Има фри шипинг (максимум 60 дена испорака), ама у случајов платив некои си 200 денари, ме занимаше чисто дали ќе направи разлика, пошто пишуваше дека за 30-50 дена ќе стигне и ете за 8 дена во пошта Ск, а веќе од понеделник пратката ќе си ја подигнам.
Каде да ја откажам нарачката ? Не ми е дојдена а ми пишува дека ми ја испратиле и не гледам нигде како да ја откажам
Имам направено нарачки уште од март месец и требаше да ми стигнат околу 20ти мај, не добив ни картонче од пошта па отидов таму и ми рекоа дека сеуште не се стигнати. Да почекам или пишам за да ми ги вратат парите назад?
Секако. Расправај се ако треба, нека ти вратат пари. Рокот е одамна поминат. А ако после стигнат нека ти бидат гратис. Кој ги ебе кинезите. И онака повеќето се праваранти, па поарно ти да ги заебеш неголи они тебе.
Што се дешава последниов период каснат пратки нарачани уште од март на tracking пишува последно дека на 5ти мај е received by local delivery company, а на пошта пишува дека уште е наводно у Унгарија. Читав нагоре дека на многумина тоа ви се случува малце ми олесна зашо ќе скренев 3 месеци најпрости пратки чекам. А више и побарав пари назад ако по некоја случајност ми вратат. Затоа што поминат е и рокот на доставување.
Не е до Алиекспрес, до нашата пошта е. Јас од Британски сајт нарачав нешто, предвиден период за испорака беше шест недели максимум, мене после четири месеци ми стигна. Во меѓувреме ми вратија пари. Ама ако продолжи вака нашава пошта, буквално секој сајт ќе ни блокира пристап. Почеток на април нарачав нешто јас од Али, стигнато е кај нас уште во мај, еве уште немам добиено ништо.
Е зашо бе преваранти викаш биле? Имаш негативни искуства или? Од коа нарачувам ниту еднаш не ми се десило да ме заебат како што викаш, искрено нашиве преваранти што продаваат по фејсбук/инста да се ко нив сите би биле среќни и задоволни. Стварно до сеа како е на слика и во описот такви ми стигале работите. Нит оштетени нит ништо, сеа ок колку пари толку музика, да не очекуваме чуда и да бидеме малку реални. Само еднаш си фатив работа со еден измамник од Али ама за среќа го заебав ко што рече ама искрено сама си бев виновна што не проверив убаво пред да порачам, си побарав одма рефундација и без проблем ми вратија, додуша почекав малце поише но сепак ми вратија. После тоа уште милион пати имам порачано и внимавам на рецензиите од купувачи и не сум имала проблем. За тоа што волку каснат мислам дека Кинезите се најмалку криви, они баш уредно си испраќаат на време, може некад ќе почекаш недела дена дур прати ама битно праќаат, Унгарците и секако нашиве глупаци од царина и пошта они го тупат. Балканска работа. @Justicija не можеш да ја откажеш штом е испратена, ќе си почекаш да истечат тие 75 дена и ако до тогаш не ти стигне, тогаш отвараш диспјут. Знам дека немате трпение но што е тоа е, од кога вака каснат со месеци више и јас немам желба да порачувам освен преку поштата од Сингапур која стварно експресна е. Ако сакаш во иднина да не чекаш и да се заебаваш вака одбери метод за достава standard aliexpress shipping но доставата е секако поскапа.
Отворив деспјут на една нарачка и селерот ми пиша да почекам 10 15 дена не знам што ќе го продолжел рокот.Прв пат отварам не се ни разбирам многу,и истече и рок и сега не можам повеќе да отворам нов и парите ќе пропаднат секако,ја нема нарачката 4 месеца.Има ли друг начин да ми ги врати парите?
Нема. Чим истекува рокот и не ти го продолжува селерот, слободно отвори си диспут. Може дури и за време на диспутот да доставиш доказ дека си побарала да продолжи, а не го направил тоа.
Истото ми се случи, не можам сега парите назад да ги побарам. Пишав директно на aliexpress во help center, на Online Service, па чекам одговор. За неколку нарачки ми ги вратија парите, а за една вчера вратија пари а денеска стигна
Повеќе од месец пратката е ставена во вреќа(излез),значи дреми во Унгарија. Има шанси да стигне,има некој такво искуство? Уште неколку дена има до рокот.
Кога ви се нарачани пратките што каснат толку? И мене ми требаат некои работи, се мислам дали вооошто да нарачувам, баш ме чуди ова со застојов.
Мене едното што одеше преку Сингапур ми стигна за две недели, а другото дреме во вреќа во Унгарија. Ист ден порачани.
Работи кои што требаше во април и мај да стигнат не стигнаа, работи кој што треба овие дена да стигнат ги нема... Порачани се јануари, февруари, март.. Не знам дали вреди пак да порачувам работи кога ништо не ми стигнува во последно ☹️ Порано за 30 дена стигнуваше се а сега 3 месеци и пак не стигнува се..
По се изгледа само преку Сингапур ќе треба да порачуваме, зашто ова више нема никаква смисла. На нерви иде чекањево. Ќе платиш некој долар поише ама знаеш за кратко време ќе го имаш. Што им текна преку Унагарија да идат праткиве, баш мислев побрзо ќе стигаат и ќе не изненадат ама ништо од тоа. Ќе си практикуваат вака изгледа цело време.