Немој да си се прелажала преку пошта... Прерачунај си за Тему како ќе ти е поисплатливо и така праќај. Освен ако не ти е нешто неважно, па не ти е гајле кога ќе стигне..
На Алиекспрес апликација е поинтересно да се купува сега со coins (кога би имале ние функционална пошта..) бидејќи дава дури и до 60% попуст на истите работи што се продаваат на Тему.
Мене последната пратка што ја имав порачано ми стигна преку карго, мислам веќе дена не одат преку пошта
Одат упте ,мене една по карго само ми е стигната другото се по пошта. 3 артикли имам за зимање од 19.03 пишува дека се во пошта Ама моментално не можам сама да одам па тоа е сеа нека стојат. Како ги наоѓаш овие ,сакам тонери за принтер на Тему или нема или се поскапи.
Собираш "парички" секој ден на AliExpress апликација и во тој дел за "coins" ти се нудат производи со попуст. Во тој дел истотака можеш и рачно да побараш некој производ и да видиш дали и колку се нуди попуст. Гледам на тонери за принтери висока е поштарината за Македонија, не знам дали ќе ти се исплати бидејќи AliExpress не нуди попуст на поштарина туку на само на цената на производот.
Здраво имало тема Алиекспрес . Јас купувам со coins и по 95% попуст ми дава некогаш. Сега баш изнакупив глупости 30 пратки чекам.
Секој ден собирам по 75 коинс, сите раб што сум ги гледала или ставила во wish лист ми дава предлог да ги купам со коинс. Имам околу 10 000 коинс и плус трошам. Ко ќе кликнеш тука ти дава понуда...
Пазете се, не купувајте работи кои идат преку "AliExpress standard shipping" затоа што ќе ве ограбат. Најбезбедно за сега е само со Free shipping (бесплатна достава) ама ќе чекате два месеци.
Нарачав пратка преку Ебај од Кина и ја испратија по Федекс. Дали Федекс, ДХЛ и сл. сеуште наплаќаат шпедитерски услуги за пратки нарачани по интернет во вреднос над 45 ЕУР со иста цена како да увезуваш шлепер со 30 тона товар како што наплаќаа порано. (знае ли некој да одговори како одат сега работите?
Да. UPS, FedEx и DHL ќе ти направат да се покаеш што си нарачал. Ти се плаче кога ќе слушнеш дека бараат 4000 ден. за нешто што кошта 6000 ден. Ако ти лупнат многу висока цена не подигнувај, нека го вратат производот.
Не можам да поверувам дека овој арамилак се уште постои и после 15 години. Што држава ќе беше. 2010 година нарачав пратка од Италија ја пратија по ДХЛ и за 80 ЕУР платив 5500 ден давачки со се трошоци за ДХЛ. После тоа 2014 негде нарачав едел алат од Кина и исто ми го испратиле добронамерно по ДХЛ без да знам и штом ми се јавија од ДХЛ веднаш кажав дека не сум нарачувал ништо што треба да стигне со ДХЛ и нема никогаш да нарачам. Ме контактираа уште 10 пати пи праќаа слики од пратката викаа дек ќе ја уништат. Не им пратив никаков документ, затоа што во тоа време викаа дека ако пратиш документи автоматски си се обврзал да платиш се што ќе ти накалемат, и се откажав од таа пратка, ме обештетија преку Пејпал, и не дозволив да ме опљачкаат како првит пат. За поштенска пратка се наплаќа шпедиција како да имаш камион за царинење паркиран на терминал. Никаде во светот не се наплаќа шпедиција и лежарина за поштенска пратка, можеби освен во ептен банана држави. Никаде во светот експрес брзи пошти не задржуваат пратки за да го опљачкааат примачот. ДХЛ ТНТ и Федекс не работат на овој начин во своите матични земји САД и Германија од каде што доаѓаат и никако несмеат да помислат да наплатат ништо повеќе од цената која ќе ја платите за достава. Ама овде имаат екстра профит од оваа пљачка на Македонските граѓани и не ги интересира како, туку само да имаат поголем профит.
Подобрен ли е Алиекспрес со доставата? Тоа што ми треба го нема на тему, а имам 1,5 месец време за да стигне
Нарачано на 17 март, во Мк од 15 април, и тука застана. Баш нарачував нешто ситно да тестирам како е доставата сега.
Нема подобрување. Преку Cainao Economy Shipping стигнува точно за 60 дена. Ако сакаш побрзо да ти стигне (за 14 дена) тогаш секогаш избирај - AliExpress Standard Shipping за достава.
Зависи кава среќа ќе имаш некои пратки обично најефтините доаѓаат преку државни пошти, а за малку поскапите може да дојдат со ВИА пост или ЕЛС. Пред 2 дена примив пратка од од Алиекспресс во вредност од 2000 ден преку ВИА пост ја чекав негде 3 недели.