Кај мене пишува дури 104 дена во транзит за сите нарачки што проверив. Прв пат толку ми доцнат стварно не знам што е работава.
Ама и јас заебавам, ем гледам дека не стигнуваат на време и пак упорно си порачувам... Некогаш ми текнува за рефундирање, некогаш ми пропаѓаат парите. Имало ситуации кога пратката е партал уништена како пешки да се тркалала, а некои уште не се стигнати.
Ако на страната ми се смени статусот дека нарачката е во пошта, ќе ми ги дадат пратките? Или мора да имаш картонче?
Мене последен пат сите во сандуче ми ги ставија и не ми пратија картонче… еве уште чекам па ќе видиме
Јас чекам од април пратка ми пишува ставена во вреќа,а имам отидено неколку пати викаат нема стасано. Уште една ми стигна минатата недела исто ставена во вреќа уште не е стигната ни таа. Јас пак будала и вчера нарачав пак ,а претходните ми немаат уште стигнато.. Што да правам како да постапам?
И моите пратки слабо стигнуваат ама си продолжувам да си порачувам. Заглавуваат во Унгарија. Чекај ги.
Ја имам нарачки од фебруари што уште ги чекам во вреќа беа во март тоа е ти е Унгарија па после два месеци во мај ми стигнаа во наша пошта и сеа еве месец ипол чекам од пошта картонче без него не те примаат и така се на се веќе 5 месеци чекам.
Добро луѓе, ќе стигнат ли некад пратките или да се откажеме? Јас нарачувам од АлиЕкспрес повеќе од 10 години, ама волку никад немам чекано.
Веќе сум речиси сигурен дека наскоро ќе нѐ стават во црна зона и, или нема повеќе да доставуваат до Мк или, пак, ќе ни опнат јак шипинг. Идиоти сме!
Дали доставуваат преку карго од али екпрес? Ми се јавуваат од виа пост сум имала пратка ,не се јавив во моментот и дечкото ја вратил пратката. Каде да се обратат да ми ја достават повторно? Имал некој вакво искуство?
Да, не кревав бидејќи не знаев за Виа пост и мислев некаков скам е. После кога видов дека е за пратката од али им се прејавив и доставувачот истиот ден ми ја донесе до пред зграда.
Наплаќа каргото за достава? Мене еднаш ми вика тука е,еднаш вика ја вратив,другиот ден вика во понеделник ќе ти ја доставам.