Онлајн шопинг ако мислиш на овие палети и мене ме интересира, планирам да ја порачам штом ми стигне порачката
Онлајн шопинг Да,да,за нив Гледав и на youtube нешто,ама тие кажуваат за од ebay,а јас гледав вакви на Alyexpress,поефтини се некако,а истите се и има многу со free shipping. Сите ми се убави иначе Здравје ако порачам една и ако се погоди,би си порачала пак.
Онлајн шопинг Откажувал ли некој досега нарачка од алиекспрес? Нарачав балетанки и еве веќе 5ти ден уште чекам да ми ги прати тој. Сукњата ми ја пратија уште одма чим ја нарачав, за 10-15 дена може ќе стигне што се вика, а овој уште ги нема пратено од таму . Не порачувајте ништо од кај овој Кun li. Не ми се чека уште 6 дена да се откаже самата автоматски, па ако знае некој како идат работите нека пише
Онлајн шопинг Само да ви кажам дека од ова порачувањево, два вечери по ред сонувам како се мажам. Пред шалтер. Во пошта!!!
Онлајн шопинг Убаво провери колку дена му треба да ја потврди и прати нарачката. Во профилот на секој продавач пишува. Едни праќаат за 3 дена, за некои треба да почекаш и повеќе од недела. Во секој случај, можеш да го исконтактираш ако нешто не е во ред.
Онлајн шопинг во петок ја направив првата порачка преку алиекспрес, вчера девојката ми пиша дека неможела да ја комплетира нарачката бидејки немала обетки во бојата која ја порачав и ме праша дали може да прати во друга, откако и одобрив вети дека денес ке ми ги прати и навистина ги пратила. Е сега не ми е јасно каде треба да отворам за да ја следам пратката?
Онлајн шопинг пратката не можеш одма да ја следиш, после 3 дена минимум ќе можеш. во маилот за потврда имаш линк, кликни на него. те носи до нарачаните производи и статусот на нарачката, таму ги имаш сите детали, и за тоа кога ќе можеш да ја следиш и за тоа за колку време од прилика ќе ти стигне. ако нешто не ти е јасно слободно пиши ми ЛП
Онлајн шопинг Не паничете веднаш. Понекогаш ги праќаат веднаш но чекаат сите нарачки кои ги имаат во рок од една недела, наеднаш да потврдат дека ги имаат пратени.
Онлајн шопинг Здраво девојки, ја разгледав странава Aliexpress, бендисав неколку ствари и тргнав да купувам и оп нема опција да се плати со Maestro, има MasterCard и Visa, па прашањето ми е дали некоја од вас плаќала со Maestro ? Незнам дали можам да ја одберам MasterCard а да платам со Maestro, да не си направам некој проблем ? Има ли некој искуство со ова ?
Онлајн шопинг Моира а тебе ти истекло времето за Open dispute? Затоа што преку тракинг линкчето/бројчето видов дека ми е стигната пратката, и бев во пошта...ми рекоа чекај дома да ти стигне картичка за подигнување, денес пак бев и кога и кажав дека има едно 7 дена поминато од кога е стигната пратката во Мк таа на шалтер во пошта направи едно лелеее(демек мн. време). И сеа треба поштарите јас да ги бркам за да побрзо да ми го дадат картончето, иначе женава вика мн. пакети има такви сл. и као демек не можат да постигнат. Додека пак, кај мене уште истекува време за да ја потврдам нарачката,а и open dispute да кликнам....сеа малце ме зачуди со твојава случка...па не знам сеа што правам... да кликам ли open dispute да не ми пропаднат парите ?
Онлајн шопинг Јас чекам да ми стасаат парите за штиклите што ги нарачав, затоа што не стигнаа скоро 70 дена и секој ден ми велеа ахам утре, друг ден, да до петок, до среда до... им пишав дека сакам парите да ми бидат вратени, дека немам потреба од штиклите и ми рекоа дека до крајот на неделава парите 80% ќе ми бидат вратени...па ќе видиме, што ќе биде... А жал ми е бе прв пат си најдов бројче и се е*а целата работа Кад не иде, не иде...
Онлајн шопинг Спојлер Kликај, ич не чекај!! Кога ќе ја добиеш нарачката ќе си кликнеш ОК и чиста ќе си
Онлајн шопинг Девојки, може е малку глупаво прашањево ама на картичката си ставате долари па плаќате, или денари па тоа понатаму се конвертира ?
Онлајн шопинг http://www.aliexpress.com/ еве и јас да ви препорачам една страна!Доста ефтини производи имаат
Онлајн шопинг а да прелистасе малку пред да ни препорачаш, 20 страни наназат само за странава се пишува
Онлајн шопинг овде би требало изгледа да има... http://www.customs.gov.mk/DesktopDefaul ... =0&tabid=1
Онлајн шопинг Да ве прашам, дали на мој трошок е и поштарина и се` или само производот го плаќам... Извинете ако е глупаво прашањево, ама не сум запознаена... Фала од напред...
Онлајн шопинг Под секој производ ти пишува дали плаќаш поштарина или не. Кај тие производи каде што со зелено пишува free shipping значи не плаќаш ништо. А царина ќе платиш ако порачката ти е над 45 долари