Јас поназад пишав зошто мислев дека пораката ми е од нив, но испадна дека се чека исто како порано. Заглавена е еден месец во пошта. Само стои пристигната во наизменична пошта на 22.12. Ќе одам нареднава недела во пошта да прашам кај е.
Минатата недела ми стигна во државава, помина царина за 2 дена и сега со поштата треба да ми ја достават.. а шипингот ми беше AliExpress Selection Standard, не тој другиот бавен, но изгледа како ќе се погоди е. Ама бидејќи ми треба да ми стигни до определено време, се надевам ќе има некаков апдејт следнава недела, инаку ќе треба да им досадувам. Се тешам со тоа што досега имаше брзо апдејтирање на тракинг информации, тие што се погодиле да ги чекам со месеци немаше ни информација дека се во државава.
И моите се со AliЕxpress Selection Standard, се надевам дека нешто магично ќе се смени во Пошта. Праткиве ги следам на сите можни страници за следење. п.с. Имам некои уште не се тргнати од Кина од 8. јануари, а ми пишува дека поради непредвидени околности може да задоцнат 10-15 дена, тек овде додека стигнат за следна нова година...
Му стигна на некој нешто од Али Експрес периодов? Мојата пратка за која пишував не е стигната. Не знам зошто направиле преку поштава, мислев ќе е по приватно карго. Последен апдејт е од 15ти јануари дека пратката е ставена во вреќа. Им пишав меил на поштата пред околу 2 недели и веднаш ми вратија дека тоа значело пратката не е стигната во Македонија уште и да следам на тракерот. А на Али Експрес тракерот стои дека estimated е до 20ти февруари, но не ми се верува дека ќе стигни дотогаш кога цел месец еве нема никаков апдејт.
Ми требаат некои работи од али експрес бидејќи ги нема на тему,пред неколку год една пратка ми украдоа,за друга се расправав во пошта па отидоа ја бараа по тоа ќесите…Сеа ми е страв да нарачам гледам ви доцнеле пратки ама барем исходот да е добар да пристигнат кога и да е…
Денес бев у пошта и ми рекоа дека денес им стигнале пакетите од Царина. Пратката што стигнала на Царина на 28.01 можно е да е во тие пакети, ама ќе знеле отрилика за 2 недели и ми рече да појдам следниот петок за да ми каже евентуално да не имам среќа да ја најдат порано, ама најверојатно за 2 недели ќе завршат со сортирање кое каде е. Прво пратката заглави на царина од 28 јануари, сега ќе треба да чекам уште 2 недели за да знам дали пратката ми е во овие пакети или ќе тееба да чекам уште време...
Како ти пишува на тракерот на поштата? Мене ми одговорија дека ако последно пишано е "пратката е ставена во вреќа" и нема MKSKP не е во Македонија. А на Али Експрес на 20ти јануари пишува package arrived at regional carrier facility. И сега појма немам кај ми е праткава.
Ова беше на нивната страница за следење пратки до минатиот петок, вчера ми рече дека не знаат што има во пакетите.
Дали некој има користено customer service на Али? Еве дел од разговорот за пратката ама искрено не знам дали ќе е корисно. Спојлер
Zdravo. Za kolku vreme od prilika vi pristignale pratkite od AliExpress otkako se na carina? Od 8mi e na carina i nemardnato...
3 пратки нарачани од 29ми декември, сеуште ги немам добиено, исто како и другите што кажуваат, појма немам каде се, нема информација 28ми фев последен датум за достава..
Јас веќе одамна немам нарачано од таму. Последното ми стигна пред некој ден, и тоа беше купено за 5-10 денари, така нешто. Е, сега, кога ми го донесе поштарот на врата - ми зема 9 денари мислам дека беа. Сега ќе имало такви плус доплати, во зависност од пратката/цената на пратката, не знам шо - како. Чудно. И, да - мора да се потпишеш кога ти ја даваат. Порано само ми ги оставаа пред врата, на пример. Потпис - само кога сум одел лично во пошта, за поголема пратка.
За колку време стига? Ја после предолго време, години се поминати, порачав завчера, пошо на Тему не најдов тоа шо барав. И чеј, сакаш да каеш ќе треба да доплаќам?? 550 денари е праткава. Ко шо глеам изменета е апликацијата за разлика од порано. Ми стои стандарден шипинг. Тоа на времето значеше побрза испорака, за разлика од тој Cainiao шипингот кој беше најспор. Вас по кое ви ги праќаа? @Malatasirena123 @emits @Amellie13 @Antebellum Ви стигнаа?
Ау, не знам, никогаш немам проверувано преку што ми праќаат, од причина што, последните... многу се )) пати, сѐ што било нарачано - било или подарок или 5-10 денари со купони. Имам милион ситници така добиено. Сега веќе многу тешко се добиваат такви ствари, сѐ е покачено. Пример, последново што го добив, сум го платил некои 10 центи (5 денари???) и поштарот мислам дека земал 9 денари кога го донел на врата. И баш кажувал дека им е мрцварење, морало лично, па да се потпишеш и да платиш: кој 2, кој 9, кој 12, кој 30 денари... А зошто, како и што - појма неам. Читав нешто дека ЕУ донела некоја нова регулатива во однос на тоа, ама ме мрзеше да прогуглам.
@Mrs. right не ми стигна. Refund си побарав и прифатен е, сега треба банката да процесира и да ми се вратат парите на сметка. Се надевам ќе е за брзо. Инаку не ме чуди да ми стигни по којзнае колку време. Ми се има случено по пола година да ми стигни порано, но генерално пред Тему ми стигале за месец отприлика. Сега ништо, нема апдејт од јануари, заглавена е некаде.
Сега добив порака за друга пратка од Карго експрес, дека ќе треба да платам 18% за истата, $ 30 е пратката, за другите што ги каснеа направив refund ми ги вратија парите и две од три нарачки ми ги доставија со 10 денари за поштарот. Standard shipping си е
И јас исто добив порака дека треба да се плати 18% ДДВ, дека на Тему си се пресметува само при правење на нарачката, но на Али Експрес не, и Карго Експрес го плаќа тоа на примање, па после пресметуваат откупнина. А само што побарав рефундација дека не ми е стигната пратката, и плус беше преку пошта.. а имам и една друга од која нема ни трага ни глас исто, појма немам која пратка ми е сега. Зар можат да префрлат од пошта по карго експрес? И двете ми се од почетокот на јануари порачани.