    Пол:
    Женски
    Значи во нашата Пошта се ненормални.

    Чекам пратки уште од јануари, истече и периодот на достава и така ми го снема тракинг кодот и немаа како да ми проверат в пошта каде ми се пратките. И вчера стигна една пратка и си реков ак да им пишам на селерите за тракинг кодови може ќе си ги најдам и другите.
    Им пишав и ми дадоа. Одам денес в пошта, проверуваат и ми велат: Аааа пратките се вратени назад, во забелешка пишува дека не си ги побарала. Луѓе кај да ги побарам? Ни картонче не ми стигна нит ништо.

    И не е само тоа, цела пратка со книги од Book depository не ми ја доставија, а од таму немаат ни тракинг кодови. Среќа ми рефундираа ама мака ми е за книгите, со голем мерак ги нарачав, а и досега никој немал проблем со пратка од Book depository.

    Како и да е од јануари до сега имав околу 10 нарачки, а од нив само една стигна.

    Едит: Другарка што не е од Ск исто ми се жалеше дека ништо не и стигнало од Али, пред некој ден и она си ги побара пратките в Пошта и замислете нејзините не беа вратени ко моите, туку дремеле со месеци во Ск и не биле пуштени во нејзиниот град.
     
    На Ketchup, Flower27 и 20cm им се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.664
    Допаѓања:
    39.563
    Пол:
    Женски
    Плус порано одма пишуваше информации за тракинг и уредно се апдејтираа, сега на повеќето нарачки или ништо не ми пишува или ќе има инфо тек откако ќе стигнат...
     
  18. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    2.110
    Пол:
    Женски
    Дечки ај да не се фалам, ама мора да ви кажам овде.... пратка од Али стигна во Скопје за рекордни 8 дена, ја сум шокирана ќе љетим на кроФ :D
     
    На ForeverYoung, Flower27, Alex.T и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. 20cm

    20cm Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2023
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Машки
    Со сингапур пошта? Само со таа пратките стигаат експрес од алиекспрес
     
  20. dea.18

    dea.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    2.110
    Пол:
    Женски
    Да.