Ја отвора. Од мк пошта и онака не е баш точен статусот на пратката. Многупати ми пишувало дека уште не е во Мкд, а нареден ден ми стигнала.
јас бев во пошта ми рекоа полека ги расчистуваат пратките и мене ми стигнаа три пратки од јануари, имаат огромни кеси со пратки како средуваат така праќаат
Значи не сум единствен што чека веќе 3 месеци за 5-6 пратки. Да почекам уште некој ден. Чудно, досега вака долго не сум чекал.
И јас чекам, од април стои дека се стигнати тука, веќе и ми ги затворија како нарачки.. Значи има надеж дека ќе ги добијам?
Од јануари уште чекам. На сите пишува ставени во вреќа од 5 април и толку, не мрда. А тие што ги нарачав почеток на мај, од вчера им пишува исто ставени во вреќа. Којзнае колкави магацини имаат во пошта со заостанати пратки. Рефундација добив речиси на се, а еве 2 пратки се појавија прошла недела, чекам уште 6. Ако на страната за следење од македонска пошта ви пишува известен за подигање, може да ви ја дадат пратката, земав една така, картонче немав. Ако е под друга шифра не ги даваат дека не можат да ја најдат во купот која е вашата. Таму им е, ама не е во делот за подигање пратки, него негде позади во магацин.
Здраво, ќе ве замолам за една информација доколку знаете, кога се праќа препорачано писмо од Скопје за лице во Скопје, кога пишува статус испорачано значи дека пратката е лично примена? претпоставувам не би требало да постојат грешки (како што споменувате во некој примери) бидејќи пошта претспотавувам е поригорозна за препорачани пратки? Дали некој знае или има лично искуство со пошта со препорачани пратки? Ви благодарам
На страницата за следење на пратки (оваа) 64 дена... Во Унгарија е од 29. април! За последнава порачка ми вика ќе стигнела за 17 дена.