Онлајн шопинг Како неможит со дебитна да се прават нарачки ко јас со дебитна плаќам и на асос и на ебај.Не можи да се плаќат со картички од стопанска и зато си имет тие посебна интернет картичка.Јас плаќам со дебитна Виса од Халкбанк и нема проблем
Онлајн шопинг Сигурна си? Па како тогаш јас, со иста дебитна картичка од Тутунска, плаќам и во продавници, и по бензиски и ОНЛАЈН? Може слободно и со дебитни картички, само зависи од банка до банка дали тоа ќе го дозволи. Пример, не може со дебитната на Комерцијална, може со специјална интернет картичка на Стопанска, може со обичната дебитна на Тутунска (Мастер, Виза), може со Виза електронот на ПроКредит итн, кој има потреба нека ги пролиста сите банки и ќе ја најде најповолната.
Онлајн шопинг Најверојатно. Naked 1 и 2 се околу 50 долари. Ако не ти се проблем пари, прошетај си до Солун ја има Naked во Сефора, 25 евра мислам беше. Ама ја имаат само Naked Basics ако ти врши работа.
Онлајн шопинг За 8-9 долари и копија да е, се исплати. Имам гледано некои навистина добри копии, со многу слични бои како оригиналните.Не жали.
Онлајн шопинг Не знам што не разбра од А ти потоа си го напишала истото што и јас. Ќе додадам дека и од картичка до картичка има разлика. Сигурна сум, а на самото прашање и самата си имаш одговорено. А оној дел со плаќањето во продавници и бензиски веќе го напишав.
Онлајн шопинг Не мора да ме поправаш и дообјаснуваш мене, немаше потреба од такво разглабање на мојот пост ко кој знае каква информација да сум кажала, па секој збор беше битен да се искоментира Можеше слободно само да кажеш дека твојава реченица не е точна, и се` ќе завршеше тука ДА, може да се плаќа со дебитна, само проверете си со која и под кои услови по банките.
Онлајн шопинг Сакам да порачам преку Алиекспрес но на виса картичката имам повеќе пари отколку што ми вредат порачките и ми е старв да не ми ги повлечат сите пари што ги имам на сметката. Дали е безбедно и си зимаат онолку пари колку што вреди порачкатa.
Онлајн шопинг Си зимаат толку колку што вреди нарачката,но за секој случај при секое нарачување стави на картичката толку пари колку што е тоа што планираш да го нарачаш,ако имаш повеќе извади си го вишокот Со сите кредитни,но со маестро дебитната неможе,можеш со Виза електронот на тутунска да си купуваш
Онлајн шопинг И доколку се одлучиш на вадење (иако е сигурно и нема потреба од вадење на вишокот, освен ако не се работи за интернет картичка), остави околу 50ден. повеќе за банкарска провизија.
Онлајн шопинг Доколку случајно на Али Експрес пронајдете нешто што е нестандардно ефтино, не грешете душа и да го прашувате продавачот/продавачката за било што. Продавачот од кој сакав да нарачам мантилче го прашав дали го има во една величина бидејќи подолу пишува дека ја има, а нема дозвола да се обележи и доколку ја има ќе ја порачам со онаа која може да се обележи и да знае дека се работи за поголемата (не знам колку ќе ме сфатите, сепак конфузно е вака кога ќе се напише или прочита). И ми враќа продавачот/продавачката дека е во ред со некој чуден англиски и во рок од 5 минути, додека ја правев нарачката, цената на мантилчето се качи за 7 долари. Разбирам, 2-3, ама 7$? И фино и на културен начин ја пратив таму од каде што сакаше да ме прави будала. Ми се извинуваше потоа и се праваше со системот. Right: оној истиот систем од кој сите порачуваат и од кој веќе една недела имаше една цена и системот успеал сам да ја качи цената за неполни 5 мин. Мислам, ако е свикната на будали и идиоти, сите не сме такви и не пиеме мастило... Наравоучение - доколку нешто ви фати око, а е нестандардно ефтино - не прашувајте. Порачајте си го или во спротивно 7$ покачување и малку ќе е
Онлајн шопинг Девојки, знам дека многу прашуваат тука за алиекспрес,но никој не се изјасни дали стигнуваат и за колку време? Колку се безбедни?! Патем градски фаци,у реду е... Сите знаеме дека пазарите од ебеј и алиекспрес,ама вешто и нема ништо страшно у истото,олабавете се... Јас просто запрепастена останав кога сите луѓе кои ќутеа за брендови или едноставно ги носеа како брендови... уствари... Очигледно само глупите и апла снобовите купуваат од скапиот полиестер од Зара и Манго без попуст. Чак што више еден Бокица си пазарел така онлајн,а и Мелита важела за сомнителна. Епа сендвичарата сигурно не и носи за новиот Џип и за наочари Прада,да не се лажеме... Ето...јас нисам одавде... не сум знаела,мајке ми... Ама ќе чуеш сешто. Не знаев дека е цела наука дремење на модни блогови, на сајтови на брендови и создавање на комбинации кои приликуваат на нешто оригинално и со стил... Кој има време за тоа?! Ах уел... Мислам,у реду е,сега знам дека хеланките од 4500 од Најк,им се по 1000 денари со речиси еднаков квалитет...речиси... И слично... Mене за овие лепотици ми е... Знам дека веќе се носени,преносени...од селебретисот ,ама толку многу ми се допаѓаат,не можам да ви опишам.
Онлајн шопинг Лилипут мојата нарачка стигна за некои 30тина дена и другите девојки кои нарачуваа одпрлика за толку време им стигнаа, од страната гарантираат дека максимум за 60 дена треба да стигнат, во спротивно доколку производот стигне покасно од тие 60 дена парите не му се депонираат на продавочот туку Алиекспрес ти ги враќа на сметка. Во главно и од другиве страни освен Асос стигаат за отприлика месец дена, па ако нешто итно ти треба нарачувај си го со време, ко јас што сега им се мерачам на купаќи и многу се двоумам во однос на квалитет и материјали, ама па од друга страна за окулу 300-400 денари овде неможеш ни асален горен/долен дел да најдеш а ваму е комплет па и нема што многу да изгубам, освен надежда дека се добри.
Онлајн шопинг Девојки јас нараќав бижутерија, и супер испадна не можам да се пожалам, ама облека никогаш више не нарачувам. една маичка со чипка си нарачав и бројче М таман и ми стигнува тесна теснааа, краткаа една никаква, изгледа кинезиве мерки зимаат од нивните девојки. чисто информативно
Онлајн шопинг Имате искуство со козметиката?За вакви ниски цени колку добар ,,квалитет,, можам да очекувам? Или ич да не си ги давам парите..
Онлајн шопинг Конечно се наканив да порачам од Али експрес, нешто ситно како за почеток. Накитот е најефтин како за проба, а се наоѓаат ептен добри и уникатни работи. За малку не паднав во ускушение да порачам и едно фустанче и пар купачи, ама здравје после празниците пошто инаку црно ми се пишува до наредна плата Ќе ве известам дали стигнала пратката ваљда за месец дена. А ако треба да чекам 2 месеци за неколку пара менѓуши, налет
Онлајн шопинг Дајте сликнете од накитот, што веке ви пристигна... Фала ви однапред. Во план сум деновиве да купам, составувам листа од продукти....