Добро е, пак е помалку од 2500 денари за нивни трошоци. Само мене пак не ми е јасно зошто фино лепо не ја убацат лежарината во цената на шипингот. За 1000 денари можеле и една инфузија да и стават додека лежела во магацин. Или гледаат дали ќе помогне првата, па ако треба уште некоја да се доплати.
Највероватно е тоа, како да извлечат пари. А иначе коректни беа, фини и брзи, денеска ја доставија за 10 дена, порано два дена од предвиденото. Негативно е тоа шо производот кошташте дупло помалце од доставата и нивните трошоци, прескапо..
За пратка од 180 ден, треба ли да платам нешто дополнително. Денес прв пат слушнав дека се плаќа нешто дополнително на алиекспрес? Може некој да ми објасни како оди ова?
Се плаќа ДДВ 18% по новиот закон за сите пратки кои идат од надвор. Тему директно го пресметува ко ќе ти наплаќа и не плаќаш дополнително, но Али Експрес не пресметува, па затоа треба да доплатиш на курирот бидејќи тие ги средуваат давачките кон државата.
Подетално се распрашав околу ова за али. И го дознав следново. Дека од Тему не може да биде вкалкулирано ДДВ во производ што треба да легне на друга држава, туку се одложило ова со плаќањето на ДДВ од тему , што значи дека кога тогаш и за тие пратки ќе се вововеде. Во врска со Али, чат џпт вика дека се плаќа 100 до 300 ден ако е отварана пратката демек за повторно пакување од царина , на пратки до 90 евра, и од 40 до 70 ден за поштарина. ДДВ 18% нормално. Затоа сите се ко зависни од Тему. Кога ќе ми стаса пратката ќе пишам апдејт колку платив. Инаку фала ти на одговорот.
Ми стигна пратка од алиекспрес после 4 месеци чекање , јас искрено ја заборавив веќе. Капак на сето тоа беше што поштарот ми рече дека се плаќа 19 денари за царина ? Не се проблем 19денари ама јас ретко вадам пари и искрено многу е лошо кога така ќе речат дополнителни трошоци 5 до 12. Втф си мислам , никаде не ми пишуваше тоа . Ова ми е последно порачан производ од алиекспрес . Дефинитивно завршив со алиекспрес. Тему е сто пати подобро и знаеш колку треба да платиш и брзо стигнува.
Царина 19 денари е смешки. Прво лажат, царина се плаќа вирмански, не може да му платиш на рака. Зависи што нарачуваш ама има процент колкава е царината. Не иде тоа 19денари. Се оди вирмански и идеш да го подигнеш, не го носат.
И јас се зачудив па 19 денари дома ќе му најдам толку ситно .Му реков имам 1.000ка ако ми раситни ,ми вика не не не мора ,ајде некако најдов па 15му дадов . Прв ден од одмор дома во 8 саат уште неосвестена карго па и 19ден да му најдам мислам...башка производов го чекав преку 3 месеца . Завршив со Али , само Тему од сега и брзи и без дополнителни трошоци.
Од пошта на мм му го дадоа имаше и сметкопотврда ама ова беше лани негде и не ми текнува колку беше сумата ама ич Не беше нагласено како царина.