Онлајн шопинг нзн зошто така,и јас ја отворив страната кај мене имаше current location,destination county itn...јас проверувам на www.17track.net и на други ама оваа ми е најажурирана..пробај а и најлесно се проверува
Онлајн шопинг Девојки ај помош. Кажете ми ваше искуство со бројчиња кога нарачувате од Алиекспрес. Ако носам XL облека дали и XL да нарачувам или секогаш да одам со еден број поголем, конкретно за капутчиња и сакоа сега прашувам
Онлајн шопинг се мерев, ама кај кинезиве за XL имаат различни големини, некаде обем на гради им е 90, некаде 94,96,100. Дали облекава им е по димензиите што ги пишува?
Онлајн шопинг Си купивме патики и за секој ден и за трчање со мажето и сега ги чекам да стигнат. Се опрчивме бааѓи пари ама за чевли не се штеди нели
Онлајн шопинг ми пиша селерот дека производот е некаде изгубен во транспортот и дека ке ми ги врати сите пари цела сума па баш деновиве ке проверам дали ми се вратени на картичката
Онлајн шопинг Нарачав од Али едно палто и прстен, ама од два различни селери. Првпат нарачувам, па имам неколку прашања. Ми стои дека за процесирање на нарачката треба 15 дена, а за да ми стигне 15-60 дена, тоа процесирање што значи? Да им стигнат парите на сметка или? И каде можам да гледам до каде ми е пратката, па ако ми е изгубена што треба да превземам? А прстенов што го нарачав од вториот селер, уште сабајле му пишав порака и онлајн е и не ми врати, ама сепак го нарачав прстенот, 2 долари беше и не пишуваше минимум ордер и сега незнам дали ќе ми го испрати, ама мање више гајле ми е за прстенот, битно ми е за палтото. Се надевам дека негде околу 20 ноември ќе си го добијам
Онлајн шопинг ^^Процесирање значи спремање на порачката за да ти ја пратат.Koга веќе ти се појавило процессинг значи парите се земени од твојата сметка. КОга селерот ќе ја прати, ќе ти даде и страна за следење на порачката. А ако не, има линкови низ темава , ќе си видиш. Инаку не се базирај многу на тракингот , мене секогаш ми стојат во едно место и на крај ми пишува дека е стигната во државата и не сум имала проблеми со нарачките.
Онлајн шопинг сама ке се цитирам да ви одбјаснам што се случи во пошта отидив викаат нема стигнато уште ништо ок викам ај зедов звонев во пошта во ск таму во оделот за поплаки па ми го побаа бројчето да проверат дали е влезена пратката во мк и тој ми одговори не не е влезена у мк ок си реков ке стигне кај и да е кога ете ти го поштарот поручекот ми ја носи јакната дома си размислувам самата како никој појма нема од животот и што провери тој од оделот за поплаки при достава не влезена у мк порачката ма дај момилим ти се она веке и на вратата беше стигната значи така земаат плати појма да се нема од животото извинете морав да се изпукам некаде
Онлајн шопинг Сега ми пишува awaiting shipping и the seller is processing your order, тоа значи дека сеуште ми ја нема испратено пратката? Кога ќе ја испрати ќе пишува таму?
Онлајн шопинг Ќе пишува, плус и на меил ќе ти стигне дека пратката е пратена. Не му се секирај толку, ќе бидеш во чекор со се. Само ти реков не се базирај многу на тракингот , зошто мене никогаш не ми покажува точно, а порачките ми стигаат за 20-25 дена.
Онлајн шопинг Ај едно глупо прашање,прв пат нарачувам од интернет Гледам има некои работи ефтини на aliexpress ама праќањето е многу скапо.Тоа можеш да си го подесиш некако преку што сакаш да ти биде пратено или? И има ли некои други работи што треба да ги знам освен општиве ако нарачувам од aliexpress?
Онлајн шопинг ^Ќе гледаш да ги порачуваш тие кај што нема доплата за праќањето(пишува free shipping). Јас сакав да прашам за што служат тие фидбек бодови? Инаку ми стигна и петтата нарачка.
Онлајн шопинг Bunny како што кажа и sweet-star ќе гледаш да ти пишува Free shipping,или пак ако сакаш да бидеш сигурна, кај производот што сакаш да го купиш оди подоле ти пишува Shipping and Payment кликни на тоа,па имаш Ship to- ти ќе го наместиш на Македонија.Под него имаш табела и ти пишува се позз Аа инаку ја порачав јакна па чекам да ми стигне
Онлајн шопинг На оваа страната за следење на нарачките, 17track.net ми пишува ова No information, please check your item identifier. Што е работата?