Не ми се за брзање секако, ама не ни иди памет никако, знаеме дека по пола година се чека и упорно нарачуваме
Скроз обична пратка со фри шипинг порачана на 16 јули ми стигна денеска. Уште се чудам како толку брзо низ овој хаос што се случуваше. Едит: Пратката од карго ми ја донесоа, а не директива од локалната пошта не знам зошто.
Исто и мене, денеска ми стигна пратка нарачана на 19ти јули, нецели 2 недели, преку ВиаПост. Од новиве нарачки што ги имам само таа ми беше со RR... тракинг бројче, другите сите ми се UB... Па ќе видиме тие кога ќе стигнат, во ист ден се сите нарачани. И претходно некаде февруари март месец исто пратка RR.. ми стинга преку ВиаПост за 2 недели, останатите ги чекав по 3 4 5 месеци
Ќе видиме, еве овие со RR тракинг број, најверојатно со друга компанија пратени ни стигнуваат за околу 2 недели со приватно карго, а за другите UB преку пошта не знаеме уште..
Дел од кодот за следење на пратката. Пример UB123456HU (HU е земјата кај што треба да тразитира. Центар за достава на Алиекспрес во Европа е Унгарија)
Немам порачано од мкд од дамна. Дали е уште царина лимит на 45€? Дали прифаќаат кинеџите да пишат друга цена за да не се плати царина?
Дали може да е до тоа што е телефонскиот број сега неактивен (тој што е внесен на Алиекспрес),па затоа да не ми е доставена нарачката? Слушнав информации дека преку приватна карго компанија сега некои пратки ќе ги доставувале, мислам ВиаЕкспрес беше. Праткиве ми се нарачани пред месец и пол. Последно поштар ми донесе пратка од алиекспрес на почеток на јуни. Треба да се јавам во каргото да проверам дали случајно е таму некаде заглавена??
Изгледа само дел земаат приватниве, има и пратки што идат преку пошта. Најверојатно не ти е доставена бидејќи не можеле да те добијат. Од ВиаПост ми стигна вчера порака на вибер дека имам пратка, денес ми се јавија и ми ја донесоа. Пробај барај во ВиаПост, не знам дали и други карго компании носат од АлиЕкспрес.
Мене вака ми стои за вчера и завчера демек неуспешен обид за достава и кога ќе отворам на пошта да проверам истото ми го пишува, а дома сум цело време ни поштар дошол нит ништо. А тел. број ми е во функција достапна сум. Не отидов во пошта не се јавив и ете го поштарот денес ги донесе сите пратки. Иначе не живеам во МК така да можно е да не е до поштата, ама сепак јави се прашај
Пробај си, прашај си го селерот и ќе видиш дали ќе прифати или не. Речи им да ти пишат дека е подарок, или помала цена, објасни им зошто.