Дечки, ај ве молам препорачајте некои ефтини а добри селери за што продаваат ташни...или јас не знам да гледам или сите ташни се скапи...т.е. колку што би ги купиле тука од продавници...просек се по 1500 и повеќе...за така не се исплаќа да ја чекаш два месеци од таму....
Селектирај си ти да ти покажува од најфтино кон најскапо, така ќе си најдеш по цена што бараш. По селери да бараш е многу потешко или да не речам невозможно, многу им се различни цените, еден ист производ кај некого имам гледано по 20 долари фри шипинг, па кај друг за 16долари, а шипинг 15, кај тербт може да е на попуст, така да најубаво притисни кај prices - from low to hihg има стрелка нагоре и стрелка нагоре.
Онлајн производи (искуства и критики) Да прашам има девојче од скопје што порачува од Алиекспрес ако сака нека ми пише ЛП да ја прашам нешто.
Добро колку време се чека за да се вратат парите од али?Порачката ми е откажана бидеќи не можеше со мојата картица,парите ми беа сепак повлечени од сметка и чекам да ми ги вратат од 15 март.Да почекам уште некој ден или да се обратам во банката?
Мене ми ги вратија парите за 2-3 недели не можам да се сетам точно, а му напиша порака на продавачот? Ако не си напиши му, тој најверојатно ќе ти одговори.
Му пишав уште за порачката тогаш дека ми правеше проблем па да прашам дали ќе биди испорачан производот или ќе се откажи.Не ми врати ништо и мислам дека и сега нема да биди поразлично.Ако не ми ги вратат парите за неколку дена ќе отидам во банка и ќе му манам еден негативен фидбек па да видиме после
our Order No. XXX has been cancelled because payment was not made before 30 Mar 2014 15:43. If you would still like to buy this item, please reorder it at AliExpress.com. И така ми ги лапнаа паричките, а ништо од порачката!!!! А претходно ми беше испратена оваа порака- This is an e-mail notification to inform you that your order . XXX has been shipped by the seller on 2014.03.23 20:26. You are advised to contact the seller for shipment information.
Мене денес ми стигнаа патиките до врата. Ќе напишам подетално во темата за онлајн производи, главното е дека сум многу задоволна!
Според пораката ти не си платила до пред 30ти Март и затоа нарачката откажана. Ти одземаа пари т.е. плати и ова ти стигна? Реагирај ако е така. Во пораката од претходно пишува дека продавачот веќе ти ја испратил на 23ти и да го контактираш за shipment information.
Парите си беа одземени од сметката уште веднаш, ми стаса порака дека е платена порачката. Потоа прашував и овде баш, сомнително ми беше што час-два пред истекот на рокот беше шипувана нарачката. Му пишав тогаш и на селерот, а не добив никаков фидбек! Како и да е, ќе реагирам пак, иако сум секптична дека ќе се среди. Имаше добар фидбек продавницата ама ете...
Обрати се на buyer@aliexpress.com , враќаат конкретни одговори, не е машина која автоматски ви враќа на прашањата. Можеби ќе ти помогнат.
Онлајн производи (искуства и критики) Навистина не знам како одат бројчињата, но и не би порачала фармерки преку интернет... Многу е поразлично да си ги пробаш на тебе во продавница, да прошеташ во нив, едноставно да видиш како ти стојат, како се чувствуваш во нив... Голем е ризикот и јас искрено не би експериментирала, сепак фармерка си е фармерка
Heleny има можност и сепак да ти е испратена пратката навистина на 23ти, но како и да е праќај пораки и на маилот што по пиша duffi и на селерот. Се надевам дека ќе се реши проблемот.
Еве принтск од маилот кој мене ми го вратија, а чекав да ми вратат пари, за порачка која не ми стигна. Значи го разледуваат случајот па потоа враќаат на пораката. Ако имате некој проблеми, ви предлагам да се обраќате на овој меил, мислам дека неколку пати го имам постирано. Враќаат за околу 24часа, темелни одговори.
Пораката вика дека не е платено, што најверојатно не е точно бидејќи парите се одземени и треба да се види зошто е така. И ако не им се даде до знаење на алиекспрес за случајот нема да знаат, а можеби е грешка некаква. Значи Be-yO-nCe и ти можеш да контактираш преку маилот од погоре со алиекспрес и да му пишеш на продавачот.
Heleny имаш ли тракинг нмб од порачката, велиш дека прво ти стигнала порака дека е пратена? Можеби имаат некоја грешка во системот на али, па автоматски ги испраќа пораките. Можете ли да ја проверите онлајн сметката во банка, да не ви стојат парите во резервирани средства?
Вели дека пораката е автоматска и дека не можи да испратам повратен одговор,а селерот не ми враќа на пораките!
Санфемина мислеше на емаил адресата постирана погоре од мене. На тој меил не можеш да вратиш бидејќи е автоматски, затоа ви велам, можеби е некоја грешка од али.