Е, а патиките како се со броевите? Гледам нема број 43, 44 итн...туку 7, 7.5, 8, 8.5....Не им ги разбирам тие броики...
Тие се USA (Амерички) броеви што ги гледаш ти, во понудата на патиките подолу би требало да има табела каде има USA , EU и UK броеви на патиките, ти ќе го видиш твојот број се разбира Европски, и според него ќе порачаш на порачката USA. Пример ако носиш бр. 43 по Европски стандард, на порачката треба да внесеш 9.5 Патем, на секоја патика што ја носиме, го има бројот напишано според сите три стандарди (во внатрешноста на јазикот)
Кај сите обувки кога ќе ги отвориш скролај надоле мора да има табела со броеви. Има и изразено во сантиметри па така ти е најверодостојно, измери си го стапалото и види на кој број ќе ти одговара. Европски број 37 мислам дека одговараше на 6.5 американски број. Мораш според табелите, а секаде се дадени каде што има обувки за нарачување, само треба да побараш. Туку јас да прашам, имам трекинг намбр и кога одам да проверам до кај ми е пратката ми ја прикажува локацијата со бројчиња, кај да проверам на која локација одговараат тие бројки и зошто наоѓа две пратки со ист трекинг број и тоа двете за МК. Имам нарачувано од Али до сега, ама никогаш не сум се замарала да ја следам пратката, сега ме интересира али не сфаќам баш што е работава
Пробај на http://www.17track.net/index_en.shtml, а не на официјалната страна на China post, бидејќи таму ги дава локациите по поштенските кодови.
Ми се допаѓаат ташниве, и селерот е добар, ама бројот на порачки е многу поголем од пројот на фидбекот. Што велите, да се осмелам да порачам? http://www.aliexpress.com/item/Recreati ... 97286.html
^ Јас порачав ваква крем ташна од Али и да ти кажам искрено не сум баш задоволна од ташната. Мислев дека е поголема, арно ама, излезе дека е помала. Интересна е ташната, но за некој што сака како мене поголеми ташни нема да му се допадне многу. Jас ја нарачав од тука ми стаса за едно три недели без проблем, но ти пишав некако не ми се допадна малечка ми изгледа. http://www.aliexpress.com/item/2014-New ... 61822.html
Користи ли некој Виза електрон од Стопанска? На позадината го нема трицифрениот број овде што го бара, дали е тој бројот што го пишува на листот што ти го даваат од банка заедно со картицката, CVV?
феминки ај да ве прашам нешто..јас денес бев во банка и извадив дебитна картичка.. и сеа со дебитнава можам да купувам онлајн или мора да вадам интернет картичка? таа таму демек ми објаснуваше ама некако ме испобуни уште толку.. ај некој со искуство нека пише ве молам
Од која банка ти е картичката? Виза е , Мастер или Маестро? Види одназад на картичката дали има 3 бројки или 4 , обично со три ако е се плака на интернет и ја прифаќаат на повеќето страници.
од стопанска банка ми е картичката сеуште ја неам земено треба да ме известат ама таа ми рече дека е виза... како и да е фала многууу *
Фала што ми одговори, баш ме интересираше, бидејќи и во фидбекот имаше коментари дека е помала отколку што изгледа, баш ме интересира ако не ти е тешко да ми кажеш колкава е отприлика. Собира ли списание, А4 формат... нешто отприлика да имам осет. Бидејќи имам доста големи ташни, баш ми треба нешто во весела боја и не многу големо.
Девојки имав нарачано наочари од 10 фебруари, и упте немам ливче од пошта а тука пишува дека е стигнато, бев во пошта ми викаат не е во пошта стигнато
Порачав две марами на 28 февруари и денеска,на мое огрооомно изненадување поштарот ми ги донесе дома. Ова ако не е рекорд во брзо стигнување,не знам што е. Исто така,денеска со парите што ми ги вратија си препорачав обетки,а чекам и триста други тракатанци што ги порачав минатата недела. Алиекспрес рулз. :up:
http://www.aliexpress.com/item/50-peice ... 40193.html за коланов сега која е цената,мозам да го земам за 3.50 ? немие јасно некако
Другарка нарача вака еднаш и се зафркна (ама за нешто поефтино беше). Овие каиши се нарачуваат во пакет, 50 вкупно за една цена. (вака ги купуваат од бутици). А, тоа 3,50 е забелешка на продавачот дека поделено, доаѓа таа цена за 1. (Ако имаш приметено и во Кам маркет на каталозите ги делат вака цените на грамови). Другарка ми нарача марама, ама пишувало 5 во ‘лот‘ и и стигнаа сите 5 марами, а и од картичка и повлекоа пари за сите 5. Ако некоја знае подобро, нека кажи, јас мислам дека во ЛОТ се продаваат во пакет.