Онлајн шопинг Веројатно мислиш на минимум 10 долари? Значи треба од тој продавач да купиш работи со вредност над 10 долари (или 15 кај некои) за да ти ја важи нарачката.
Онлајн шопинг Да, имав код за следење и пишуваше дека порачката се наоѓа во Swiss Post и кога ќе го напишав бројот за следење ми излегуваше ова Спојлер No consignment with this consignment number was found. Please check your details and the consignment number formats and the display period for data in our FAQs. If shipment of this consignment was confirmed by the sender the consignment may not yet have been entered by Swiss Post and may still be in transit. Please visit again in a few hours. International consignments can also be tracked when they are with our partners -TNT Swiss Post AG a leading provider of international courier and express services -Swiss Post GLS, transport specialists for Business-to-Business goods. If you have any more questions, please do not hesitate to contact us: custcare@post.ch а денес стигна, се изненадив.
Онлајн шопинг Да ви кажам да не се ослањате на тракингот од Алиекспрес, јас си нарачав маски за телефонот и до денот на пристигнување, значи и кога ми стигнаа според тракингот стоеше дека се во Пекинг сеуште. Јас иначе прв пат нарачував па за проба нарачав две маски за 3 и нешто долари и ми стигнаа одприлика за 30 дена, од квалитетот сум презадоволна, по помалце од 100 денари за маска ми се фати а се одлични. Првиот тест добро помина, следно е гардероба да нарачам (намерачена сум им на асиметрични суќни по 6-7 долари и други тракаташки) па деновиве да потсоберам некој денар ставам на картица и шопингувам.
Онлајн шопинг Девојки, го видов само линкот за алиекспрес за накитот, ај оставете и линк од друг продавач од кој имате нарачано и што е сигурен
Онлајн шопинг Сакам да ве прашам дали може да се нарача со дебитна картичка виза или маестро?Јас имам маестро и пред некој ден кога пробав да нарачав неможев,па дали да барам некој со виза дебитна ако може или мора со кредитна?фала ви однапред
Онлајн шопинг Може, ама побезбедно е да си извадиш специјална само за интернет упореба, многу лесно се префрлуваат парите од дебитната на интернет картичката, на која треба да ставиш само онолку колку што планираш да потрошиш и остатокот го враќаш на дебитната. Префрлаш денари, а во банка ги конвертираат во валута на која ќе плаќаш, обично ја земаат највисоката вредност. Некои феминки напишаа дека ги добиле порачаните работи, а и јас порачав и чекам да ми стигнат, па ќе пишам.[/quote]
Онлајн шопинг Леле луѓе....неможам да порачувам без картичка т.е. имам картичка ама нема пари на неа. А видов на aliexpres.com едни многу убави балетанки и еден фустан и незнам како да си ги порачам....
Онлајн шопинг Гледам доста го фалите Алиекспрес.Сакам да порачам, и ме интересира со кои картички може да се порача?Мајка ми досега нема порачувано од интернет, освен преку уплатница и врска нема каква картичка ќе треба да извади.Ве молам за помош, пошо паметот ми спобудале од преубавиве работи и мора да си порачам наскоро
Онлајн шопинг ^ Со овој одговор има еден куп постови наназад. Ама еве уште еднаш. Стопанска банка. Се вади интернет картичка. Нема некое посебно име. Така ја викаат и од Стопанска банка. Не сум сигурна ама мислам дека во друга банка и ја нема бидејќи останатите поттикнуваат купување со кредитни и дебитни. Со картичката си добиваш трансакциска која ќе ти служи само за купување и ќе ставаш онолку пари колку што чини производот кој го купуваш (и дополнителни 1 - 5$ (бидејќи заборавив колку беше точно) до 10 000ден. за банкарска провизија) бидејќи не е наменета за чување пари на неа. Voila. Процесот е завршен, уште да почнеш со нарачки
Онлајн шопинг Jас имам на Cтопанска банка, сум пробала неколку пати онлајн, дебитна е, не сака,а има пари внатре . Oд мастер кард,на Xалкабанк или како и да се вика, одма ми дозволува, секогаш, не сум имала проблеми ич
Онлајн шопинг Не може со дебитна да се прават нарачки. Било какви. Дебитната служи за подигање пари од банкомат и плаќање преку продавници, бензински и слично. Башка што може едната да ти е дебитна, а другата да ти е кредитна. Од банка до банка има разлика. Една банка има договори и соработка со едни, а друга со други партнери. Од тука и се гледаат привилегиите од банка до банка.