MК, R на крај има Зар и малите пакетчиња ги отвараат? А царина нема зашо да се плаќа на нешто ситно и мало. Лежарина за шо, дека им дремат со месеци?
Аууууу изненадија, за помалку од месец дена ја добив Преку Елс беше. Значи по се изглеа дека најголемите заебанции ги праи нашава пошта. Доплатив само за ддв - то 89 денари колку што требаше. Така да пошта ве дупи и треба да си реагирате.
Ако одбијам да го платам ДДВ-то и лежарина што ќе се случи? Дали Алиекспрес ќе ми ги врати парите? Секоја пратка се проверува од нашиве на царина и се става измислено ДДВ и лежарина, мизерија.
На пратките до 22EU (а мислам дека и на оние до 90EU) за кои нема царински трошоци (има само ДДВ) и кои стигаат преку приватните карга, не се наплаќаат лежарина и други трошоци. Се наплаќа само ДДВ. Дали некој воопшто има добиено од обичните стандардни пратки UV...UZ преку Македонска пошта последниве два месеци а да ја добил во нормалниот рок од 3 месеци кој го гарантира АлиЕкспрес?
Тему има вкалкулирано ДДВ во цена. Да го направат тоа од Али многу работи најверојатно би се поедноставиле, ама ете. Особено со поштава каде што како изгледа пратките почнаа мувла да фаќаат.
Да, пример ако вредноста е 1500, доплаќаш 270. Би требало да ги вратат. Пратката може и да не се подигне, се враќа кај нив, па ти рефундираат. За други пратки од странство знам дека можеше, зашто да не и од Али.
Во правилата на Али стриктно стои дека не се одговорни за трошоците по пристигнувањето на пратката во дестинациската земја. Тоа е обврска на купецот. Мој совет е без играње со ваиви работи, да не отидат и пратката и парите јабана. Изговорите појма немав дека треба да платам ДДВ во мојата земја, па ја одбивам пратката се малку несериозни.
Пратка со вредност од 8500 ден, дали подлежи на царина и лежарина и колку отприлика би било? Со стандарден шипинг и Дхл.
DHL: [ (8500 + (царина на 8500) )+ДДВ18% на цена и царина заедно]+2500. Последниве 2500 се приближни.
Имам прашање. Пријателка ми кажа дека со игра наводнување на дрво ( поим немам како се вика правилно) имаш опција да нарачаш некој производ за некои 0,5 до 1 долар. Она нарачувала и стасувале. Но, кога ми ја започна играва ( не знам ни дали ко игра се води) ми стави нешто симболично наочари мислам се, и да собирам капки да расте дрвото ( се смеам ова што го пишувам, не ми се верува) и стасав со 70% за брзо време дека easy level. Но, јас не знам како отидов на hard level некое орален туш сум си ставила, сум смениле по грешка и сеа морам да вадам дрво многу долго време за да го земам. Како да го вратам на easy level со наочарчиња Не знае како се враќа оти не чепка она ко мене. Само ми дава смена на производ во тоа ниво.
Последнава пратка доста брзо ми стигна, за нецели 3 недели, преку ЕЛС. Ама ова ДДВто ме одра, скоро 50еу ме фати сосе него.
Пратка нарачана на 28.05 треба да ми стигни на 08.06 во понеделник сеа со DHL испратена е од Хонг Конг. За 10 дена ми стигна, е сеа shipping-от беше поскап и немаше друг избор освен DHL, платив 4.400 за достава. Секоја пофалба за ДХЛ, професионалци во секоја смисла, е сеа поскапо да ама па не чекаш. Пратката во рок од 8 часа промена дури 3 држави, се испрати од Хонг Конг до Германија, па од Германија во Грција и потоа во Македонија. Се е дигитализирано, следење прецизно на ДХЛ сајтот, плаќање, дури и мејл им пратив и вратија брзо, се јавија и на телефон. Документите коа ги прикачив во рок од 2 часа помина и царина толку брзо. Производ од Али Експрес: 4.100 Достава: 4.400 ДХЛ Царина и ДДВ: 2.760 Лежарина ДХЛ: 1000 Подготовка на документи: 593 Влупно 4000 ми зеде ДХЛ за царина, лежарина и документи + 4.400 за шипингот