All Star(Converse)-Старки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од LadyStyle, 15 март 2011.

  1. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Старки.Првпат се произведени 1917 г. и оттогаш се моден тренд ширум светот.
    Старките се најчесто симбол на панк-рок културата како Green Day,Ramones,Nirvana и сл.
    Koe е вашето мислење за нив? :)
    Јас лично обожавам носење на старки.Најразлични бои,најразлични шари.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На koritsaki, BojanaLegija, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    1.160
    Пол:
    Женски
    Едноставно прекрасни се :inlove: . Неможам да си ја замислам сезоната пролет-лето без нов пар :rofl:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Ау ниту пак јас! Преубави ми се, најубава патика која е севременска.

    Од средно до сега - си ги носам, си ги сакам. Нема поубаво од обична конверс бела старка во лето.

    И фино си ги третирам :)

    Последните ми се зелени, повисоки, одвнатре со жолто - црвени цветови, убави тие на дада :lol:
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Јас некако не можам да се замислам во нив :wasntme: убави ми се, ама на друга нога :lol: , јас ако ги носам мислам дека уште толку ќе ме смалат :wasntme:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    Ми се допаѓаат многу. Моментално носам црно-бели, а за на пролет сакам да си купам некои по шарени, може и цветни :wasntme:
    Вака нешто:
     

    Прикачени фајлови:

  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.897
    *Се фалам*

    Јас имам овакви исти ги купив пред околу 2 години, 3700 денари од Кочани, коска се здрави, малку ги отчепив кај петата кога ги соблекував, ама ги однесовме на чевлар и ги средија, сега пазам како ги соблекувам. Секаде имам одено со нив, по селата, на пешачење, секаде, и уште се здрави скроз, а и доста удобни се.
    [​IMG]

    И имам едни обични црвени, ама ретко ги носам, ме стегаат малку ми се мали...
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.415
    Допаѓања:
    9.113
    Ги обожавам многу. Ми одговараат некако на стилот, и си ги комбинирам со свашта. Многу сакам патики, а за пролет и лето овие се топ. Сакам кога се во јаки бои или шарени и се издвојуваат од целата облека на мене.
    Имам едни розеви, циклама, ептен јака боја, едвај чекам да почнам да ги носам. Ги земав намерно вакви, зашо немам облека во оваа боја и сакам да се издвојуваат. Сакам да ги носам со бело.
    Имам едни зелено со лилаково, го сакам дизајнот зашо сама си го правев....ама поретко ги носам од страв да не ги оштетам затоа што ми се ко некој драг спомен од далечно место.
    Имам едни цветни ама постари се, и не ги носам, некако детски ми изгледаат, ама сезонава со оглед на цветниот тренд кај нас, изглеа ќе ги избацам

    Е од денес главна цел ќе ми бидат тие горе со британското знаме. Преубави ми се
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.897
    Алиса, ги имам гледано истите со Британското знаме, а ги имаше и таму од каде што ги земав моите, ама се машки, броевите се од 42 нагоре... Мислам дека помали нема, баш и на Амазон ги имав гледано. А и јас сакав такви, кога ги купував моите сакав такви со знаме да си земам, ама имам мала нога ептен, 35/6 носам :( И моите што ги имам ми се големи, неможев да си најдам број, моите се поголеми за број ипол, како чамци да носам на нозете изгледам :lol:
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Е јас баш и не ги овожавам стартките. До сега ми слжеа само како опрема на физичко, оваа година прв пат купив за носење. Шарени, интересни се, ама сепак се платнени. Не можеш по дожд да ги носиш. А да дадам по 2-3 илјади за Конверс стартки баш и не ми се дава. За тие пари би си купила убави патичиња. :)
     
    На Mawata77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    77
    Не се секавам кога последен пат носев патики што не се Конверс. Ги обожавам највеке :inlove: . Ги носам пролет, лето, есен , зима :D тешко ми кога ги соблечам.Можам да ги комбинирам со секаква облека.Ми изгледаат како најздрави патики, еден пар имам уште пред 6 години и сеуште се здрави и ги носам. Инаку моментално имам бели и плави. Носкоро би сакала да се подновам уште со еден пар.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Whatsername

    Whatsername Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    343
    Ме погодивте со темава. :D Јас и старки = вечна љубов. :inlove:
    Да можам, сите пари на старки би ги дала. Ги носам затоа што ми се удобни, симпатични и затоа што не се кинат по еден месец носење.
    Имам еден пар кремасти, со дупло платно се, едното се кине - од пред три години ми се купени и уште се прилично здрави, а имам и едни црни шарени од ова лето. Планирам да си купам и црни или темно сиви обични. :)
    За скапи, скапи се - не можат сите да си дозволат да дадат 3-4 илјади, а некои модели и по 5 илјади без попуст за патики кои се носат само на суво, иако јас и да врне и да вее си ги носам. :inlove:
     
    На shururup му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    239
    Супер патика алииии кај нас се шкарт - бар мене такви ми се погодиле. На 1 година носење ми се испокинаам, а криво ми е што не ги носев 24/7 па ќе речиш маста им ја истадов... Планирам да си порачам од другарка од Франција да ми донесе некои да видам дали е до мене ова со кинењево или кај нас 15та класа имаат донесено...
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Ах старки! :inlove:
    Имам црвени и од шесто одделение ги влечкам, омилени патики, никогаш не им поминува модата. :)
    Ги сакам најмногу класичните - еднобојни. :) Во план сум да си купам зелени набрзо. :)
     
  14. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    190
    edni od najubavitee patiki
    obozhavam konvers
    planiram sega na leto edni da si kupam od bugarija
    zashto tuka se preskapi (za razlika od tamu ) :)
    [mod-kirilica:2lh1jypu][/mod-kirilica:2lh1jypu]
     
  15. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Обожавам старки. :inlove: Дефинитивно ми се омилен тип на патики! Моментално имам два пара а сакам да си купам уште еден! :$
    Ми се допаѓа тоа што има и модели и дезени и принтови за сите вкусови! Секој ќе си најде нешто што му се допаѓа :D :)
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.157
    Допаѓања:
    4.944
    еве мене кој ми се допаѓаат :lol:
    за љубителите на дизајнираните старки морам да ви кажам дека уште трае попустот и можат да се најдат по 1960 денари и по 1880 денари а се разбира класиката никогаш не изумира и се поскапи ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      21,3 KB
      Прегледи:
      472
    • 11.jpg
      11.jpg
      Големина на фајлот:
      20,6 KB
      Прегледи:
      470
    • kolekcija-Chack.jpg
      kolekcija-Chack.jpg
      Големина на фајлот:
      19,6 KB
      Прегледи:
      471
    • kolekcija-Music.jpg
      kolekcija-Music.jpg
      Големина на фајлот:
      15,5 KB
      Прегледи:
      471
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.490
    I love them!

    Имам кремави кратки, и сега одвај чекам да се запролети и да си ги носам :inlove:

    Сега за сега се тешам со други патики (зимски) од Конверс :inlove:
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Леле ме попаливте сакам и јас, а се чудам како до сега се немам сетено дека има и ниски старки, не само високи, абе глупа чупа сум јас :fubar: :D

    Ќе пробам од тие ниските како ќе ми стојат, дефинитивно :!:
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Класика :inlove: Не знам зошто, ама леле колку ме нервира кога ги нарекуваат СтарТки...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    1.548
    ги обожавам најмногу на свет... имам бели ниски и црни високи

    [​IMG]

    [​IMG]

    најзгодни патики се, и во лето секаде си ги носам :D