Порано не се случуваше пратка да задоцни повеќе од 1 месец, преку сила во редок случај месец и 2-3 дена.. Сега чекам пратки по 5 месеци.. Од Ноември што ги имам порачано уште не се стигнати ни во пошта во Мк, на тракинг ги дава дека се во транзит значи на граница се некаде. Што е проблемот?
Кажете што да се нарача од чичко Али, се веќе имам искупено Последно што нарачав, и баш пред некој ден ми стигна е такви алуминиумски амбалажи за шампоните од Лаш
До нашата пошта е проблемот, мислам дека од короната навака се случува ова. А порано ќе ми текне си праевевме муабет “ а бе од алиекспрес, месец ќе чекаш”, а сега…
Не не зборам за пред короната. Минатата година ми стигаше се месец најдоцна, некои пратки дури и за 2 недели. Не се во пошта во Македонија, кога ќе стигнат Скопје мене ми ги носат истиот ден или другиот. Ова се случува сега во последно. Не ни ги дава на тракинг дека се воопшто во Мк пишува дека се во транзит во Унгарија, ама 3 месеци во транзит?
Виа пост ќе ги превзема пратките не верував искрено ама ете само што му се јавиле на дм дека има пратка за достава. Се надевам ќе бидат побрзи..
Денес ми се јавија за пратка од алиекспрес од Виа Пост, ми ја доставија, го прашав курирот од кога е вака, рече од денеска. Се изненадив бидејќи стигна за 17 дена, а имам уште една-две од јануари што ги чекам.
Да, исто имам направено, сеа некад успева зависи од продавачот. Али после волку време чекање секако идам на refund, па што биде.
Не се криви продавачите на али што нам не ни стигаат пратките на време. Од таа причина и не правам refund. Почекајте, ако сте нарачале од сигурни и добри продавачи, сигурно ќе ви стигнат пратките.
Здраво, дали некој има порачувано од DH Gate слично на Алиекспрес и дали стигаат нарачките ? Дали се плаќа царина и за кој износ ако има некој искуство да пише . Фала
Ова значи да не чекам пратки од поштар туку ако некој се јави за достава тогаш ја зимам пратката? И сигурно е ова? Пошо јас чекам пратки што со недели веќе се во пошта, не мрдаат (за Скопје зборам)
Еве сигурно е, во петокот добив пратка преку Виа Пост, нарачана почеток на март, а тогаш пред два три дена и поштар од пошта ми донесе уште неколку пратки од јануари. Е сега дали веќе сите пратки ги имаат преземено не знам. И за тие преку Виа Пост нема тракинг на страната од пошта, а немаше ништо и на другите тракинг страници. Не знам како да ги следиме.
Во петокот ми стигна една пратка и ја донел поштар, веќе утредента на дм од виа пост му се јавија. Чекам уште една пратка требаше и прва да стаса на тракинг апликацијата уште ја дава ставена во вреќа (излез)
Од кога ти беа порачани? Мене од 08. јануари и уште не ми е стигната, а гледам дека некои од ноември и декември чекаат.