Онлајн шопинг Но имај на ум дека ако се како една пратка, а ако чини повеќе од 40 евра дека во Македонија може да ти наплатат царина
Онлајн шопинг Јас си ја зачував продавницата, па ќе пратам што се случува, гледам има многу порачки, се надевам некој ќе пише некој коментар. Или евентуално ќе ја снема за скоро време Инаку јас со Хонг Конг сум немала проблеми, неможам да ја следам нарачката, но ми стигат за 15-тина дена, најбрзо од сите други порачки од Кина.
Онлајн шопинг Е девојки за оваа мора да ви се пофалам , сабајле ми стаса нарачка ( една од многуте ). Ви го препорачувам и селерот и блузичката предобри се ... http://www.aliexpress.com/item/Women-s- ... 60541.html
Онлајн шопинг 100 или 120, не ми ни текнува точно од што се изнервирав тогаш. На ливчето за наплата имаше две суми, една за самото царинење а другата е што ја носеле пратката на царинење.
Онлајн шопинг Да , кончно нешто да стаса , имав и фустанче порачано пред 10 дена пишува дека од прага е пратено за мк ама го нема . Блузичката сабајле проверив пишуваше дека е за мк пратена и оп за 1 ден стаса . За блузичката чекав 27 дена . Ти што направи , доби нешто или уште чекаш ?
Онлајн шопинг ^^Ништо си чекам јас , веќе не ги ни проверувам, кога ќе стигнат тогаш, ако не стигнат парите назад. Бев во вторникот и во пошта да прашам, ама ништо, ни трага ни глас од моите порачки.
Онлајн шопинг Вкупната цена е 10,5 долари. Сега чекам одговор од селерот дали ќе ги прати како една порачка.
Онлајн шопинг Сега само што проверив на страницата за следење и ми вика Скопје Конечно стигнаа Сега уште само на царина да не ми го соберат палтенцето зошто е имитација на Зара
Онлајн шопинг Ја следам, беше во Пек некаде околу месец а сега е во Прага од 6ти..поминаја цели 2 месеци откако е испратена
Онлајн шопинг ^^Кај мене конечно денес стигнаа 3 порачки. И јас имав една во Прага од 4ри, еве дури денес стаса. И јас една од порачки чекав околу 2 месеци, така да ќе стигне. Од Прага обично брзоо стигаат, ама сега поради празниците се е успорено.
Онлајн шопинг и ми пишал селеров вчера нешто што неможам да го сфатам... help... Attention please!As the system has two options in the dispute starting processid you receive your good? please choose Yes, (if you choose No,then system will stop you to fill in and never give you anther chance to get this shipping balance returned After you receive it.) Please don't hesitate to leave message for any question и сега што да напраам ???
Онлајн шопинг Кога порача ти?Стигната ти е нарачката?Ако не ти е никако не стегај да,после нема пари назад
Онлајн шопинг Имам 4 нарачки направено и за трите веќе некое време пишува дека се во Скопје..ама никако да ми стигне некое ливче или абер за да одам до пошта..што да правам? може ли да им се јавам во пошта?го правите ли тоа? И ако да,замолувам некој нека ми го напише бројот на кој треба да се јавам и што која е процедурата со пратките од коа стига во Скопје..
Онлајн шопинг Неможеш ништо да направиш и да се јавиш во пошта џабе. И мене ми се има случено повеќе време овде да ги чекам и одев и во пошта ама таму само ми кажуваа дека сеуште не е дојден на ред мојот пакет, дека можеби уште не бил чекиран и така.. Штом ти е стигнат пакетот у мк кај и да е ќе ти дојде и ливче од пошта, јас веќе и не следам до кај се порачките оти повеќе се нервирам така, а вака се ми е изненадување оти не знам кога ќе стигне
Онлајн шопинг Колку време има поминато откако се стигнати во Ск? Јас исто така имав пратка која повеќе од десет дена беше пристигната а картончето не ми стигаше и не ми стигаше и на крај ме фати некое шубе да не нешто се има случено -картончето да не се изгубило, поштарот да не го оставил по грешка во другиот влез, некој од комшиите намерно да не го собрал од пакост (неколку пати така ми имаат изчезнато разгледници и честитки). Отидов во пошта, уште не им била стигнала и утредента ете го картончето во сандаче. Мој искрен совет? Отиди до поштата, види што е работата, ако ништо друго, барем ќе си бидеш мирна