Искрено не знам која е нарачката, ќе Ви кажам баш кога ќе ја "достават" ќе видиме А можно е за таа што имам и јас рефундирано пари веќе, ама бидејќи очекувам и друга не знам која е ..
Само што добив пратка од алиекспрес која требаше да пристигне крај на јануари ,пратката кошташе околу 900денари , сега на поштарот му платив уште 593 ден , напишале прво 28 ден а потоа шкртнато и со пенкало напишано 593 . Дали ги отвараат пратките па отпосле си става цена ако мисли дека вреди повеќе .Како иде јас веќе не би порачувала нешто од Алиекспрес , мада има многу работи кои на Тему ги нема .
Лелеееееее, абе што им е вака? За што ти наплатиле уште скоро 600? Ддв од 18% не е толку Овие ќе си играат курташак сеа со праткиве.. Си требала да прашаш за што е, и нереално е да кошта толку. Кузнае и мене колку ќе ми побараат, поевтина е пратката од твојата, ама пак не е без ич. Абе ова 66% од цената на пратката ти зеле Стварно никад више од Али..
Сериозни се? Како го пресметуваат ова не ми е јасно. Мојата пратка беше 1900, на здравје нека ми е ако дојди воопшто.
Можеби зависи дали пратката ја носи пошта или некоја од курирскиве фирми доставувачи, или пак едноставно е направен превид? Зимава имавме една пратка, еден продукт беше но со цена од 130€, доцнеше преку два месеци, од AliExpress извршија рефундација, за по некое време да ни стигне на домашна адреса преку една од курирскиве фирми, не ми текнува која беше точно, меѓутоа не плативме ништо.
Чудно ми падна и мене, многу долг период нарачував глупости од Али и никад вакво нешто ми се нема десено. Никад ништо не сум доплаќала, а поштарот не го ни гледав, ми ги оставаше пратките пред врата и си бегаше. Сакав пак да нарачам ама после ова што го прочитав, ќе размислам.
Гледам и многу ги кренале цените сум нарачала венче за коса и било 0.89 значи ни еден долар не било а сеа е 7 долари истото како така
Пратката ја донесе поштарот од пошта ,и претходно имав некоја пратка и платив 20 ден .Овој пат кога ми кажа ме удри дамла , викам не ли е многу ? Вика и ние се чудевме дали е толку со вработената во пошта (зашто во помало место се работи ) се јавиле и им рекле дека тоа е цената ..и не знам кому да се жалам пошто и тие не знаат ..истата сума со црвено пенкало напишана и на пратката којa е големина колку шпил карти . Ај да беше нешто габаритно ..не ми е јасно .
И јас нарачував со години и не беше вака , ама и најавија дека после нова ќе се плаќа некој данок или царина за пратките од алиекспрес , ама ова не е 18 % , не знам од кај им е излезена сумата за плаќање дури и децимали ставиле . Друго искуцано една сум па преправена со пенкало . Еве од Тему пратките си стигаат без никаква надокнада , освен ако имате за плаќање по превземање се плаќало плус 90 денари . Да знам дека се плаќа ,но како одредуваат ?ова е многу повеќе од 18%од цената ,а башка што на самата пратка продавачот напишал дека вреди 3 долари . Денес ми стига нова пратка која кошта 30 долари ,околу 1900 ден , пак доплата испечатено 19 ден па чкртнато и напишано 179.ден .Се работи за машинка- алатка за работа , поголемо пакување а претходното беше крема ..како они одредуваат царина и данок ? Мене ми нема смисла .Поштарот рече не било до поштата така идело од граница -ваљда од царина
Не знам сега како наплаќаат, немам последно порачувано од Аљи, другар еден шо му стигна пратка пред некое време ми кажа исто платил доста за пратката и вика не порачвам поќе не ми се исплаќа.
Мојата пратка конечно е Скопје во пошта, после два ипол месеци. Кога ќе ми ја достават ќе ви кажам колку ќе ми наплатат.
Кој статус последен ти е на Али? Вака коа стои на царина кај нас е ? Или у некоја транзит земја? Ја ств појма неам, пречудно ми е коа ќе влезам на апликацијава, дека одучена. Не знам ни коа да се следи на страната на пошта, за сега нема податоци ми вика. Тракинг бројот со Мк почнува, вајда преку пошта е. Ќе ме зачуди да стаса за помалку од 2 месеци Кузнае на царина само колку дремат, па следува пошта..
Јас мислам дека ова најверојатно е во транзитна земја, така да има можност да си чекаш. Помеѓу customs clearance started и completed разликата е само два дена кај мене. Но помеѓу последните два апдејти има 2 месеци разлика. Крајот на јануари од пошта ми вратија на меил дека не е во Македонија пратката уште. Веројатно во некоја транзитна земја заглавена или поим немам кај се има наоѓано. Еве како е кај мене сега:
Ја зедов денес пратката, точната сума беше 1914.72 денари, во пошта ми наплатија 313 ден. Тоа е некаде 16% како што ми пресмета аи. Вака иди кај секого различно. Едит: имам рефундација побарано овој месец, но уште нема ништо. Можело и до 30 работни дена да фати, па ако не стигни ќе одам во банка.
За во пошта што треба да симнам и да им однесам и дали ддв плаќате таму со картица? Знам дека ми се глупи прашањава, ама со овие од Пошта не зннам веќе како да се понашам...
Со мк пошта знаат да наплатат и лежарина а и за тоа што го отвараат пакетот. А ако проценат дека треба царина и ДДВ, тогаш и цената за испорака од фактурата ја вклучуваат. Па царина на сето тоа, па и ДДВ после царина и поарно од тука да си купил ќе ти излезе. Со мк пошта би нарачувал само нешто во плико што може да стигне, тие мислам не ги отвараат и проверуваат толку, ако не се многу големи.