Онлајн шопинг Јас сум порачувала облека, и исто, работите воопшто не изгледаат како на сликите. Можеш да ја вратиш но поштарина сама ќе треба да си платиш а тоа ќе те фати поскапо од самата коса, така да не се исплаќа, ќе си знаеме за друг пат да не порачуваме се и сешто
Онлајн шопинг http://www.aliexpress.com/store/735034 Кој сака маска за телефон, топло го препорачувам селеров. Има преслатки маски, сите се по 10 долари, што можеби е малку поскапо затоа што има маски по 2-3 долари, но вредат. Пратката ми стаса за помалку од две недели, маската е иста како на сликата, а и ми пратил подароци, фолија за екран (што јас ја платив 250 денари тука), и две plug-in jack accessories, односно украсчиња што се ставаат кај што се вклучуваат слушалките на телефонот (нешто како на сликата подолу). :up:
Онлајн шопинг Девојки дали од алиекспрес има тракинг бројче и како се плаќа? Дали на поштарот на рака или пак во ошта кога ќе ја подигнеш пратката или онлајн со картица?
Онлајн шопинг а бре девојки оти ве мрзи да читате ???Па 200 страни се испишани само за тоа и вие пак исти прашање ве мрзи да прочитате некоја страница Да плакањето се врсши унапред од картица
Онлајн шопинг Мима, целата платформа на алиекспрес е да биде посредник меѓу купувачите и индивидуалните продавачи, и парите кои ти ги префрлаш се всушност замрзнати се додека ти не потврдиш дека продуктот ти пристигнал и дека си задоволна, со тоа дозволуваш да се префрлат парите на сметката на продавачот. По отварањето на диспјутот, доколку имаш основа за диспјутот (ти очигледно и те како имаш) селерот може ќе се согласи да ти ги прати парите, или дел од парите, или да ти прати нов, исправен продукт, во зависнот од тоа ти што бараш. Ако не одговори на диспјутот во рок од 5 дена, парите автоматски ќе се префрлат на твојата сметка, така да немај гајле што ја затворил продавницата, ќе ги добиеш назад парите
Онлајн шопинг Девојки да ви кажам дека денес видов дека селерот се согласил да ми ги врати парите и ми пишал дали сум сакала да ми испрати нов производ бидејки добавувачите го замениле, но побарав да ми бидат вратени парите.. Така да сега ке опчекувам да ми бидат префрлени на сметката..Сепак многуу ви благодарам..
Онлајн шопинг Девојки може линкови од продавници на али каде што не бараат минимална нарачка за бижутерија. Фала однапред.
Онлајн шопинг Еве за сите што не знаат емаил адреса од али за директен контакт . buyerpayment@aliexpress.com
Онлајн шопинг Луѓенца дај кажете како стоите со следењето на порачките? Ви стојат ли по повеќе време на едно место? Моите никако да мрднат
Онлајн шопинг Мојава од 4-рти, а од Прага обично за 3 дена ми беше дома. И не само таа имам и други заглавено, стално на исто место. Веројатно фатија празничните гужви.
Онлајн шопинг моиве покажува дека уште у кина се а од 22 ноември ми се нарачките од 17 пратки 3 ми стигнаа а другите од кина не мрднаа дали е можно нешто да им е зезнато?
Онлајн шопинг Изгледа на сите ни се случува истото, значи не е до нас , до нив е. Кај мене последните неколку недели ништо не мрда, кај си беше таму си е останато. Веќе реков дека имам порачка од 4рти во Прага, а прво од Прага ми стигаа за 2-3 дена . И пак ќе кажам веќе не порачувам! Едит: Eве што ми вратил еден од продавачите од кој што чекам порачка Now are now in transit, because now is busy season, the post office a lot of parcel transportation, information is not updated, please understand, and wait patiently, thank you