Не е точно ова, гледајте ги поштенските кодови од и до каде оди. Во Македонија е кога ќе ги пишува нашите кодови и си има објаснување дека е примена, па на достава. Инаку, мене пратки од крај на ноември уште не ми се стигнати во Мк...проблемот е таму, во Унгарија.
Точно кажа членката... Ако ја бараш пратката на тракерот на македонски пошти, ќе ти ја прикаже само откако е влезена во Македонија. Ако ја следиш на меѓународните тогаш ќе ти го даде цел пат, вклучувајќи и во Македонија коа ќе влезе.
Имав проблем со поштата и 4 месеци чекав пратка. Ем безобразни, ем не го признаваат тракингот на меѓународните. Се вадеа дека тие не се релевантни, туку само на нашата пошта. Нејсе, никогаш повеќе преку пошта.
А функционираат ли тие? Дека пред 5-6 месеци ништо не ми даваше да следам на нив, а претходно тука https://track24.net/ ги следев и немаше проблем, точни беа ептен. Зборам и за овие нерегистрираните дали може, тие од Унгарија што идат.
Абе не е така, десет години порачувам. Ја прикажува прво кога ќе влезе во Унгарија, претходно беше Латвија. Е само не покажува од Кина до Унгарија, тоа мислам го има на др страни.
Јас имам проблем сега со последниот пакет, прво пишуваше delivery failed, па пишуваше дека испраќачот не ги исполнува условите, и пратката ќе биде вратена.. Па се смени датумот на испорака, па сега стои дека е во мојот град, ама дека имаат логистички проблеми и не можат да ја достават. Им пишав на продавницата со агент разговарав и побарав рефундирање на парите оти и времето на испорака се надмина за две недели и пратка нема никаде. Тие ми вратија дека парите нема да ми бидат вратени оти требало доказ да имам дека не сум добила пратка и дека е вратена. Барав информации во ДХЛ сите грчат рамења и велат чекај. Ова за Германија, до сега никогаш не сум имала проблем со пратка.
Здраво, Неколку пратки имав мислам во ноември порачано. Три од нив стигнаа, две сеуште не. На маил добив известување дека за нив две имам три дена да поднесам despute, или пратката ќе се смета за доставна. На двете пратки, ми ја покажува состојбата на сликата. Дали знаете дали пратките се кај нас веќе ама има нешто застој со поштата кај нас или? И како можам да го најдам тракинг бројот, гледам само ИД на нарачка..
Оди на Track order и таму го пишува тракинг бројот. Треба ваков облик да има: UB***HU или нешто слично (измеѓу се цифри). Потоа провери на страната од нашата пошта. Многу пратки се заглавени во Унгарија, ма да јас тоа не го сфаќам дали се таму или па се испратени од таму, пристигнати се тука, но тука стојат во некои вреќи нерегистрирани во систем се уште. --------------------------------------------- Како може да го продолжам рокот за достава? Им пишав на неколку души да ми го продолжат, но само еден се согласи. Другите упорни се дека пратката е во пошта и требало да си ја подигнам. Значи не им барам refund, само рокот да го продолжат.... Искуство со ова?
Пробај контактирај ги можеби би прифатиле. Сепак тие автоматски си додаваат денови. Кај мене барем е така веќе 10 дена тие си имаа додадено. А провери во пошта дали е пратката простигната ?
Проверив, но не се во пошта. А и според тракингот кажува Унгарија. Само еден прифати и го продолжи рокот, но другите нарачки автоматски ми се направија дека сум ги добила. Еден па ми пиша да отворам dispute и ќе ме рефундирале, а само рокот да го продолжат барав.
Кај сите е така. На мене почнаа да ми стигаат тие што доцнат така да бидете трпеливи, и вашите ќе стигнат.