Кај одбирате да ви пратат преку Сингапур? Зашто на повеќето работи што гледам или ја нема опцијата или ми нуди да доплатам 50 долари шипинг.
Па тоа што е стандарден шипинг иде преку Сингапур ама да, поскапо е, скоро никад не е free. Инаку колку што гледам, кога порачуваш облека и некои поскапи ствари се појавува тој метод на достава, а кога се работи за ситници со тоа заебаното спорото карго ама сепак има можност да одбереш стандарден или пак ако го дава Yanwen economic air mail одбери го него, доставата е за 20 тина дена отприлика и иде преку Литванија.
Ааа браво, епа да частиш ајде. Ама ова сега е новото нормално, три месеци минимум очекувај да чекаш дур стигнат. Абе катастрофа, ај ќе речеш ефтини се работите па чекај ги со месеци и онака ќе стигнат, само не се знае кога. Ништо, ако ви е нешто итно и ви треба за брзо, стандардниот шипинг и тоа е тоа.
Еј да, кај ти текна, таман до нова година ќе стигнат. Шо за лето ќе порачуваме и онака нема лето годинава. Добра ти е идејава, најозбилно.
Чекај ама јас одбирам стандарден и пак ми праќа преку спорото. Може па и јас не гледам, ај баш за следнава нарачка ќе пазам што пишува, фала ти.
Во друга тема кажав ми стигна пратката со 6 дена доцнење. Уште една имам се надевам ќе стигне и таа на време.
Зошто на али кога ќе кликнам track order, пишува дека пратката ми е во Скопје (пристигнато во linehaul office), а на страната на Пошта вели Не се пронајдени податоци? Кој лаже? Имам и други пратки што уште на почеток на месец ми пишува дека се во Skopje 1003, ама никако да биде поштата од кај што ги подигам вообичаено...
На некои пратки што имам побарано да ми ги вратат парите и стои request finished, тоа значи дека парите веќе ми се вратени на сметка?
Али лаже, oдносно не се потпирај на тие информации на Али туку следи на сајтот на пошта, тие се точни. Ама ако читаше на темава, сите се жалат од доцнењето на прaтките, по 3 месеци ги нема но ќе стигнaт, не се секирај. Во однос на ова второво, во тој случај може треба да идеш во пошта да провериш кај ја забутале пратката, до сега веќе требало да стигнат во локалната пошта. Да. Провери си ја сметката дали ти стигнале, иако може и да стои така но сепак по неколку дена банката да ти ги префрли. Штом така ти пишува нема кај да бегаат, ќе ти стигнат. Уствари мислам дека кога веќе ги префрлиле треба да стои dispute finished. Ова да не значи дека диспјутот ти е прифатен, за ја да започнат постапката за поврат на средствата. Немам сега брзо рефундирано, а и не можам моментално да отворам на Али како ми пишуваше ама само нешто мењаваат во функциите па може сега така да пишува. Прати скрин ако сакаш да видиме што точно вика. Колку дена се поминати од кога побара рефундирање?
Не, парите не ми се вратени. Сега видов, вика нема доволно докази за рефундирсње на средствата. Какви докази да приложам, кога јас воопшто не ја ни добив пратката?
Ццц зашто така? Нема логика да ти бараат докази во тој случај. А рокот е поминат за достава? Ау и овие ли зарем почнаа да заебаваат? Не ми се десило вакво нешто, да одбиваат да рефундираат. На селерот му пиша нешто, што вика во врска со пратката? Ај верувам дека ќе ја добиеш и нема да си во загуба, се надевам дека пратката ти е испратена.
Пратки со рок пред истек 3-4 дена уште се ставени во вреќа излез и ни трага ни глас. Последен ден од рокот си отворив диспјут и ми рефундираа. После 2 недели ми стигнаа. А, на страната за следење пратки уште се во вреќа. Имам уште 4 со рок до 20ти, се надевам пред истек ќе стигнат. @Mishela од април ми се нарачани мене. Тогаш еден куп работи порачав и дел стигнаа одма, дел еве уште ги чекам.
Не знам, и мене прв пат ми се случува ова. Рокот е поминат пред 15 дена, ја уште тогаш отворив диспјут и скроз заборавив на тоа. Денес се сетив да проверам и ете тоа го пишува. Мала сума е во прашање, ама сепак... Се надевам бар дека ќе го добијам производот
Ќе стигнат со тек на време имајте трпение и мене истото ми се деси, беа ко почекај или провери у пошта и ја почекав и стигнаа стварите.
Види како ти го дава кај нас во пошта. Ако ти го водат како доставено тогаш Али нема да ти ги врати парите.