Најудобните? Леле мене ми се најнеудобни Ко да газам боса по земја, многу им е тенок ѓонот и плус рамен и ако пешачам подолго со нив болат нозе. Ама ги обожавам и ќе си ги носам. Споредба на пример со најк нема шанси, ја немаат таа удобност
Сакам да си купам многу ми се убави..но сега за пролет-лето дали да си земам од високите или ниските? Некако високите ми се поубави
Секој со свое мислење И јас се согласувам дека е најудобни... Отсекогаш сум имала проблем со перничето на ногата. По долго стоење во обувки ме болеше и не можев да газам дури не се измасирав. Откако се заразив со Конверсот старки и почнав да купувам ко ментална и не ги слекував од на нога, не паметам од кога ме нема заболено мене ми се стварно најудобни, значи на врвот... После следат другите
И мене, Ејми Ли. Најлесна патика. Едвај чекав да дојде пролетва за да ги ставам на нога. Прво излегување на сонце се знае со што беше. Ах, тој момент кога ги ставив после зимава, my feet had an ograsam Тој момент кога го почувствував тоа лесно, изветвено патиче на мојата нога. Најдобри се старките, душата ја даваат за тебе. Ги носиш, ги носиш додека не ти се распаднат на нога. Но, не се фрлаат. Со нив си толку поврзан така што вечно ке ти стојат така распаднати во плакар да говорат за некои места и случки, лица за кои само тие знаат. Малку забегав, но не можам да се воздржам. Најубави се!
Цените варираат во зависност од моделот, мислам дека ниските беа 2200 - па нагоре. Можеш да ги најдеш во сите продавници на Converse, најдостапна ти е онаа во Трговски.
класика ниски 2790, високи 2890 има и на попуст ниски од 1700 и нагоре, она што се нови модели со низок ѓон по 3300. Имаш и високи по 1790, 1960 и нагоре се зависно до изборот. Продавници во ГТЦ, беверли хилс и мавровка како аутлет
Јас имам 1 пар,ниски песок боја накај кафена,ги носам али многу ретко,а нови се ептен а ги имам од средно уште купено.Не ми се вклопуваат многу во мојот стил,но сите мора да имаме барем по 1 пар нели? Од респект кон класиката.Море ќе си ги најдам во плакар и утре ги облекувам.