Некој поназад имаше кажано дека ова во вреќа значи дека веќе е во државава, т.е во пошта. И мене ми дава вака за 3 пратки што чекам, првата од 20ти мај е во вреќа, а крај на април нарачана. Уште малце рокот ќе ѝ измине. Таа вчера што ја земав после само месец, ми беше малце и поскапа па ај другите ќе ги прежалам
Не е, пратката си е во Унгарија. Убаво си пишува кога пратката е во Скопје. @Munchmallow20 провери колку дена ти патува пратката овде: Package tracking with tracking number (ordertracker.com) Мојата 84 дена и не очекувам дека за 1-5 дена ќе стигне во Македонија.
Ми стигнаа пратки во март нарачани и 2 месеци заглавени кај нас. Поштарот ми кажа дека долго стоеле во главната пошта и не ги проследувале на локалните.
Тоа 'ставено во вреќа (излез)', јас мислам дека е ставено во вреќа за излез од Унгарија и за ден, два, три.. стасано кај нас. Ама во нашата главна пошта не им се извадени од вреќа, за да се смени статусот дека се веќе во Македонија.
Истово ми е на 4 пратки нарачани во исто време во јануари. И рефунд добив за нив одамна. На 5ти април "ставени во вреќа", две се појавија последниве недели, третата пред некој ден добив картонче, четвртата уште ја чекам. 6мес после нарачка, 3мес откако се стигнати во Мк. Ненормална работа. Уште повеќе ме нервира сајтот на мк пошта што 90% од времето е паднат. Не можам ни статус да проверам, на рандом сајтови ги следам да не сменат инфо.
Еве два случаи: Градот го избришав јас. Пишува дека е на Царина така? . Ете го кодот под Cainiao Super Economy Global. Праткава не постои... А, вториов случај, пратката стои уште од крај на Мај, в пошта.
Него тие што живеете во странство, за колку време ви стигаат пратки? Ме интересира чисто дали е проблемот до нашите пошти оти ако не е туку е општ, од Али многу би губеле секојдневно со refunds.
Стигаат во предвидениот рок. Некогаш и порано. Една пратка не ми ја доставија (добив известување) и ми ги вратија парите.
Дали сте имале ситуација кај што на страната на пошта за tracking пишува дека е доставена а не сте ја добиле сеуште?
Aliexpress е проблематичен. Јас имам нарачувано и од ebay, Amazon, iHerb, и секогаш стигале во рокот кога го напишале (сеа месец дена е јбг ама никад не надминале).
Од еднава нарачка тој само ми го менува датумот за потврда. Трет пат до сега одолговлекува за 15 дена. Ова пешки да тргнеше, ќе стигнеше...
Ми се има случено, во пошта исто така ми кажаа дека е доставена. Па потоа се испостави дека е кај поштарот и ја земав
Denes mi stignaa dve pratki, edna porachana vo april preku posta, postarot mi ja donese, vtorava poracana 2ri juni denes stigna od neso eko logistik ako dobro gi razbrav na tel. A tie od mart uste gi nema, luda rabota
Обично ми стигале пратките за 2-3 месеци ама последните нарачки од јануари/февруари премногу ми каснеа. Ги добив за 5-6 месеци кога веќе имав кренато раце И дефинитивно проблемот е во нашата пошта, неколку пати одев да си ги барам пратките и цело време го добивав истиот одговор: тука се пратките, во вреќа се, не е отворена вреќата, па немаме поштари бла бла и последниот пат им се развикав и ги баталив веќе ама еве деновиве ги добивав во сандаче, секој ден по една пратка