Девојки барам тексас палто, дали негде на Алиекспрес сте виделе некое поубаво ? Вака, не сум начекала некое...
Видов еден селер, зачленет е на 28.02, продава на големо и праќа преку ДХЛ. Е мене сега тоа ме чуди, значи цените му се ОК за на големо, ама ова праќањето преку ДХЛ( Free ShippingtoMacedonia via DHL) да не испадне да си ја платам јас пратка, па да ме заврте во глава, па и нема кај да го тужам како ви стои вас работава?
Мене па не ми е јасно прв пат коа ти ја пракаат порачката ке се изначекаш а ако не стигне до тебе одма ти пракаат новаи за рекордно време од недела или десет дена ја имаш Која филозофија е ич не ми е јасно
ДХЛ е прескапа пошта така да сомнително некако делува, а селерот ако е нов и не знам колку е сигурен. Ако сакаш контактирај го да видиш каков одговор ќе ти даде. Да не има некоја грешка, осигурај се однапред. Може ако направиш нарачка накнадно да те извести дека не е free шипингот и ако сакаш да ја испрати пратката да си доплатиш. Евентуално бидејќи продава на големо, па до толку да му е исплатливо да ја плаќа тој испораката и тоа преку ДХЛ.
Јас имам порачано материјали за работа и зато чекам секој ден ама мн некако бавно ми се виде бре никако да стигнат ме фаќа страв да не се зафркни нешто а имав пред некое време порачано наочари на мајтап па ми стигнаја за 2 недели
Зависи преку која пошта е пратен пакетот. Ако е China post, минимум 25 дена, а ако е Hong Kong или некоја друга пошта, тогаш стигнуваат побргу. Затоа и не можеш да темпираш кога ќе стигне. Незнам на каков селер си налетала и за која страна станува збор , ама ретко кој продавач ја праќа пратката по втор пат, не им се исплаќа, па затоа ги враќаат парите, кои и така не стигаат до нив без да потврдиш дека ја имаш добиено порачката. А ако стигаат за 2 недели, тоа е веројатно бидејќи препраќаат по брза пошта, што ми е многу чудно, бидејќи е доста скапа, сепак се работи за Кина.
Во овој период имало многу гужва, така да ќе си ги чекаме порачките додека да стигнат. Само да не е толку споро како пред нова година што беше.
После 15 дена од нарачката денес ми стигна меил дека ми е пратена. Се надевам ќе стигне што побрзо нестрплива сум, па ако е се ок ќе ви го препорачам селерот.
Девојки да ве прашам имам порачки напраено од моја сметка све но порачките ги правеше дечкоми со негов емаил ова она со него сега не сум во добри односи воопшто како и да е сакам да прашам дали има шанси да напрај нешто да не ми стигнат работите?
Ако имаш пристап до аканунтот на алиекспрес види дали е пратена нарачката и кој е бројот за следење. Ако работите се веќе испратени од селерот и ако се адресирани на твое име, улица, број тогаш не може да ги спречи (освен ако се на негова адреса и да не сака да ти ги даде кога ќе стигнат). Во случај да не биле сеуште испратени може да го прекине процесирањето на нарачката за да не ја испаќа селерот и да се вратат парите.
Мене скоро секогаш од Прага ми стигаат во рок од 3-5 дена, ама овојпат, скоро 10 дена ми е таму, уште не е стигната
Во последно време се задржуваат и во Прага,ама трпение, кога стасала до таму скоро ќе биде во ваши раце. Ништо не може да направи, освен да ги откаже, ама ако се веќе тргнати нема како. Ајде миме не верувам дека дечко ти би ти посегнал по порачките
Ааааа епа супер. Јас мислев да не е некои 20 дена. Зошто нарачав костум за 1 Април. Е јави се и кажи му нека ги откаже де...
Ги следиме Во последно време, најточна е оваа страна http://www.17track.net/ . Ви празното поле го внесуваш tracking number, кликаш Track и тоа е тоа. Зависи од каде порачуваш, на АлиЕкспрес скоро секогаш имаш tracking number и има разлика меѓу order number и tracking number, да не се збуниш
ee фалаа за брзиот одговор..баш имав порачано од алиекспрес за ќерками неколку работи..на странава пишува дека треба да си ги подогнам дека се стасани..баш ќе видам сега што е како е со странава што ми ја даде