Јас во јуни правам свадба, надежно зедов денес и нарачав триста ситници, се надевам барем до март ќе стигнат
На линков (Universal Parcel Tracking - Global Package Tracking (parcelsapp.com)) ми пишува дека Еко логистик ќе ми ги донесе пратките: *Овие нема шанси да стигнат до 1-2 декември, тек сега поминале тамошна царинска проверка... Ќе шетам ја у јули на одмор со Merry Christmas маска на мобилен.
Нарачки од 20 септември сите се во Мк на 16 октомври. Рокот им е до крај на ноември така да очекувам сигурно да дојдат најкасно со тогаш. Позитивно изненадена.
Брзо стигаат последниве. Одамна немав нарачувано, на почеток на октомври нарачав нова футрола за Киндл, завчера ја добив, ЕЛС ми ја донесоа. Завчера направив уште една нарачка, и таа е со ecs тракинг број, би требало изгледа да стигне за некои три недели. А пишуваше estimated delivery средина на јануари.
Треба ли при нарачување да се кликне нешто посебно за да стигнат преку брза пошта? Или веќе автомстски сите ќе ги доставуваат така?
На фв страната на поштава имаше пост дека ги преземале нарачките од алиекспрес. Така да мислам дека автоматски сите ќе идат преку нив. Ама ако избереш пратка со некаков шипинг да платиш, макар и 1$, побрзо стига. Не заради поштата тука, него од Кина побрзо ќе стигне до Македонија.
Сакав да нарачам rhode кармин па не бев сигурна дали вреди да нарачувам било каква шминка па дури и брендирана
Може да отворите тема слободно, мислам дека подобро е да си има посебна тема. Може ти да ја отвориш темата?