На страницата горе десно влези во профил како на сликиве. Најди ја нарачката и кликни на truck order кликни таму и ќе видиш како ти пишува. Види како на сликиве:
Според типот на шипинг. Економи шипинг е со UB и покасно стигаат, овие со RR имаат стандард шипинг. Ама зависи од производот, обично само едниот тип можеш да го избереш. Барем вака е кај сите мои досега.
Мене од вчера, прв пат со RR ми се порачките, сите други ми се со UB. Претпоставувам дека овие со RR ќе ми стигнат побрзо, иако пишува на 19ти ноември дека ќе стигнат.
Се среди ли работава со праткиве? 1 година немам ништо нарачано ради наша пошта, ми ги губеа пратките, па да прашам дали се подобрија? Вреди ли да нарачувам сега?
Си порачувам јас, а тие шо ми каснат фино лепо си барам рефундација иако после стигаат. Кога веќе ми стигаат за четири месеци ќе барам секако.
Ако треба да погодувам, сфатија селерите дека не ја бива работата преку Унгарија, па смениле шипинг. Реално до сега 10 пратки добив рефунд, па ги добив после 6мес. Сум ги изначекала, ама беспари ми дошло.
А ви ги враќаат парите? Имам пратка уште пред 2 месеца и уште ја нема,ама не ми дава да направам refund.
Само ако ти поминал рокот. После тоа автоматски ти ја бележи за стигната и можрш само review да направиш. Рефунд само во одреден период може одма после рокот за стигање., ни порано ни покасно.
Ова тоа што прашувате. Во случајов тука можеш да бираш и првиот (economy) ко шо сфатив е неофицијален, нерегистриран, не е "следен" толку прецизно интернационално, па затоа вика тракинг unavailable и стига многу покасно. И се со UB тракинг код. Второво со стандард шипинг е регистриран (RR), т.е. секоја промена на локација се следи и менува интернационално, затоа и тракингот го кажува available и се во прв план, за разлика од првиве. Ама ова кај овој производ, кај други често е само едната опција достапна или па стандардот е прескап. Детално не знам ни јас да објаснам, ова отприлика што прочитав беше Барем да знаете која би ви стигнала порано, која покасно.
Може да се следат ама ко што знам помалку прецизно е за нив, зашто не се приоритетни, да не апдејтуваат цело време.
Zdravo kaj mene stoi status na naracka so RR vaka ama uste neme pobarale od kargo. Da ne znae nekoj od prilika koga zvonat od kargo od kako ke se meni vaka statusot na narackata ?
Ми стигна известување на е-маил дека пратката со RR што сум ја порачала на 21. август е ставена во вреќа и спремна да излезе од Унгарија, на веб-страницата на Пошта стои: Не знам дали да почнам да се радувам и да очекувам пратка или да не си давам лажна надеж....
Мене едната што ми ја донесоа брзо со Еко логистик, исто вака не ми ја даваше ич на пошта. Туку ми стаса картонче за една од април, алелуја