Јас имам вакви http://www.freshnessmag.com/v4/wp-conte ... ede-01.jpg ама не се оргинал..Али ќе ѓи бидее
Од конверс купувам старки,порано иам и ранец купено од таму,ама некогаш и од друго место з.ш. кога че донесат нова колекција и че опнат 3000 за старки,одам и во др продавници да разгледам.
Се изнагледав од вашиве слики старки убави. Сакам да си имам една ооогромна соба полна со нив. Преубави ми се. Сега моментално си носам едни црни, кожени. Тие ми се омилени, број 1. После од платнените имам црни, бели (со виолетово-розеви цветови), едни други црни со една девојка, ама тие ми изгледаат детски веќе, а и ме стегаат, мали ми се, после сини, високи (ги имам поставено на слика поназад) со дезен, се прават до глужд, ама затоа што веќе ми се тесни да ги носам високи, нон-стоп ми се направени до глужд. Имам и едни зелени, ама тие не ги носам оти се привезок за клуч. Порано (имам напишано) не ми се допаѓаа ниските Спојлер , ама сега на пролет сакам да си купам едни, сиви, црвени или виолетови, ќе видам... Оние како штикла ми е прегрозни! Тоа штиклата како цигла е.
Дечки, што викате, да си купам вакви? Сега има некои попусти или слабо? Да си знам, да бидам упатена кога ќе се вратам Ама и зависи дали ќе има доброволец да ми ги купи.. За изборот што ќе кажете? Мислам дека овие на се би одговарале, па уште и тегет чорапа, тоа на све иде
да во конверс има попусти на некој чизмички и до 50 % но класиката старка зимо лето попусти не попусти НЕМААТ ПОПУСТ така да кога сакаш земи си ги иста им е цена
Пред некој ден со другар се каравме дали се СТАРКИ или СТАРтКИ.Он мисли дека тие што се fake се демек овие СТАРтКИ-те а тие од Converse се СТАРКИ-те. Толку се изнервирав па го прашав дали fake Nike-ot го вика „НАЈКИ“. Хахах победив
Порано многу сакав,сега никакви патики не носам Спојлер Морам да споделам дека татко ми ги вика старски
Имам црни ама не се оргинал,не ми се даваат толку пари за пола метро платно и најчесто ги носам пролет и лето
Ахх, колку пати само имам прашано и секад заборавам! Колку се црни,обични,до глуждот оргинал старките во ГТЦ???
Тууу ги обожавам...уште од мала кога бев ми се омилени,знам едни трева зелени ги убив од носење И на исти вакви душата им ја имам извадено,сакам пак да си купам исти.Нема поудобно нешто за пролет/лето. http://www.modakulvar.com/etiket/conver ... -hi_17.jpg Исто и овие со лепенки ми се интересни http://www.polyvore.com/cgi/img-thing?. ... d=12996122 Тие што се ептен високите не ми прават кеиф
Јас обожавам патики Конверс.. Неодоливи ми се.. Имам: Овие што се најдесноо!! Омилени ми се А планирам да се подновам со зелени и со оние со знамето на Велика Британија
Ах ги обожавам Цело лето го поминав во нив, хахах Минатата година, конверсот сум ги носела цела година во школо, и сеуште ми траат, ништо не им е Ги обожавам црвените старки. Многу убаво стојат на нога. Башка старкиве се и ептен удобни.. Ма ги обожавам
Ax ги обожавам! Цело лето поминав со нив не сум некоја која обожава штикли ретко некоја ко мене повеќе сакам спортска облека комотна ко пиџамчиња ! Многу ги сакам зелените converse ова лето си купив куси многу ги сакам кусите! А и од кога ќе ги купам не ги перам ги сакам сокинети и извалкани! Прочитав дека стартките повеќе ги личи извалкани и сокинети па пробав и многу се поубави вака!
Значи буквално СЕКОЕ ЛЕТО одиме во Охрид со мајка ми и кпуваме старки. Едни пред две години (високи, сиви) уште ги носам, лани си купив едни на каро / црно и бело и сега традицијата ќе се расипе, ќе си купам старки бели ниски оваа недела!!!!