Јас нарачав фустан, но уште не е стигнат - тогаш би знаела точно да одговорам. До тогаш, некој што веќе има, може да одговори Обично ги читам Reviews, некои се позитивни, некои се жалат најчесто на патентите, Зависи колкави ти се очекувањата реално
Девојки, newbie сум во ова, па сакав да ве прашам како одат бројчињата на обувките по US-стандардите ? Јас носам 38-ца, па би требало да си штиклирам size 7 или ?
Мишела види си убаво во самиот опис кој е даден од селерот, затоа што се случува да има разлика помеѓу броевите, како за облека така и за обувки. Во главно тој е бројот, ама сепак прочитај си како они конкретно го мерат за да немаш после недоразбирања. Јас не сум порачувала од Алиекспрес обувки затоа што слабо се снабдени со мојот број за работи што ми се допаднале така што не можам да ти кажам од лично искство, но водена според останатите работи што сум ги порачувала, секогаш се премерувам и читам точно како одат броевите кај конкретниот селер. И обавезно читај доле кај коментарите, таму обично има коментари за тоа колку производот одговара на описот и дали има евентуални проблеми со величините.
Не е битно што порачуваш, туку битен е продавачот, поштата и местото од каде што е тргнато. Во главно максимум се чека 60 дена (ако не стигне до тогаш ти ги ваќаат парите), но порано стигнуваат работите, обично за 3-4 недели. Нема правило.
Првпат порачав пред две недели и порачката денес ми стигна.(Не живеам во мк).Не ми се верува,мислев дека ке чекам барем месец два,според постовите тука.Исто ми ја испорачаа до дома и немаше никакви зезанции околу царина,данок и сл.
Кај што пишува Coming Soon, ко ке истечи часовникот ќе пишува Buy Now, треба многу брза да си оти одма се распродаваат.
Не помала е.. Ако порачуваш, порачај едно бројче поголемо од тоа што го носиш, или измери димензии (најчесто имаат табела во описот)
Може производите што ви стигнале да ги сликнете и ставете во темата Онлајн производи(искуства и критики) да споредиме какви се реално а какви на сликата од онлајн сајтот? Со тоа да си помагаме мегусебно дали поголем или помал број од нашиот да нарачуваме,кој селер е брз и чесен и сл.Инаку вчера си нарачав од алиекспрес кошула од оние што сега се на мода прозирните со цвеќиња се прави и на долги и на 3/4 ракави па со душа чекам да ми стигне.....ко ќе ја добијам ќе пишам искуство обавезно