Мене штом ми покаже дека е Скопје во пошта наредниот ден ми е доставена во Битола .Последната нарачка ми стигна за три недели а нарачки пред тоа што ми беја порачани ми стигнаа покасно.Дали имаат нешто забрзано незнам сега имам друга нарачка баш ке видам за колку време ке стигне.
Ништо, сепак не била стана во Мк. Во пошта го имаат кодот на нарачката, но ми кажаа дека стои кај нив дека е ставена во вреќа, и тоа значело дека сеуште е во движење за накај нас... А на апликацијава за тракинг на али ескпрес еве како е, и јас си мислев дека значи во моето локално место.
Алиекспрес испраќаат нарачките и чесниот поштар ми ги носи на врата. Но, ако стигнат кај едно карго тие не ги даваат нарачките дури и се бунат ако им се јавиш да си ја побараш нарачката. Си ги зимаат за себе. Дали има некој вакво искуство? Како презел мерки?
Мене досега со RR една ми донесоа карго, две по пошта. Мислам дека се рандом искрено, карго компании преземаат дел од пратките оти пошта не постигаат. Оти од RR идат побрзо, види на страната на пошта дали има податоци. Ако има, преку нив е. Ако вика не се пронајдени податоци, а имаш инфо дека пратката е во државата, би требало преку карго (обично ЕЛС носат)
Пробав прво со пошта оти тие преку ЕЛС обично поинаку се пишани. Немаше. Пробав преку ЕЛС и пак немаше и зато уствари прашав пошто каснат и можам да се кладам дека в пошта се. До сега карго ми нема каснето. А, ич неќам refund да барам пошто знам дека е тука негде. Е сега кај е то негде. Ќе дознам некогаш можда.
Порачав две исти шишенца едното на 3 февруар, другото на 27ми. На ова од 3ти ми стои дека треба да ми го испорачаат до 14ти април, мене поштарот ми го оставил на 26ти март.. Пратките што стојат дека се стигнати кај нас во Пошта им се измешани и во Пошта никој жив не се замара... Ако сакаат можат сите пратки да ги распределат во брзо време. Неколку пратки на кои одамна им е поминат рокот веќе нит стигнаа, нит пари побарав...
Сакав да порачам нешто и видов дека на Алиекспрес поштарината за Македонија е пет пати поскапа и поспора од таа за Германија и се откажав. Кај нас се исплати само за продукти до 100 грама со бесплатна достава.
Последната пратка од Алиекспрес ја имав лани. Октомври чинам беше, за две недели ми стигна, ЕЛС ми ја доставија. Не сум нарачувала многу, ниту пак често од Али, само кога имав навистина потреба. Сега од Тему нарачувам, брзо стигаат.
Рулет е. Најголем % од пратките ми стигаат по карго и во рок од максимум месец (2-3 недели најчесто). Е, тој мал процент од пратките кои стигаат по пошта ... Некогаш после неколку месеци стигаат. Толку ми е низок стандардот за поштата шо искрено ми иди да речам "барем стигаат". Уште не знам која е шемата за тоа кои пратки стигаат по пошта, а кои по карго.
Фала дечки. Овде кај што живеам за секој пакет плакам 1.5€ во пошта ики на поштарот, без разлика дали сум платила шипинг на али или било фри. Мислев таму да не се сменило нешто да не убрзале па да си нарачам во Мк ама ништо ќе си нарачам од тему
Јас тоа сакав да тестирам дека одамна не сум нарачала. Нарачка на 17 март, уште е во Кина. Awaiting flight пишува на тракинг. Дефинитивно поише ми се исплати да почекам да соберам неколку работи до 600ден и да ги нарачам на Тему.