Да, ако некаде се доплаќа за испорака не пишува free shipping, туку ја пишува точната цена на испораката.
За достава си пишува под самиот производ, како на сликиве: Штом пишува free shiping не се плаќа достава а ако се плаќа си ја пишува цената на доставата Производите над 45 евра им се наплаќа царина, но овие од али пишуваат помала цена така да може и поскап производ да помине без царинење.
Порачав еден производ уште пред некој ден ама уште не е пратен. Пишува дека е во процес и ако не ја прати ќе се откажи нарачката. Дали автоматски ќе ми бидат вратени парите доколку не ми ја прати или треба јас нешто да направам?
Дајте совет, што кога нарачуваш едно а ти стигнува сосем нешто друго!!!!! Еве поконкретно, нарачав 2 марами, а ми притигнаа 3 пара гаќи!!!!
и ова ли го има отвори веднаш спор и барај си ги парите, стави слика од тоа што си порачала и тоа што си добила како доказ, веднаш ке ти ги вратат парите. пиши линк да знаеме кој продавач е
Јас би отворила dispute и би ги побарала парите назад поради тоа што ми стигнало нешто што не сум нарачала. Во случајот си ти во право, грешката е кај продавачот. Испрати и слика што си нарачала, а што си добила. Понатаму ако тој се нафати да ја прати вистинската нарачка, со нов број за следење, но секако да стигне пред да истечат рокот за испорака и ако ти се чека..тогаш ќе се договориш со продавачот.
http://www.aliexpress.com/store/929058 Ова е продавачот. Веќе проверен,прочитав неколку девојки имаат нарачано баш од истите марами, кои им стигнале без проблем. Моите слатко се изнасмееа. Татко ми вели, пушти му ги парите, кој работи греши. Мене ми е мн криво. Му пишав порака, за тоа што сум добила и дека сум многу разочарана, што да направиме.... Ке почеекам одговор. Благодарам на одговорите!!!
А вашите слики, критики, мислења и искуства да ги споделувате во темата "Онлајн производи (искуства и критики)"? На тој начин ќе има многу поголема прегледност и полесно ќе биде доколку се биде на едно место, а не едно тука едно таму...
девојкиии.... здраво -aliexpress мене лично ми е испробана и јас не верував на ценито што ги гледав, ама првин си реков ајде да видам дали ќе стаса си порачав нешто ситно ... (обетки јас ) за 30 денари за 8 дена ми стигнаја... и му кажав на неколку другарки сега и тие се презадоволни, нема шо нема таму... само пазете на бројот и големината за алишта бидејќи таму и тука не се исти хахаха.. чаоо
http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 38122.html Овие исти се ко на сликата? И ако се, како се одржуваат?
Што е всушност Processing Time? Delivery time ми e 15-60 дена, разбирам дека го означува минимум/максимум времето на стигнување. Само ова процесинг ме буни, 25 дена ми пишува дека е.
како така за 8 дена ти стигнаа дај линк да видиме кој е тој продавач. Ние овде сите по месец два чекаме да стигнат производите
Продавачот (од кој што си направила нарачка) ги спрема, пакува, адресира и испраќа пратките за најмногу 25 дена. Пред да нарачате погледнете кај shipping до Delivery што пишува, бидејќи ја има и таа информација (ships out within хх days).
мислам дека би било добро да ги наведуваме и продавачите од кои сме задоволни и од кои имаме најбрза испорака