Кои пратки ги носи виа пост јас имам пратки од март што не ми се стигнати пишува ставено во вреќа и толку, плус пари не ми враќаат као демек во земјата се пратките. Од виа пост ми стигна само едно апаратче за педикир што си го порачав 300ден беше и ко прашав зошто така стига ми рекоа као демек така ти е нарачано а јас стандард ко и се др што порачувам така и ова рок на испорака до 90 дрна мислам бршр ми стигна за нецел месец
Овие од пошта не носат пратки, ама јас сум упорна за да им се трупа работа... П.С. Унгарската пошта е бетер од нашава.
На маж ми му стигна картонче дека му е стигнато нешто од Алиекспрес и треба да го подигне за 8 дена. И денес отиде до пошта не му дадоа да го земе, штрајкувале. И сеа не знаеле до коа ќе штрајкуваат. Како да го земе ако штрајкуваат уште 8 дена? Па ќе помине рокот за подигање така…
Му рекле не знаеле до кога ќе штрајкувале.. не знам ни зашто штрајкуваат. Поштата ни е на најниско ниво за работа.
Пак ги нема пратките, од крај на февруари ги чекам и ќе ми истече рокот, не знам дали да отворам dispute зошто многу веројатно е да се во пошта и ептен се нервирам. Од друга страна, ако не ми стигне па зошто да ми пропаднат парите и не знам веќе што да правам
Јас си ги побарав парите и ми ги вратија. Пратката што ја чекав од јануари ми стигна вчера. Почекај до претпоследен ден и отвори.
Уште една пратка стигната а ми вратија пари... Само мене ли ми враќаат пари а ми стигаат производиве?
На сите, и маж ми од ноември се му помина рок за испорака за се му вратија пари, еве сеа му стигна нешто што требаше јануари да му стигне а му вратија пари за тоа.
Од сите пратки што ми беа порачани почеток на март, само една ми стигна преку Виа пост десетина дена откако ја нарачав, другите сите стигаат сега, преку пошта, вчера поштар ми донесе седум, денес две, и гледам дека и други имам веќе во Скопје, значи за некој ден ќе стигнат во мојот град.. Рокот на сите им помина, крај на април/почеток на мај беше, ама не барав пари назад туку само им пишав за да ми го продолжат рокот.
Ima li nesto so ne protestira u drzavava, uzasnotija. Pratki od pocetok na mart ne mozat do juni da stignat. Bruki.
Јас од февруари чекам, а во Македонија стигнати беа по две недели. Не е само на наша штета туку и на продавачите, си ги бараме парите назад, а ни стигнува пратката по 5 месеци, тешко и на нив. Ќе почнат еден по еден да не праќаат до Македонија.
Ми требаа некои работи за сега при крајот на мај, ги имам нарачано на 27 февруари, а рокот на истекување беше 25 април. Последен статус на пратките е на 5 април, пратката е ставена во вреќа. Значи катастрофа се.