Не е проблемот во АлиЕкспрес, туку во нашиве пошти. Пратки од март уште се заглавени во пошта, не можат да ги средат, а последните три шти ги порачав си стигнаа навреме, Еко логистик ми донесе две, една не знам, ја најдов пред врата. Штом последниве си стигнаа, и другите се стигнати, само не се доставени. Имаше поназад коментари од членки што не живеат во Македонија, им стигнуваат пратките во временската рамка што е пишана на апликацијата, не ги тегнат со месеци. Сум порачувала и од Wish, стигнуваат побрзо од тие од Али, ама не се од Али виновни. Друго, поназад пишав ама се повторуваат исти прашања и коментари, кај мене се покажало дека тракинг статусот врска си нема, ми пишувало дека пратката е во Унгарија а нареден ден сум ја добила. На тоа не се потпирам веќе, знам каде се пратките, во поштава наша се заглавени.
Конечно ми стигнаа пратките нарачани во февруари. Ги зедов од пред врата пошто ме немаше неделава па сигурно деновиве ги донел поштарот.
Шо привилегии имате вие бе шо пред врата ви ги носат Кај мене и моите што сме порачувале само картонче оставаат и толку
Во помали градови сеуште носи поштар на врата. Во Скопје мене не ми донеле пратка сигурно преку 6-7 год, само картончиња. Порано ако беше нешто мало го пуштаа во сандаче.
Не сум од Скопје, ми носи поштар до врата, се потпишувам за секоја пратка. Ако не сум тука ми ѕвони на телефон, не остава ништо ако лично не земам и не се потпишам. Ако не сум дома тогаш картонче остава.
Јас живеам во мало место и овде во нашата пошта нема гужви па секогаш ми ги оставаат на врата, ниту се потпишувам ниту ми sвонат. Мислам дека на поштарот само јас му стварам работа
Пратката требаше да ми стигни 26-28 јуни. Статусот и е дека е во Унгарија. Сега бев до пошта да прашам, ми кажаа пратката е Ск и ќе стигне за некој ден. Така да статусот што го има на пратките не е точен. Инаку и јас сум во помало место, мене ми се јавуваат ако сакам да си ја земам од пошта или ми ја доставуваат.
Дај кажујте број негде има ли каде да ѕвонам, требаше да ми стигне нарачката на 2 јули пишува и дека автоматски за 7 дена ќе се направи дека стигнала, уште касни а во месец Мај ја нарачав ужасно се нервирам
Сите сме во иста ситуација. Кај мене на една истече, од април е нарачана Други две исто ми се заглавени во пошта и кај и да е ќе истече и на тие Прашај во пошта ама ако пишува дека се во вреќа ко кај повеќето од тука, обично тоа им значи дека се стасани во пошта ама не се распределени. Можеш да побараш refund крајкрајова ако не стаса
Мене на една пратка само ми го продолжува рокот за достава за да не му ги побарам парите, а немав ни намера на овој да му барам пари и сега ме забавува.
Не дека не си во право, ама еве, имав нарачано ствари од iHerb, стигнаа точно за месец дена како што пишува. Ствари од Aliexpress, нарачани во април, уште не се стигнати, денес им стиснав Refund на сите. Мислам дека праи разлика од каде доаѓаат пратките.
Мислам и типот на транспорт. Сите што ми се заглавени ми се со економи, таа една што ми стаса за месец (последна нарачана) беше единствена со стандард
Simnete Parcel i gledajte do kaj se. UB pratki Ako se vo vreka. Tie se kaj nas vo posta stigaat posle 2 3 ili 4 meseci I da istece rokot.