Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

AliExpress

Дискусија во 'Мода и стил' започната од pamelche, 27 февруари 2013.

  1. Sanja9911

    Sanja9911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Онлајн шопинг

    Девојки што се случува кога ќе истече времето за испорака, еве има уште 3 дена до истекот на 60 ден , а мене сеуште не ми е стигната порачката , отворив и дисјут и тој има да се процесира уште 3-4 дена... Автоматски ли се враќаат парите кога ќе пројдат и овие денови ? Или треба уште да чекам ? Поздрав
     
  2. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Онлајн шопинг

    И мене ме интересира истото уште4 дена до истек на време за испорака а производот е некаде на прага е сега ако отворам и стигне што?ама ако не отворам диспут со надеж дека е во прага и ке стигне а сепак не стигне ????
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Онлајн шопинг

    Можеш да го продолжиш рокот за уште неколку дена, ако сакаш, преку Request To Extend Delivery Date. Штом е веќе во Прага, за некој ден ќе стигне и кај нас
     
  4. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19
    Онлајн шопинг

    Конечно најдов соодветна тема..
    Девојки ми треба малце помош/објаснување.
    Кој е принципот на нарачка?
    Јас немам кредитна, банки многу многу не се разбирам...
    Ако нарачува некој од алиекспрес скоро може да ме исконтактира? Нека пише лп.
    Има едно нешто сакам да ми стигне што поскоро, дур е евтино.

    :*
     
  5. Garfild12

    Garfild12 Нов член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Онлајн шопинг

    Ако може да знам со која картица плаќате na Aliexspress . Јас ја имам Виса од стопанска и Маестро од НЛБ и со таа од НЛБ имав една успешна трансакција , додека пак вториот пат не сакаше ниту со една од наведените ???

    Помош :D

    Позз
     
  6. TheRedOne

    TheRedOne Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Онлајн шопинг

    Да не немаш доволно пари? За стопанска мислам дека треба да имаш посебна картица колку што имам читано по страниве јас сум на тутунска и немам проблем
     
  7. Garfild12

    Garfild12 Нов член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Онлајн шопинг

    Не се јавив и во банка и се е во ред имам пари ама стварно не ми е јасно зашто не можам повторно да купувам а баш сега има попусти :(
     
  8. TheRedOne

    TheRedOne Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Онлајн шопинг

    А од друга продавница да купиш? Или да го копираш името на производотот и да пробаш на ибеј ? :) А може и до али експресс да е дека имаат многу порачки сега. Пробај некое прстенче некој накит, нешто ситно колку да видиш дали е до страната
     
  9. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Онлајн шопинг

    отворив open dispute - продавачот загина никаде го нема , кој ке ме извести дали и како ке ми бидат вратени парите .
    Пишува дека порачката е пратена а бројчето за следење не работи им пишав на 17track ми велат немало порачка со такво бројче .
    :doh:
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Онлајн шопинг

    Ноненце треба да ти стигне на маил дали селерот се согласува да ти ги врати парите.
    А да пишеш на Eva - Virtual Agent - 24 Hour Smart Response, да видиш што ќе ти каже..

    А јас имам две порачки од PVS не мрднуваат, и една од CAN , таму е веќе 15-тина дена , незнам веќе дали и да ги чекам да ми стигнат...
     
  11. Garfild12

    Garfild12 Нов член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Онлајн шопинг


    10 пати пробав со различни продавници и купувачи , во различен временски период и пак истата реченица се појавува. :@
    Sorry, your payment was not successful. No money has been deducted. Reason: Secure Check failed.

    Додека во Банката ми викаат дека се во ред со картицата??? :worried:
     
  12. Mima95

    Mima95 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Онлајн шопинг



    И јас исто така имам еден проблем. Си порачав јакна од алиекспрес и е 2800ден. имаше 10 да се процесира, еве има уште 1 ден и 15 часа му пишав веке неколку пати на селерот се ми вели утре ке ја испратиме немој да се грижиш и зад бчера пак му пишав вели да мму пратам адресата, му ја пратив и сега нема ништо. Ептен ми е страв пошто не се 200 ден или 500, во прашање се 2800ден. Што велите вие да почекам да истече времето и автоматски да ми фи вратат парите или јас сега да ја одбијам порачката.. Која е посигурна можност каде што ке ми ги вратат парите..? Фала ви многу
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Онлајн шопинг

    Мене ми се има случено да ми е пратена порачката од порано , а на крајниот ден од процесинг да ми стигне бројот за следење на пратка и известување дека е пратена.
    Така да мој совет да си почекаш, можеби ова го прават кинезите да си добијат на време за испорака.
    Ако во случај не ти ја прати, одиш Опен Диспут и ќе ти ги вратат парите.
     
  14. makedonce20

    makedonce20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    643
    Онлајн шопинг

    Направив порачка на aliexpress, но по 24 часа ја откажав и пишува дека The supplier is processing your order. This order will be automatically cancelled if the supplier does not ship your order within: 39days 5hours 35minutes 8seconds. Сега треба да чекам 39 дена за да ја откаже порачката? Пратив порака, но нема одговор.
    Совет? :D
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Онлајн шопинг

    ^^Јас кога откажав порачка ми се смени во Fund Processing, но претходно селерот ми врати дека можам да ја откажам.
    Потоа на меил ми стигна дека селерот се согласил парите да бидат вратени.
    А кај тебе е сосем друго, така да незнам.. останува да чекаш.
     
  16. devojkaa86

    devojkaa86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    15
    Онлајн шопинг

    2 порачки ми се во мк (скопје) веке 20 дена а никако да ми стигнат дома инаку јас не сум од ск дали имал некој ваков проблем?
     
  17. MeSofija

    MeSofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    90
    Онлајн шопинг

    devojkaa86 Јас имав сличен проблем повеќе од 10 дена ми беше порачката во мк и појдов во пошта прашав ми рекоја дека сеуште не е чекирана затоа уште ми нема стасано па за среќа после неколку дена стаса. За жал сега се јави друг проблем со друга порачка која ја направив ми ја задржаа порачката на царина износот на порачката изнесуваше 40 долари иако ги пратив сите документи на царина и понудив да платам колку што треба по 2 дена добив одговор дека пратката ми е конфискована и дали сакам да им ја поклонам нив (т.е на царината) или да ја уништат пошто тие извештачиле дека се работи за копија на бренд.. Невозможни се овие нашиве само гледа да ти зема се ..
     
  18. Mjauu

    Mjauu Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Онлајн шопинг

    А за ташна копија се работеше или?Да знајме шо да не нарачвиме
     
  19. MeSofija

    MeSofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    90
    Онлајн шопинг

    Кај мене се работеше за телефон, но во последно време што и да порачаш се отвараат на царина, знам исто и на еден пријател за патики од 2000 илјади му побараја царина од 6000 илјади
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Онлајн шопинг

    Mене ми имат отворено гелови за нокти и за што ми ја отвориле ми побараа 102 ден :o наместо они да ми платат што пола гел беше истечен и разшлапан јас да му платам на нив јбг
    Туку друго нешто ме маче си порачав капут има уште 6 ден аза до крајниот рок од 60 дена а капутот уште го нема последно на тракингот е на 11,11 2013 сеуште во кина Што да правам да отворам диспут или како да правам стварнпо незнам и ако отварам кога да отворам????