Онлајн шопинг И мојата е заглавена во Цирих од 4ти, ама кога ве читам вака за вашите со недели, си се тешам некако ...
Онлајн шопинг и јас имам 2 пратки од 3 во прага А вчера добив пратка од пред 3 месеци, мислев дека до сега му е вратена на продавачот или е здиплена некаде по пат па нема ни да ја добијам
Онлајн шопинг и Jас се сложувам со ова погоре пишаново,извршување на нарачки и дочекување на било какви пратки никогаш не се прават периодот пред божиќните и новогодишните празници,секогаш стојат негде заглавени,и најчесто стигнуваат на средината или при крајот на Jануар,фебруар,а може да се случи и воопшто да не стигнат,тоа е каша попара тој период.
Онлајн шопинг Ништо тогаш, ни останува само да чекаме, а си планирав фустанот да ми стигне до Нова Година (порачан ми е во средината на ноември)
Онлајн шопинг по среќна и била кога би било некоја грешка и би стигнале работиве не е можно од кина да не мрднат
Онлајн шопинг Пиши им на селерите они да проверат до каде се пратките. Ако приметам дека некоја пратка се задржува некаде подолго време, секогаш им пишувам да ми проверат дали е се океј (што знам, може има проблем некој, може е изгубена...)
Онлајн шопинг Пиши им, ама сите едно та исто враќаат, или да чекаш или ти го дават тракинг бројчето и страна да провериш. Инаку и јас имав заглавено пратк во Кина , ама си чекав, пишував по селери и едната стигна, а др уште си ја чекам.
Онлајн шопинг Повеќе од 30 дена ја чекав, а околу 20 беше заглавена во Кина, исто и др. Пратени ист ден се движат по исти пат, едната стаса, др си ја чекам, нема каде не ми заглави.
Онлајн шопинг Ќе правам скоро акаунт на Aliexpress. Да не има некои фрки околу аканутот? И за колку време стигаат нарачките?
Онлајн шопинг Луѓенца цела ама баш цела тема е за али експрес, додека чекате одговор , ќе си прелистате. И не, нема никаква фрка околу отварањето на акаунт, а за колку време стигат порачките никој нема да ти каже точно од 15-60 дена.
Онлајн шопинг Направи Опен Диспуте и готово, објасни го случајот како е. Ќе ти вратат алиекспрес на маил, дали ќе ти ги вратат парите. До каде ти е порачката, ја следиш ли?
Онлајн шопинг Ќе ми одговори некој..?[/ quote] Ауууу па зарем може селерот сам на себе да си го продолжува времето? Ова не го знаев, срамота, 60 дена ко да се малку па уште сам ќе си додава уште ... ајде да чекаме по пола година да ни стигнат пратките Отвори му диспјут и пиши им таму дека сам си го продолжил времето без твоја дозвола
Онлајн шопинг Девојки што мислите за селерот http://www.aliexpress.com/store/group/W ... 74217.html има многу убави јакни а и не се толку скапи, имат порачувано но немат оставано никаков фидбек.. ем тоа пратките ги пракаат преку брзата пошта DHL и стигат од 4-8 дена. Мислите ли дека е малку сумлив, или..
Онлајн шопинг ^^Јас не би порачувала штом нема фидбек,а и преку ДХЛ мислам се наплаќа нешто. Јас имав порачано на први ноември и дури денес си ги зедов од пошта.Немав ни бројче за следење,ни следев ни ништо.Немам нерви за такви работи. Уредно си чекав и си дочекав. Се си е во најдобар ред и задоволна сум. Сакав да кажам дека бирав од каде да порачувам и најважен услов ми беше позитивниот фидбек на селерот.
Онлајн шопинг Само што направив порачка од алиекспрес т.е друг ми ја правеше порачката близок човек и ви ги читам мислењата и страв ме фаќа а баги работи нарачав
Онлајн шопинг јас имам нарачано од селер што нема никаков фидбек и пратката трбаше да стигне со DHL ... арно ама селерот ми кажа дена неможел да ја прати со DHL заради тоа што се ближат празници и ќе заглавела на царина мн. и ја прати преку HongKong Post Air Mail .... а иначе типот нон стоп ми враќа се што ќе го прашам ... али бројчето за следеќе уште не работи а он нема појма зш и чекам сега да види што е проблемот ...... а за тоа што нема никаков фидбек можно е да е нова продавницата
Онлајн шопинг Продавницата е ептен нова - AliExpress Seller Since: 25 Nov 2013! Јас би си порачала, многу им се евтини јакните, истите тие кај другите селери сигурно се два, три пати поскапи ама дека е нова продавницата веројатно со тие цени сакаат да привлечат купувачи, после некое време ќе ги дигнат. Јас така се зезнав есенва, јакната што сакав да ја порачам ја најдов исто вака кај нов селер без рејтинг и фидбек за некој 15 долари, додека кај сите останати беше над 40. Се туфкав може едно 10 дена и кога таман се наканив да ја купам беше некој 35 долари... 3ckap3cka, јас имав многу проблеми со HongKong Post Air Mail а се работеше за порачка од над 30 долари (заедно порачавме накит со другарка ми) и воопшто не ми беше сеедно . Селерот ми даде тракинг бројче, ама повеќе од месец дена секојпат кога ќе го внесев ми викаше дека поштата немала добиено такво бројче (или дека тој тракинг број не постои, нешто во тој смисол). Му пишав еднаш на селерот, ми рече, најкултурно, да се стрпам, зафатена била поштата, ќе се појавела пратката кај и да е, му пишав после една недела, пак истиот одговор, му пишав и трет пат и тогаш ми ја препрати по Чајна пост.
Онлајн шопинг Дали некој знае како производите да се стават во една нарачка? Јас ги платив посебно и сега сите си имаат number order, а од ист продавач се.