Што пие кафана јас имам за частење! Пратката што беше порачана во јануари а требаше да стигне на 08.04.2024 стигна денес.
Ау, ау, ау! Нарачав пред 2 недели неколку производи, едниот ми стигна денес! Број 2 на листата најбрзо доставени производи од Али во мојата кариера.
Мене ми стигнаа ранец и маичка за 2-3 недели, а други ситнурии што имав порачано уште пред нив не се стигнати. Ми рефундираа, ама уште се надевам дека ќе стасаат. А сега згора на сѐ уште 5 пратки нови чекам.
Според мене пратките шо ги праќаат преку Yanwen economics или Aliexpress standard shipping стигаат побрзо, уште преку тракинг бројот се приметува. Ама ако е пратено преку Cainiao и тракинг бројот е UB**********HU тогаш ќе си ги чекаш едно добри 3-4 месеца. На некои производи има да се избере преку кое карго сакаш да ти ја пратат али често се доплаќа. Е сега ако нарачуваш ептен нешто ситница тогаш и нема опција да се бира.
Од секогаш е вака. Нормално дека побрзиот шипинг се доплаќа, бесплатниот ќе си се изначекаш но сепак не се чекаше по сто месеци, туку месец, месец ипол, додека овие побрзиве беа од две - три недели максимум. Така се сеќавам дека беше. Сеа иначе све носат приватните карга, ништо не иде преку пошта веќе ко порано? Или ако е преку Cainiao пак пошта ги носи? Ако не ги носи пошта веќе не би требало толкав застој да има и да си ги добивате во предвидениот рок. Нашава заедно со унгарската пошта заебава работа. Памтам порано Латвија беше земја транзит и си стигаа без проблем за околу еден месец.
Двете пратки што ми стигнаа за месец, двете ми беа со стандард шипинг и тоа бесплатен шипинг Ама и јас ептен на среќа ги начекав. На другите, евтините со економи, шо ги чекам со месеци, имам платено нешто ситно за шипингот
Здраво,дали има можност да се следат пратките освен преку самата апликација на Али? Нешто преку пошта да може да се следи со бројчето на пратката?
Можеш да следиш на веб-страницата на Пошта или овде: Package tracking with tracking number (ordertracker.com) Кај мене е циркузи...
На самиот производ пишува преку која пошта ќе го пратат, а може и да бираш де. Ама не некоја ситница да е.
Женски да не знаете која е разликата меѓу UB и PP? Пратка со ПП ми стигна за 2 недели буквално,останав вакваи тоа преку Виа Пост до дома. А тие со УБ си ги чекам со месеци веќе.Да не има некаде опција пред да порачаш да видиш од каде се праќа пратката а?
Денес си порачав две нови работи од кај чичко Али и пратките почнуваат со RR, значи конечно ќе ги добијам на време.
Леле мило ми е Има некаде да се види пред тоа од каде се праќаат или по чиста случајност ти се погоди?