Dobro e ne sum samo jas...pa imam pratki od noemvri i dekemvri gi nema lugje...nekoi pisuva deka se po posta, nekoi vo vrekja. Bev do posta, i mi vika ke cekas ke stigne. Krsh sme znaci sto se desava so Mk posta ne znam, malku personal li e sto e problem, ama ova e nenormalno docnenje na pratki. Vazno od finokja ne otvoriv dispute na niedna (a edna naracka imam od 50$, drugite se po 10-20$) i isteklo vremeto sega i ne mozam da otvoram. Pa se nadevam ke gi dobijam i jas denovive. I sega niso ne naracuvam od strav. Inace na parcelsapp.com gi sledam nema utka. I aplikacija isto imaat. P.s. Ne klikajte odma refund lugje. Duri i da istece vremeto, posle 15 dena moze da otvoris dispute i refund. Bar tolku pocekajte. Ne za drugo, ostetuvate nekogo so toa. Gledate za kolku sitni pari se prodava se. I pari i proizvod ne e vo red da dobiete. Ako posle tie 15 dena ne stigne, otvorete dispute i refund. Samo ne kako mene da zaboravite
Глупо прашање ама пак ќе пишам . дали ако се смени власта е можно македонска пошта да проработи и почне побрзо да испорачува ? имам нарачано сецко, мини шпорет, блендер, кабли, утикачи и корнези за куќни услови во јануар и ништо нема стигнато џабе си ги потрошив парите помош
И јас тоа викам ама толку осет имаат. Уште и се радуваат што направиле па и јаре и паре добиле. А и не е се' за ситни пари, има и поскапи производи. Имаше поназад коментари, не им се чекало 3 месеци. Па ако не ви се чека, купете си од продавница. Од Алиекспрес не се супермени па за една недела да ја добиете. Еве во април ми стигна од ноември едната што ја чекав. Сега уште една од јануари имам.
Mene me otkacija kaj Kapitol vo taa posta, me pratija vo glavna kaj Zeleznicka, tetkata i od tamu me otkaci i izdra use so baram tamu, Kapitol trebalo da si odam vo taa posta. Pratki od noemvri imam, pisuva vo posta deka se od 20 januar a od niv ni traga ni glas.
Мене ми стигнаа во вторникот 4 нарачки направени на 4ти јануари Уште 2 од тој период ми се во Унгарија, а уште една вчера стигнала во Скопје. Мене поштарот до дома ми ги носи хехе
Ако се од ист продавач, може да стигнат. Во спротивно како ќе се погоди, така. @DaisyDream , пред некој ден добив пратка на која што краен рок за пристигнување и беше 20.12.23. Веќе се откажав и од пратка и од пари, меѓудругото.
Значи има надеж и за мојата порачка од јануари. Јас си отворив жалба и си ги повлеков парите, не ми е гајле дали ќе стигне. На продавачот неколку пати му напишав во ДМ, не ми одговори ништо, гледам уште не отворил да види...
Пред една недела ми стигнаа новогодишните украси од ноември, ко што е ладно да си ја извадам елката и да си накитам, тамам да им се порадувам
Како тргнало мeне костимот за капење нарачан март ќе ми стигне декември, тамам зимска сезона да ме подготви за Банско.
Има некој искуство со failed delivery? Имам еден куп нарачки од алиекспрес нон стоп, све е ситници, ама ете се наканив да нарачам и нешто поголемо и одма беља. Од една тура нарачки од пред јануари само едно ми стигна сега, другите 4 ги нема, а веќе пројдено е времето, не можам ни тракингот да го видам што вика. Дека све е ситно по долар-два, не се замарам, можно е да не сум добила картонче (дека ги оставаат пред влез на домофон, па ветер може да ги дувнал) или ич не стигнале. Ама лани све што нарачав си добив генерално во предвидениот рок. Ама другава тура нарачки во јануари што ги направив сега отварам да видам до кај се, и тоа најскапото имало рок до 24.април и пишува delivery failed на страната на алиекспрес, а на сајтот на наша пошта со тракинг бројот последното инфо е Известен за испорака на 25.04. Има шанси да добијам картонче деновиве, или да одам лично во пошта кога веќе пишува дека демек сум известена, има шанси да ми го дадат, или го пратиле веќе назад?
Упорно неможам да ја отворам официјалната страна на пошта.мк порано преку А1 можев, преку Телекабел не, сега ништо не ми функционира. Дали ова му се случува и на некој друг?