Повеќе маилот не е достапен т.е имаат некоја онлајн услуга на која не можам да го најдам мојот проблем и незнам веќе каде да се обратам.Ќе одам во банка.Ќе видам таму што ќе ми речат.Што порачав што се запустив...
А мене знаете што ми се случи ?? Чекав порачка стигнала во мк но од некоја си причина порачката не стаса до мене и од пошта му ја вратија назад на селерот бидејки беше препорачана пратка кога јас проверив веке беше пуштена назад му пишав на селерот како е работата и отворив диспут ми врати затвори го диспутот ке ти ја пратиме порачката јас глупа затворив диспут а порачката никогаш не ми ја прати Им пишав на овој линк од погоре ми вратија дека ке разгледаат и после тоа ми бишаа дека оваа служба повеке нем ада работи така да си останав со таквото у раци али ако ми е ум за друг пат изгореа 20 евра
Девојки чекам три пратки. За две пишува дека ми се пратени на 3 март, а едната после 10 дена. Проблемот е што цело време кога ги проверувам ми пишува дека се во ПЕК Србија, ама имам прочитано дека тоа уствари е аеродромот во Кина. Тоа значи дека уште не се мрднати од Кина или што? Што мислите вие за тоа? Мислење или некое искуство? И како знаете дека ви се вратени назад порачките? На која страна ги следите дали се стгигнати во Македонија. Дај Ве молам просветлете ме малку, бидејќи ова ми е прв пат и не ми се јасни некои работи. Да знам дали да се надевам уште дека ќе ми стигнат или џабе.
Пек е аеродром во Пекинг, следи ги пратките на www.17track.net. Таму знаат да дремат во просек 10-15 дена, потоа преминуваат во Прага, и за 3-5 дена ќе ти биде на врата. Значи од Пег, за просек од 15 дена, би ти била дома...
Имате искуство со купување обувки од Али? Сакам да си земам едни балетанки, ама не ги сфаќам броевиве, јас носам 36-37, знае некој кој број треба да нарачам? И ако има нарачувано некој, во добра состојба се кога пристигнуваат и да не се ептен кинески, ко хартија па да ми се скинат одма, да не земам за џабе
Зависи, некој продавач може да ги нуди обувките по американски бројчиња, некој по европски... Најчесто имаат ставено табели во описот за производот, ориентирај се спрема нив Јас носам 37-38, зависи од калапот, имам порачано патики и според табелата ми испадна US size 5.5... Сеуште не ми се стигнати, така да неможам да ти кажам дали ми се точни
Нема таква табела овде, ама проверив на интернет и пишува дека 6.5 е 37, а 7 е 37 1/2, ама овде има само цели бројчиња па мислев да земам 7 па ако ми се големи да ги носам со влошка.
Не знам стварно како би ти помогнала... Сепак балетанките треба убаво да бидат прилепени на ногата, ниту претесни да неможеш да се движиш, ниту прешироки па да ги губиш при носење... Ај затворени чевли, патики и така и така, ама балетанки... Преголем е ризикот
Имам другарка што порача спортски патики. Она носи 36 и плус си ја мереше ногата според дадените мерки, си го најде соодветниот број и кога стигнаа - малку ја стегаа Сега ги разгази и се раширија, но на почетокот беа ептен кнап.
Една пратка ми е заглавена од 24.03 во Can Кина.. Дали му се има истово на некој случено? Да знам отприлика кога да ја очекувам?
На другата тема пишував за пратката што беше пуштена во Турција, наводно по грешка и сега се договоривме да ми ја прати пак , ми даде нов број за следење и ми пиша ако не стигни за 35 дена да го контактирам пак. Е сега ако нешто не е во ред, или ако не е вистина ова, дали ќе можам да реагирам некако? Претходната што ја згреши за 37 дена истекува заштитата. Многу ми е матно, арно за ниска сума се работи.
ДАЛИ НЕКОЈА ОД ВАС ЗНАЕ ДА МИ КАЗИ СТО ЗНАЧИ СЕГА ЈА СЛЕДАМ ПРАТКАТА И НЕКОЛКУ ДЕНА МИ ПИШУВА ДЕКА СЕ НАОГА navigation,PEK,Macedonija што значи ова
Дечки ланче порачав од Алиекспрес 800 денари и уште пред недела и пол пишуваше дека е во Скопје , го нема нигде...да не го дрпнаа Македонциве , од Скопје до Куманово треба да го пратат..ама многу е скоро 2 недели поминаа