Јас сум презадоволна од Али Работите ми одговараат перфектно 1 препорака Кога купувате фустан доколку обично нисите С број нарачајте си М и се ќе си биде како што треба Бидејќи можете да го стеснете секој фустан но не и да го проширете
Сакам да порачам купаќи,но се плашам да не го згрешам бројот.Овие купаќи што ги имам се 40,но броевиве од алиекспрес се некако помали,па затоа не знам дали да ја гледам табелата под производот или да купам поголеми,L? Со бројкиве многу се мешам.
И сега сакам да нарачам од Алиекспрес и има многу селери а мене ми се свиѓаат повеке работи но од различни селери и сега ке треба кај еден селер да направам само 10 долари ???
Зависи од продавачот, некои бараат минимум (5, 10) долари за да им се исплати порачката, некои не бараат. Тоа најчесто стои во описот на производот, или надолу во упатството Можеш да комбинираш различни производи и селери колку сакаш
Онлајн шопинг Девојки од aliexpress кога нарачувате ја плаќате само цената на производот ако доставата до Македонија е бесплатна или треба нешто да се плати во пошта кога ќе стигне нарачката?
Најчесто поштарината е бесплатна, ама има и некои кај што се плаќа. Јас на пример фрлив мерак на една ташна, ама поштарината беше поскапа од самата ташна. Пишува дали има free shipping или ако чини, пишува колку.
Еден број поголем, иако јас би ти препарачала да се водиш според табелата и да споредиш со твој фустан како му се димензиите.Така најлесно ќе си го одредиш бројот.
http://www.aliexpress.com/store/421403 Од овој селер стигна порачка за само 11 дена. Се чудевме со другарка ми за брзината
Девојки може ли да ми кажете за овие картичките, од која банка имате, колку чини да извадиш таква картичка, и во која банка најбрзо би била готова?
Најлесно ти е да извадиш картичка за онлајн пазарување од Стопанска, не бараат никакви услови, само да имаш над 18, незнам колку се плаќа, тоа нека каже некоја др феминка. Иако јас сум ако си во можност да извадиш од Тутунска, таму немат посебна за интернет, но ќе те наведат која ќе можеш да ја користиш за онлајн шопинг.
Мислам дека вадењето на картичката беше сосем бесплатно но бидејки картицата доаѓа поврзана со тековна сметка, требаше (ако не се бунам сега нешто) да се стават 100 ден на таа сметка за да се отвори, ама тие пари после одма можеш да си ги повлечеш
Дада како што забележав најчесто е бесплатно. Значи на крај треба да се плати само цената на производот?
Ништо не се доплаќа на превземање, освен ако вредноста на тоа што го порачуваш да не е поголема од 45 Евра, тогаш плаќаш царинење, околу 100 и нешто денари
Ај да ве утешам малко Сум имала пратки над 45е, ама на али не ја пишуваат вистинската сума, освен ако не порачуваш нешто техника, која ако е над 45 мислам дека подлегнува на царина, и не ми ги царинеа, ми пишуваше на пакетот некоја цена од 20$ и означено како гифт. Ова важи за кинезиве, од Асос е друга приказна.
Абе срцки се кинезиве Јас нарачав обетки беа 6$ а минимумот беше 10$ но јас не заприметив Си ми напиша господинот порака али јас изумив да нарачам и видел не видел ми ги шипува
За се што имам нарачано, видов дека требало да се нарача еден број поголем !!! Некои работи од С се минијатурни. Затоа нарачувам М. Ако, нештото ми се чини дека и од М ќе е мало, нарачувам Л. Броевите С би одговарале само на ситни и слабички девојчиња. И да е широчко, може барем да се стесни по потреба. *********************************************************************** Накитот е супер. Се што сум нарачала било исто како на сликата.
Да ве прашам нешто девојки дали на Алиекспрес можете да видите трекинг?? На претходната нарачка без проблем си гледав, ама на оваа новава се ми вика дека не постоит item со тој сериски број. Баш пробав и за моите, и за нарачките на вујна ми ама за двете ми го дава истото. Не знам дали да реагирам затоа што претходниот пат без проблем ми кажуваше кај е нарачката.
ако нарачките тргнале пред помалку од 10тина дена,нормално е да не ги покажува,им треба време..а ако поминале 10тина дена,пиши му на селерот
Со последните нарачкии имаат некој проблем, треба да поминат и повеќе од 10 дена да ги следиш, најверојатно не ги пракаат ведаш, изгледа имат гужви по поштите. Јас така си го сватив ова , бидејќи и јас имам 6-7 порачки и се следат само неколку.