Мора букви да содржи. Може гледаш број на нарачка, а не тракинг број. Исто може и да е некој фејк тракинг број ако се работи за некоја превара.
Може скрин да ми пратиш, да видам кој е тракинг бројот? Едит, го најдов. Ја цело време број на нарачка сум пишувала Едит 2 Скоро на сите пратки ми го пишува ова, што значи?
Значи да барам да ми го продолжат времето? Зошто уште неколку дена има до крај, нели после тоа автомакси се потврдува како да е примена пратката, па нема да можам ни рефундација да барам...?
Па да, пиши им секако. Сигурно ќе стигне ама многу се чека. Рефундација можеш само пред да истечат тие 15 дена откако ќе потврдат автоматски дека стигнала ама еве како што викаат и другите веќе и они зезале и не праеле рефундација, не се глупи, знаат дека заглавуваат у транзит. Затоа најубаво продужи рок.
parcelsapp com е супер за следење На Македонска пошта тракерот е само за Македонија Инаку околу празници секогаш каснат... Продолжете си ги роковите на 2-3 дена пред истекот.
не кликајте рефунд. Не паничете, ќе ви стигнат пратките. Има застој. мене ми е чудно, како воопшто има некој што сеуште не порачал досега од алибаба или од интернет нешто. Особено млади луѓе. еве мала помош бидејќи гледам дека цело време исти прашања се вртат. речиси 99% пратки одат преку Унгариска пошта кои се познати по спора работа. Не е проблем наша пошта и не ви ги краде никој пратките. Без паника!! Е сега: Објаснување и за тракинг број. Има два вида на Тракинг бројчиња Првиот е приоритетен и за него се доплаќа. Голема предност е што со него имате увид на пратката. И обично се идентификуваат сите терминали низ кои поминува. Сето ова може да им го напоменете на кинезите пред да ви ја испратат пратката,дека сакате да си доплатите за приоритетен тракинг бројче. во тој случај ако имате платено има неколку сајтови на кои може да го следите патот на пратката меѓу кои најпознати се postalninja и 17track и се разбира сајтот на posta.mk разлика меѓу нив е што некаде побрзо се бележат овие контроли и имате неколку минути побрза информација. вториот тракинг е најчесто оној што го викаме. free shiping или малку платен Со него се добива лажен или фиктивен тракинг број. има начини како се проверува и тоа дали тракинг бројчето е реално или фиктивно ама тоа во следна прилика. оние кои незнаат тоа може да го увидат и по цената Најчесто ако шипингот е мал или бесплатен во 99% се работи за фиктивен или лажен тракинг број. Ако имате ваква пратка, а 90% од Али се такви, тогаш единствено реално и точно за проверка е сајтот на Македонска пошта. posta.com.mk значи го отварате порталот и таму го внесувате тракинг бројот. Кога пратката ќе биде пристигната во Македонија. на сајтот ќе се појави пратката. И Обратно се додека не е стигната во Македонија, со куцање на бројчето, ќе ви вели дека таква пратка не постои. за такви пратки единствено реален сајт за проверка е сајтот на нашата пошта. Се друго може само да ве наведе на погрешни информации. ова го пишувам доцна навечер од мобилен и се надевам успеав да ви разјаснам на тие што немаат претстава како оди начинот на достава и проверка. Сум бил во пошта порано и сум видел девојки кои немаат елементарно познавање од тоа како воопшто функционира транспортот, па ги клеветеа старите жени кои беа вработени таму како им ги зимале пратките и си ги носеле дома. Среќа во последно време не се замарам до толку и ми ги носи поштарот после неколку дена дома пратките. искрено се надевам дека веќе нема такви случаи на прости луѓе. Бидејќи имаше луѓе во пошта кои што работеа за 5 луѓе, додека некои вработени од Дуи си играа пингпонг и не се замараа воопшто. Е сега тие тетки кај работеа за тројца, уште мораше да се објаснуваат со некултурни луѓе дека пратка не им стигнала. Ептен мизерно беше тоа. Затоа само релакс и ќе ви стигнат пратките
Здраво Долго време се соочувам со проблем долго чекање на пратки, но само овие два месеци. Плаќам плус поштарина за побрза достава, сега ја менаја на алиекспрес преку некоја маѓар пошта ама сепак претходно за месец идеа и со таа пошта. Да не има некој сличен проблем да му стој пратката во маѓарска повеќе од месец? Кај мене стојат 3 пратки со исти статус се прима од испраќаќот месец дена веќе.
Не некој, туку сите имаат сличен проблем. Прочитај ги претходните постови. Цело време за тоа се пишува.
Да ама многу внимателно купувам облека. Гледам рецензии од други што купиле и, ако е во ред, порачувам. И обавезно гледам ако има табела со големини, оти не секое S или M е исто. Многумина пишале дека облеката на слика е едно, а во живо е друго. Две фустанчиња имам купено и задоволна сум, уште едно чекам моментално. Панталони имам купено. Маички со кратки ракави, маички на прерамки, градници.
Ако ја има пратката на сајтот на македонски пошто е во македонија поточно во Пошта. Не процесираат на страната ако е во странство сеуште. Прва информација внесуваат кога тракинг бројот ке го примат во главна пошта во Мк.